Connect with us

економија

Со АмЧам на тема…Пристап до заштита на интелектуална сопственост за мали и средни претпријатија

објавено

на

Фото: Fauxels via Pexels.com

Иако патот на заштита на интелектуалната сопственост на малите и средни претпријатија може да биде нејасен и полн со предизвици, како високи трошоци, сложеност на постапките, потребно време и пoтешкотии со спроведување на заштитата на овие права, сепак со правилен пристап и правилен совет од застапник за заштита на интелектуална сопственост, сите овие предизвици може да се надминат и да се искористи полниот потенцијал на интелектуалната сопственост на едно претпријатие и придобивките кои оваа заштита ги носи.

Автор:

Јана Дуковска Деспотовска
Член на работната група за права од интелектуална сопственост при АмЧам и Партнер во Адвокатско друштво Поповски и Партнери

Значењето на малите и средните претпријатија во националните економии и нивниот развој е несомнено важно. Тие го сочинуваат најголемиот дел од бизнис секторот во секоја економија и затоа секоја држава е насочена кон нивен развој и поддршка. Според Светската трговска организација, малите и средни претпријатија сочинуваат над 90% од бизнисите и обезбедуваат 60-70% од работните места  во развиените економии.

Малите и средни претпријатија се централна нишка за развој на иновациите, затоа што се лесно прилагодливи на новите трендови и промени во општеството. Основното прашање е како да се поттикне нивниот успех и да се помогне нивниот непречен развој.

Зошто е важна интелектуалната сопственост за малите и средни претпријатија?

Интелектуалната сопственост е една од основните алатки кои на претпријатието му даваат предност пред конкуренцијата, која се движи од заштита на позицијата на пазарот на едно претпријатие, остварување на приход од заштитените права, како и поттикнување  иновации и зголемување на лојалноста на корисниците на соодветните производи и услуги на тоа претпријатие.

Понатаму, заштитата на интелектуалната сопственост придонесува и за привлекување инвестиции, односно зголемување на атрактивноста на едно претпријатие преку добро управувано портфолио на интелектуална сопственост, како и полесен пристап до нови пазари и проширување на работењето.

Сепак, иако заштитата на интелектуалната сопственост можеби звучи како едноставен чекор, тоа не е едноставно дејствие, бидејќи многу често во праксата постојат ситуации кои бараат комплексен пристап за ефективна заштита на интелектуалната сопственост на компаниите.

Како да се подобри пристапот до заштита на правата од интелектуална сопственост за малите и средните претпријатија?

Основно прашање кое се поставува е кои се чекорите кои треба да ги преземат малите и средни претпријатија во правец на заштита и максимизација на придобивките на нивните права од интелектуална сопственост.

Во оваа насока, еден од најважните чекори е да се подигне нивото на свесност на малите и средни претпријатија за начинот и можностите за заштита на нивната интелектуална сопственост, како важен дел од нивниот имот. На компаниите им стојат на располагање бројни механизми за заштита на нивната интелектуална сопственост, како важен инструмент за зголемување на нивниот  имот.

За да го развијат и искористат придонесот од своите права од интелектуална сопственост, основно е компаниите да развијат правилен пристап и опции за нивна заштита, односно првенствено треба да развијат јасна стратегија, како основен предуслов за поддршка на успешна соработка, комерцијализација и други придобивки за развој на нивното работење. Стратегијата мора да биде насочена и усогласена со деловното работење и бизнис целите на претпријатието. Па оттука, во ваквата стратегија пред се треба јасно да биде идентификувана интелектуалната сопственост на претпријатието, вредноста како и најдобрите и нејефективните начини за заштита и материјализација на овие права.     

Во многу ситуации во праксата, правата од интелектуалната сопственост во широка смисла на нејзиното значење (авторски права, патенти, трговски марки, дизајни, трговски тајни, know-how и сл.) не се производ само на работењето на една компанија, туку произлегуваат од соработка меѓу повеќе ентитети, вклучително и државни органи, агенции, универзитети и други компании. Во вакви ситуции, кога интелектуалната сопственост е резултат на заеднички напори на повеќе од еден субјект, неопходно е да се креираат договори што јасно и недвосмислено ќе одредуваат кој ќе биде носител на правата, кој и под кои услови ќе може да ги користи и т.н.

Овие чекори ќе имаат ефект и ќе се реализираат успешно само доколку претпријатијата ја развиваат свеста за значењето на заштитата на своите права, ги  поттикнуваат вработените не само да бидат креативни и да создаваат интелектуална сопственост во рамки на своето работење, туку и да ги заштитат своите креативни творби со механизмите кои ги нуди   системот. 

Во правец на остварување на горенаведеното, многу важен чекор е да се побара совет од застапник за заштита на интелектуална сопственост, односно од стручно лице кое ќе може на претпријатието да му го даде вистинскиот совет, да го води по комплексниот пат на заштита на неговите права од интелектуална сопственост.

Секако, заради што поуспешна реализација на овие чекори, секое претпријатие треба да се грижи и за правилно управување со своето портфолио на заштитени права од интелектуална сопственост. Тоа подразбира дека претпријатието треба постојано да го ревидира и надградува своето портфолио за да биде постојано усогласено со деловната стратегија на претпријатието и во тек со развојот на технологијата. Понатаму, треба својата интелектуална сопственост ефективно да ја заштитува од секоја евентуална повреда и недозволена употреба, а во правец на заштита на своите инвестиции и углед. Исто така,  заштитените права треба да се користат, односно материјализираат преку комерцијализација на производите, лиценцирање на други субјекти и/или франшиза, за  да му носат приход на претпријатието.     

Иако патот на заштита на интелектуалната сопственост на малите и средни претпријатија може да биде нејасен и полн со предизвици, како високи трошоци, сложеност на постапките, потребно време и пoтешкотии со спроведување на заштитата на овие права, сепак со правилен пристап и правилен совет од застапник за заштита на интелектуална сопственост, сите овие предизвици може да се надминат и да се искористи полниот потенцијал на интелектуалната сопственост на едно претпријатие и придобивките кои оваа заштита ги носи.

македонија1 ден ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија5 дена ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија5 дена ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки6 дена ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија6 дена ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју1 недела ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија1 недела ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“

економија2 недели ago

Почна проектот „Бизнис лидер“ – нова, иновативна платформа за вмрежување на најдобрите од македонскиот деловен свет

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци