Connect with us

политика

Собранието ја констатираше оставката на Заев, цела влада е во оставка

објавено

на

После 4,5 години на чело на извршната власт, Зоран Заев си замина од функцијата премиер. Според член 90 од Уставот, претседателот на државата е должен во рок од десет дена да го довери мандатот за состав на Влада на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. 

Собранието ја констатираше оставката на премиерот Зоран Заев, со што во оставка е и целата влада. Владата останува на должност до изборот на нова влада. И покрај инсистирањето на опозицијата, која имаше забелешка дека досега имало само осум седници за пратенички прашања, не се одржа закажаната седница на која пратениците требаше да им поставуваат прашања на членовите на Владата. 

„Владата е во оставка, течат уставните рокови за избор на нова Влада“, вели собранискиот спикер Талат Џафери. Според него, никогаш не се случило на влада која дала оставка да и се поставуваат прашања. 

Зоран Заев вчера и формално се повлече од премиерската фунција, па неговата оставка само беше констатирана на почетокот на седницата, откако тој соопшти дека нема усно да ја образложи пред пратениците. 

Според Џафери, актуелната Влада останува на должност до изборот на новата влада, но само на техничко ниво. Дотогаш нема да има нови седници, затоа што владата во оставка не би требало да предлага закони. 

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјаноска, вчера изјави дека е крајно невообичаено на седница за пратенички прашања да се констатира оставка и да им се оневозможи на пратениците да им поставуваат прашања на министрите. Според неа, во Уставот постои термин „влада во оставка“, која одговара пред парламентот. 

Откако ќе биде констатирана оставката, почнуваат да течат роковите за дејствијата што треба да се преземат за избор на нова влада. 

Според член 90 од Уставот, претседателот на државата е должен во рок од десет дена да го довери мандатот за состав на Влада на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. 

Зоран Заев во пишаната оставка до Џафери наведе дека ваквата одлука ја презел како логичен чекор кој произлегува од исходот на локалните избори и како израз на преземената одговорност за изборните резултати.

македонија2 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија3 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија3 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија4 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија4 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки4 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија4 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија5 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет6 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија1 недела ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

економија3 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

свет6 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Одговорност за одржливост