Connect with us

економија

Снежана Савиќ – Димовска е нов директор за корпоративни политики и одржливост во Пивара Скопје

објавено

на

Снежана се приклучи на Пивара Скопје во 2017-та година, а досега работеше на позицијата Директор на секторот за правни работи.

Снежана Савиќ – Димовска ќе биде нов директор на Секторот за корпоративни политики и одржливост во Пивара Скопје, соопштија денеска од компанијата. Таа доаѓа на местото на Ламбро Патче.

„Снежана се приклучи на Пивара Скопје во 2017-та година, а досега работеше на позицијата Директор на секторот за правни работи. Нејзин личен печат во работењето е водење на сите правни приоритети и проекти со висока продуктивност и меѓусекторска соработка. Нејзиното досегашно искуство и знаење ќе придонесат во нашите континуирани напори да ги зајакнеме односите со нашите соработници и да се осигуриме дека одржливоста и корпоративните практики се втемелени во вредностите кои колективно ги делиме.“, велат од Пивара Скопје.

Ова е втора промена во топ менаџерските позиции на Пивара Скопје во последниве месец и половина, откако на местото генерален директор дојде Душан Митрев, прв Македонец што ја води компанијата после две децении.

економија5 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки23 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас