Connect with us

економија

Со АмЧам на Тема: Корпоративната грижа за општествените прашања претставена преку ESG

објавено

на

Корпоративната грижа за општествените прашања претставена преку ESG се однесува на тоа како компанијата влијае врз, и управува со, односите со своите вработени, потрошувачи, добавувачи, но и, генерално, на опкружувањето во коешто делува.

Автор на текстот е АмЧам Комитетот за ESG

Во услови на подолг и непрекинат период на нестабилност и несигурност како резултат на континуираните кризи со кои што се соочуваме изминатите неколку години, претставува огромен предизвик да се дефинираат приоритети, но и да се задржи фокусот во решавање на клучните проблеми. Ефектите и последиците од секоја криза се засилуваат, а листата на приоритети се менува постојано. Меѓутоа, кога носителите на јавни политики беа ставени во ситуација да донесуваат одлуки каде едниот избор вклучуваше грижа за што е можно повеќе човечки животи, стана евидентно значењето, но и потребата за зголемена грижа за општествените прашања. Од друга страна, имајќи го предвид, веќе потврденото, силно влијание што овие општествените прашања го имаат врз целокупното функционирање на општествено живеење, јасно е дека грижата за овие прашања не може да се оствари без колективна акција, а тука особено е значајна и корпоративната грижа.

Стратегиската заложба за унапредување на општествените прашања веќе се интегрира во фокусот на корпоративните агенди, особено од страна на големите корпорации. Дека позитивните практики во таа насока ќе продолжат, сигнализира и засилената примена на ESG (Environmental, Social and Governance) концептот. Овој концепт овозможува да се обезбеди кохезивен пристап при креирање на корпоративна стратегија за одржливост. Во зависност од вредностите, потребите и очекувањата на клучните засегнати страни и деловниот модел, ESG концептот ги адресира и интегрира факторите поврзани со животната средина, општествените прашања и управувањето во процесите на донесување на одлуки.

Корпоративната грижа за општествените прашања претставена преку ESG се однесува на тоа како компанијата влијае врз, и управува со, односите со своите вработени, потрошувачи, добавувачи, но и, генерално, на опкружувањето во коешто делува. Централното прашање се луѓето, како од аспект на нејзините директни операции, што го вклучува управувањето со својот човечки капитал и своите производи и услуги, така и од аспект на индиректните операции, што го вклучува разгледувањето на социјалните политики и практики низ целиот синџир на снабдување, како и корпоративната општествена одговорност. Како резултат на тоа, целите се во насока на унапредување на работната средина за вработените и нивните вештини, заштита на човековите права, вклучително и борба против модерното ропство и детскиот труд, како и активно учество и соработка со членовите во заедницата при решавање на прашања што влијаат на нивната благосостојба.

Мерење на индикатори

За да може успешно да се остварат овие цели, компаниите воспоставуваат индикатори, чија крајна цел е преку нивно мерење и следење да се унапредат активностите во насока на градење силни општества. Дел од овие индикатори вклучуваат број на нови вработувања, обрт на вработени, процент на вработени кои имаат пристап до информација за кариерен развој, просечен број на часови тренинг по вработен, вкупно часови на волонтерство од страна на вработените, вкупен број на корисници кои имале придобивка од проект или кампања, број на извршени бесплатни услуги или услуги со драстично намалени цени, износ на дадени донации во општеството, како и број на добавувачи кои што се обврзале дека ќе почитуваат одреден кодекс на деловно однесување. Исто така, индикаторите во делот на општествените прашања вклучуваат мерење на податоци поврзани со повредите на работно место, промовирање и унапредување на грижата за здравјето на вработените, половата еднаквост и разновидност.

Сепак, мерењето на овие индикатори со цел да се утврди социјалното влијание на корпоративните активности, има и свои предизвици. Впрочем, преовладува ставот дека кога станува збор за ESG известувањето, општествените прашања е најтешко да се измерат. Имено, покрај стандардните предизвици поврзани со ESG известувањето, комплексноста кај општествените прашања произлегува особено од предизвикот за дефинирање на општоприфатени и унифицирани стандарди за мерење на социјалното влијание. Дополнителен предизвик е и обезбедувањето на вклученост во процесите од страна на засегнатите страни во синџирот на снабдување. Меѓутоа, колку и да е сложено, не е невозможно. Впрочем, многу компании проактивно ги имплементираат факторите поврзани со општествените прашања во нивните стратегии и процеси на одлучување мотивирани од вредноста што се создава како резултат на истото.

Создавање отпорност и превенција на одредени ризици

Покрај зголемување на деловните можности и подобрување на продуктивноста на вработените, како и градење на моќен и доверлив корпоративен бренд што се препознава од сите засегнати страни, грижата за општествените прашања е особено значајна и за создавање отпорност и превенција на одредени ризици. На пример, грижата за вработените и потрошувачите го минимизира ризикот од работни штрајкови или протести на потрошувачите кои што можат сериозно да влијаат на профитабилноста и угледот. Политиките поврзани со синџирите на снабдување може да ја минимизираат изложеноста на различни конфликти и кризи, а со тоа да придонесат кон поголема стабилност во работењето.

Дел од корпоративни практики што ги спроведуваат компаниите коишто се дел на Комитетот за ESG во рамки на Американската стопанска комора во Северна Македонија поврзани со општествените прашања вклучуваат различни иницијативи за едукација на млади, грижа за ранливите и повозрасните категории на население, изградба на модели за активно учество на компаниите во решавање на социјални прашања, како и поддршка на културни и спортски настани и активности кои се од јавен интерес. Исто така, во однос на грижата за сопствените вработени, се остваруваат активности за подобрување на нивното физичко и ментално здравје, како и создавање на можности за унапредување на нивните вештини. Активностите во синџирот на снабдување, вообичаено, вклучуваат изработка и дистрибуција на кодекс на однесување за добавувачи преку кој што се обезбедува придружување кон ESG стандардите во деловно работење.


економија2 часа ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 часа ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 часа ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 часа ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 ден ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет2 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија4 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју5 дена ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

интервју5 дена ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

македонија1 недела ago

Избрани најдобрите е-трговци во Македонија во повеќе категории

технологии / компании1 недела ago

Ред Бул шкртачки настан во живо со Бреинстер и Бреинстер Некст колеџ -патување во Амстердам и ваучери за учење дизајн за најдобрите

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју5 дена ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју5 дена ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија5 дена ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Одговорност за одржливост

македонија5 дена ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Инженерот Маркоски од БРАКО на форум за електрификација и батерии во Дизелдорф говореше за искуството од развивањето на водороден погон кај возилата