Connect with us

коментари

Снежана Поповска, аналитичар: Глобалната економија на работ на стагнација

објавено

на

Иако слабата економската активност е распространета низ целиот свет, кај развиените земји се покажа најизразено влошување. Индексот PMI кај развиените земји падна на 49,0 кое укажува на прва контракција после повеќе од две години. Тоа укажува на зголемен ризик од влегување на рецесија кај многу од развиените земји, во услови на висока инфлација и заострена монетарна политика.

Глобалниот индекс PMI кој ја мери економската активност и насоката на трендот во производствениот и услужниот сектор, во месец јули падна за 2,7 поени и достигна најниско ниво од 50,8 после јуни 2020 година. Најновите читања укажуваат дека глобалната економија е на прагот на стагнација кое е во согласност и со годишниот реален раст на БДП од само 1,3%.

Иако слабата економската активност е распространета низ целиот свет, кај развиените земји се покажа најизразено влошување. Индексот PMI кај развиените земји падна на 49,0 кое укажува на прва контракција после повеќе од две години. Тоа укажува на зголемен ризик од влегување на рецесија кај многу од развиените земји, во услови на висока инфлација и заострена монетарна политика.  Од друга страна, за споредба индексот кај пазарите во развој беше 54,0 кое најмногу  го  одразува закрепнувањето на Кина, економските услови во Индија и Бразил, кои се покажаа изненадувачки отпорни.

Влошување на глобалната економија во наредните неколку месеци

Водечките индикатори што гледаат нанапред упатуваат на понатамошно влошување на глобалната економска активност во наредните неколку месеци.  Порастот на нови нарачки се намалија до петмесечен минимум, додека PMI output индексот кој го мери идниот економски раст падна на најниска точка од септември 2020 година. Најповолни читања има кај стапката на инфлација којашто продолжи да се движи во надолна линија како одговор на слабеење на глобалната побарувачка.

Глобалниот производствен PMI индекс падна за 1,1 поени. Додека најновото читање сè уште укажува на умерена експанзија на глобалното производство, PMI индекс сега се наоѓа малку под својот долгорочен просек од 51,5. Исто така, речиси сите компоненти и други индекси се влошија. Производството стагнираше по растот од претходниот месец кое се припишува на привременото враќање предизвикано од Кина.  Новите нарачки се намалија за прв пат од јуни 2020 година, кое е  обично состојба поврзана кога имаме глобални забавувања.

Според моделот на Нед Дејвис, нарачките за извоз се намалија  5-ти месец по ред, додека мерката за ширина падна на 27%, најниско ниво од месец јули 2020 година кое е исто така во согласност со нивните мерења за одржливи глобално забавување на економијата.  Спротивно на другите показатели, индексот за залиха порасна, при што се движи на рекордно високо ниво. Разликата помеѓу индексот на залиха и нови нарачки сега бележи читање од -2,90%, ниво кое е претходно забележано само во време на тешки глобални рецесии. Ова е последица на ефектот на bullwhip, каде претпријатијата акумулираа прекумерни залихи како одговор на недостигот. Една позитивна вест е што кај синџирот на снабдување има подобрување, што придонесува за ублажување на инфлацијата. Времето на испорака на добавувачите се издолжи со најбавно темпо од ноември 2020 година, при што речиси две третини од економиите известуваат за подобрување на условите.

Производниот сектор во ЕУ на најниско ниво од мај 2020 година

Исто така, забавен е и растот во услужниот сектор, пред се како последица на згаснување на еуфоријата од повторно отворање на Ковид и поради високата инфлација која што ги “јаде”приходите на потрошувачот. Глобалниот индекс на услуги PMI падна за 2,8 поени на најниско ниво од јануари месец, во текот на избувнување на Омикрон. Новите нарачки се движат скромно нагоре.

Глобалните ценовни притисоци продолжија да паѓаат, но историски гледано се’ уште се наоѓаат на високо ниво. Глобалниот композитен индекс на цените на влезните производи падна трет месец по ред до 67,7 и достигна петмесечен минимум. И покај тоа, тој се наоѓа уште дваесет поени нагоре над нејзиниот долгорочен просек. Од друга страна, индексот на цените на излезните производи се влоши уште повеќе, паѓајќи на 58,1, кое претставува 10-месечен минимум. Иако ова може да биде добро за крајните купувачи, ги намалува маржите на компаниите.

Растот на цените и трошоците и во услужниот и производствениот сектор се намалени. Сепак, побрзо се намалија цените во производствениот сектор отколку во услужниот, кое се должи на промена на побарувачката од страна на потрошувачите.  Индексот на цени кај развиените земји падна за осум поени, од неговото рекордно високо ниво во месец април. Единствен друг пат кога индексот толку брзо падна беше на почетокот на Ковид во 2020 година. Овие читања укажуваат дека инфлацијата ќе се намали во блиска иднина.  Исто така, растот на цените и кај земјите во развој продолжи да се намалува.

Композитниот PMI индекс на еврозоната е драстично паднат кое укажува на економска контракција. Најголем двигател за пад на економијата во еврозоната е производствениот сектор кој се наоѓа на најниско ниво од мај 2020 година. Речиси три четвртини од земјите во еврозоната пријавија пад во производството. Индексот на услуги исто така се намали но остана на ниво од кое може да очекуваме мало подобрување. Со голем дел од земјите кои се наоѓаат во негативна територија, појавата на рецесија во еврозоната претставува висока веројатност во блиска иднина.

Во САД  сликата не е поразлична. S&P Global Composite PMI индекс падна за 4,6 поени на најниско ниво од месец мај 2020 година, кое се должи на пад на економската активност и во двата сектори, услужниот и производниот. Сите овие читања укажуваат на поголемо забавување на економијата и во САД.

Авторката е технички аналитичар, CMT, CFTe

македонија15 часа ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија1 ден ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија3 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија4 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија7 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност