Connect with us

коментари

Снежана Поповска: Што значи зголемувањето на референтната стапка на ФЕД за пазарите

Снежана Поповска
CMT, CFTe, технички аналитичар

објавено

на

Пазарите реагираа позитивно на минатонеделното зголемување на основната каматна стапка за четвртина процентен поен, што го објави претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел. Сепак, поагресивен пристап на ФЕД може да го ограничи нагорниот потенцијал на акциите. Без сомнение, ФЕД внимателно ќе ја следи насоката на цените на суровините и инфлацијата.

Снежана Поповска
CMT, CFTe, технички аналитичар

За прв пат во повеќе од три години, претставниците на Федералниот комитет за отворен пазар (FOMC) во средата, 16 март,  одобрија зголемување на каматната  стапка  за четвртина процентен поен.

Зголемувањето на стапката овој месец е првото зголемување на стапката на ФЕД од декември 2018 година. Каматните стапки од почетокот на пандемијата беа блиски до нула, но тие стапки сега ќе забележат зголемувања помеѓу 0,25%-0,50%.

За време на прес-конференцијата на претседателот на ФЕД, Џером Пауел, тој изјави дека секој од преостанатите шест состаноци на FOMC за годината може да претставува опција  да се подигнат стапките најмалку на нивоа пред пандемијата. Според новите проекции, тоа би ја довело стапката на ФЕД на 1,875% до крајот на годината и до 2,75% до крајот на 2023 година.

Потегот да се доведат каматните стапки во опсег од 0,25% до 0,5% се случува кога САД се соочуваат со највисоко ниво на инфлација во последните четири децении, поради нерамнотежата на понудата и побарувачката поврзани со пандемијата, повисоките цени на енергетските стоки и пошироките ценовни притисоци. Понатаму, забележаа дека руската инвазија на Украина, иако предизвикува „огромни човечки и економски тешкотии“, исто така, веројатно ќе создаде „дополнителен нагорен притисок врз инфлацијата и ќе влијае на економската активност“. Покрај зголемувањето на каматните стапки, ФЕД предвидува и намалување на билансот од 9 трилиони долари.

Пазарите реагираа позитивно на минатонеделното зголемување на стапката. Сепак, поагресивен пристап на ФЕД може да го ограничи нагорниот потенцијал на акциите. Без сомнение, ФЕД внимателно ќе ја следи насоката на цените на суровините и инфлацијата. Да видиме што ни кажуваат графиконите.

S&P 500 SPDR (SPY) се зголеми за 5,77% од вторник до четврток и ова беше најголемиот 3-дневен после порастот од 6,07% на 5 ноември 2020 година. Сегашниот пораст покажува сериозна краткорочна сила, но има некои клучни разлики помеѓу порастот сега и тој во ноември 2020 година.

Графикон1 Извор: Stockcharts
На графиконот горе  е претставен берзанскиот индекс S&P 500. Во периодот од септември до октомври 2020 година, можеме да забележиме дека индексот постигнува 6% пораст во три последователни денови, но тогаш имавме долгорочен нагорен тренд и индексот се наоѓаше над неговите 200-дневни подвижни просеци. Сега, ако го погледнеме индексот во март 2022 година, ќе забележиме дека имаме повторно 3-дневен пораст од 5,77%, но  индексот се наоѓа под неговиот 200 дневен подвижен просек и долгорочниот тренд е се’ уште во опаѓање. Потребно е да видиме значаен пробив над црвената линија пред да донесеме заклучок дека „мечкиниот пазар“е завршен.

Мечкин или биков пазар: дали ќе се повтори историјата?

На графиконот бр.1  е претставен берзанскиот индекс S&P 500. Во периодот од септември до октомври 2020 година, можеме да забележиме дека индексот постигнува 6% пораст во три последователни денови, но тогаш имавме долгорочен нагорен тренд и индексот се наоѓаше над неговите 200-дневни подвижни просеци. Сега, ако го погледнеме индексот во март 2022 година, ќе забележиме дека имаме повторно 3-дневен пораст од 5,77%, но  индексот се наоѓа под неговиот 200 дневен подвижен просек и долгорочниот тренд е се’ уште во опаѓање. Потребно е да видиме значаен пробив над црвената линија пред да донесеме заклучок дека „мечкиниот пазар“ (тренд на надолно движење на цените на акциите, н.з.) е завршен.

Дополнително, за да ја потврдиме нашата анализа дека може да очекуваме нови издигнувања кај берзанскиот индекс, тоа што сакаме да видиме подобрување на ширината на пазарниот индекс. Ширината се однесува на тоа колку акции учествуваат во даден потег на индексот. Анализите покажуваат дека бројките за ширина се подобруваат.

Во петокот минатата седмица  забележавме дека над 90% од акциите на S&P500 се тргуваа над нивните 10-дневни подвижни просеци. Според Ed Clissold од NDR, за период од 1980 година до сега, нивната  анализа укажува дека кога имало вакви читања на индикаторот, една година подоцна перформансите на индексот S&P 500 биле повисоки во 35 случаи од вкупно 36.

Графикон2
Друга интересна анализа ни доаѓа од Ryan Detrick. Неговата анализа покажува дека берзанскиот индекс имал  4 последователни дена од најмалку 1% пораст само 4 пати од своето формирање до сега. Според анализата, кога имало ваков 4-дневен пораст на индексот, една година подоцна тој растел за повеќе од 20%, или просечна добивка од 28%. Ова е интересен податок, кој може да претставува сигнал за нагорен тренд на индексот. Останува да видиме дали историјата ќе се повтори.

Едно нешто што можеме да заклучиме е дека кога имаме позитивни читања на индикаторите за ширина, од искуство можеме да кажеме дека тоа е доказ за започнување на нови нагорни трендови, почеток на „биков пазар“ (тренд на нагорно движење на цените на акциите, н.з.).

Друга интересна анализа ни доаѓа од Ryan Detrick. Неговата анализа покажува дека берзанскиот индекс имал  4 последователни дена од најмалку 1% пораст само 4 пати од своето формирање до сега (види Графикон 2). Според анализата, кога имало ваков 4-дневен пораст на индексот, една година подоцна тој растел за повеќе од 20%, или просечна добивка од 28%. Ова е интересен податок, кој може да претставува сигнал за нагорен тренд на индексот. Останува да видиме дали историјата ќе се повтори.

Во меѓувреме, оваа недела продолжуваме да следиме како пазарите ќе реагираат на влошена пандемиска ситуација во Кина и продолжување на војната во Украина.

економија1 ден ago

Осигурениците најчесто се жалат на рокот во кој компаниите ги решаваат штетите

менаџмент / маркетинг1 ден ago

M6 Едукативен центар стана официјален партнер на Адижес Институтот од Калифорнија

македонија2 дена ago

Големо отворање на H&M продавницата во Ист Гејт Мол на 18-ти август

македонија2 дена ago

Државата ќе штеди струја – донесени задолжителни мерки за институциите, за домаќинствата и компаниите само препораки

банки3 дена ago

НЛБ Банка Скопје по шести пат прогласена за најдобра банка во Македонија според „EMEA Finance“

економија3 дена ago

Венера Крлиу – Ханџиски, Ѓорѓе Војновиќ и Радош Вукичевиќ се нови членови на Одборот на директори на Македонија 2025

македонија4 дена ago

H&M ќе открие мурал во Скопје, којшто истовремено го прочистува и воздухот

регион4 дена ago

Косово почнува со рестрикции на струја, нема пари за скапиот увоз

економија5 дена ago

Поставен камен-темелникот на фабриката за електрични возила во Тетово

банки6 дена ago

ПроКредит – прва банка во земјата која воведува флексибилност за работа од дома за своите вработени

економија5 дена ago

Поставен камен-темелникот на фабриката за електрични возила во Тетово

банки6 дена ago

ПроКредит – прва банка во земјата која воведува флексибилност за работа од дома за своите вработени

македонија2 дена ago

Големо отворање на H&M продавницата во Ист Гејт Мол на 18-ти август

регион4 дена ago

Косово почнува со рестрикции на струја, нема пари за скапиот увоз

македонија4 дена ago

H&M ќе открие мурал во Скопје, којшто истовремено го прочистува и воздухот

македонија2 дена ago

Државата ќе штеди струја – донесени задолжителни мерки за институциите, за домаќинствата и компаниите само препораки

економија3 дена ago

Венера Крлиу – Ханџиски, Ѓорѓе Војновиќ и Радош Вукичевиќ се нови членови на Одборот на директори на Македонија 2025

банки3 дена ago

НЛБ Банка Скопје по шести пат прогласена за најдобра банка во Македонија според „EMEA Finance“

менаџмент / маркетинг1 ден ago

M6 Едукативен центар стана официјален партнер на Адижес Институтот од Калифорнија

економија1 ден ago

Осигурениците најчесто се жалат на рокот во кој компаниите ги решаваат штетите