Connect with us

start up

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

објавено

на

Соработката се очекува да донесе поголема едукација, но и бизнис поддршка за младите бизниси, преку споделување на искуствата, мрежата и знаењето на Македонски Телеком.

Македонски Телеком и Стартап Македонија официјално го најавија своето партнерствo, коешто има за цел да ја зајакне и продлабочи соработката помеѓу стартап заедницата и корпоративниот сектор.

Главната цел на ова партнерство е да понуди повеќе можности за развој и поддршка на претприемништвото преку взаемна соработка и интеграција во бизнис секторот. Соработката се очекува да донесе поголема едукација, но и бизнис поддршка за младите бизниси, преку споделување на искуствата, мрежата и знаењето на Македонски Телеком.

Организацијата Стартап Македонија речиси цели пет години на стартапите во нашата земја им овозможува помош и платформа за да го остварат својот потенцијал, преку создавање поврзан екосистем којшто има за цел да го поттикне развојот на овие нови бизниси. Низ соработка со повеќе партнери, таа им овозможува на стартап компаниите да го валидираат и надградат своето работење, да се стекнат со вештини и да го најдат своето место во домашната бизнис сфера.

Македонски Телеком веќе ја започна акцијата за модернизација на начинот на кој живееме преку креирање на 5g мрежи и подлога за паметни градови на која стартапите ќе можат да понудат нови решенија за локалниот пазар и тестирање за интернационализација преку глобалната мрежа на Телеком. Исто така, годинава спроведе истражување за дигитална зрелост на малите и средни компании, со цел да им се помогне на овие бизниси успешно да се дигитализираат.

Улогата на Македонски Телеком во ова партнерство е да ѝ понуди можност на стартап заедницата да се вклучи во програми за менторство, но истовремено и со компаниите да размени значајни претприемнички искуства и да понуди уникатна можност за пристап до пазарот преку користење и понуда на услугите на Телеком. Од компанијата сметаат дека ентузијазмот и енергијата на стартап заедницата, споени со искуството и професионалноста на Телеком, ќе создадат бројни можности за потенцирање на дигитализацијата како следен чекор во технолошката револуција, преку ставање на технологијата во функција на општеството. 

Во фокусот на ова партнерство е поттикнување и развој на областите коишто се од заеднички интерес, со крајна цел создавање подобри услови за стартап заедницата во иднина. Преку размена на знаења и меѓусебна соработка, Македонски Телеком и Стартап Македонија ќе им дадат можност на стартап компаниите да го започнат својот бизнис и да ги откријат своите силни страни со цел подобро да се позиционираат на пазарот.

Корпорациите кои се заинтересирани да се приклучат и да станат дел од програмата Corporate Innovation Collaborators во соработка со Стартап Македонија можат да добијат повеќе информации на со испраќање маил на info@startupmacedonia.mk .

свет9 часа ago

Русија ги прекинува дипломатските односи со НАТО

свет9 часа ago

Почина Колин Пауел, првиот афроамериканец државен секретар на САД

македонија14 часа ago

Арсовска води пред Шилегов во Скопје со 4.000 разлика, после 80% пребројани гласови

македонија23 часа ago

Заев најави повеќе градоначалници одошто опозицијата, Мицкоски веќе прогласи победа на локалните

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

економија3 дена ago

Средба Народна банка – ММФ: Повисоката инфлација во Македонија е резултат на глобални притисоци

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

македонија4 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

македонија4 дена ago

Димитров од Самитот на The Economist: ЕУ и Бугарија да покажат одговорност и лидерство

македонија4 дена ago

Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

македонија6 дена ago

Заев ја најави досега најголемата инвестиција во земјава: германската WPD ќе гради ветропарк од 500 милиони евра

регион5 дена ago

Немири на северот во Косово, Србин тешко повреден

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

lifestyle6 дена ago

„Божиновски“ го донесе часовникот на Џејмс Бонд во својот новодизајниран салон

македонија6 дена ago

Утре во Скопје се одржува „Самитот на Западен Балкан“ организиран од лондонски The Economist

македонија6 дена ago

Струјата за домаќинства со иста цена до крајот на годинава

македонија4 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

свет7 дена ago

Директорката на ММФ, Георгиева, го „преживеа“ скандалот со Дуинг Бизнис

македонија5 дена ago

Јошка Фишер од Самитот во Скопје: Западен Балкан припаѓа на Европа, не ги отворајте вратите за играчи како Кина