Connect with us

коментари

Со АмЧам на тема…1-ви јануари 2023 носи нови обврски за локалните компании кои се директно или индиректно поврзани со големите компании кои работат во Германија

објавено

на

Германија, eден од клучните трговски партнери на Република Северна Македонија, донесе нов Закон за длабинска анализа на ланецот на добавувачи.  Со овој закон ќе се бара од засегнатите компании да ги идентификуваат и превенираат негативните влијанија врз животната средина и човековите права, кои произлегуваат, нè само од нивните деловни активности, туку и од деловните активности на сите компании со кои соработуваат, односно на компаниите кои влегуваат во нивниот ланец на добавувачи.

Автор на текстот: Ана Павловска
Адвокат во Адвокатско друштво ‘Папазоски и Мишев’, независно адвокатско друштво во соработка со PwC
Член во ESG Комитетот на АмЧам

Додека Европската Унија сè уште е во фаза на разгледување на предлог – Директивата за длабинска анализа на корпоративна одржливост, Германија, како еден од клучните трговски партнери на Република Северна Македонија, отиде чекор понапред и донесе нов Закон за длабинска анализа на ланецот на добавувачи.  Со овој закон ќе се бара од засегнатите компании да ги идентификуваат и превенираат негативните влијанија врз животната средина и човековите права, кои произлегуваат, нè само од нивните деловни активности, туку и од деловните активности на сите компании со кои соработуваат, односно на компаниите кои влегуваат во нивниот ланец на добавувачи.

Овој закон ќе започне да се применува од 1-ви јануари 2023 година за сите компании чие седиште се наоѓа во Германија или пак имаат деловно присуство во Германија преку деловни подружници. Притоа, треба да имаат вработено најмалку 3.000 вработени лица, праг кој ќе се намали од 1-ви јануари 2024 година и ќе изнесува најмалку 1.000 вработени лица.

Имено, новиот закон наложува обврска за засегнатите компании, врз основа на воспоставен систем за менаџирање на ризиците во согласност со Водечките принципи на Обединети Нации за бизнис и човекови права, да вршат континуирана анализа и превенирање на било какви прекршувања од страна на нивните деловни соработници во однос на:

  1.  Човекови права, и тоа пред сè на забраните за:
    -незаконски форми на присилно работење, вклучувајќи работа од страна на деца, робување и слични практики;
    -занемарување на обврските во врска со безбедност и здравје при работа;
    -занемарување на слободата за здружување;
  2.  Животната средина, и тоа пред сè на:
    -забрана за предизвикување на штета или загадување на почва, вода или воздух и
    -забрани и обврски предвидени со локална законска регулатива кои ја регулира животната средина.

Што всушност ќе значи ова за македонските друштва кои соработуваат со компании за кои што ќе се применува овој закон и какви дополнителни обврски треба да очекуваат, почнувајќи од нова година?

Наметнувањето на обврските врз македонските друштва ќе доаѓа од засегнатите компании со кои соработуваат. Ова доаѓа од едноставна причина што неусогласеноста со овој закон за засегнатите компании ќе претставува ризик да бидат казнети со парични казни кои законот ги предвидува како процент од годишните приходи или пак како фиксни износи кои може да достигнат и до 8.000.000 евра. Оттука, лесно може да се заклучи дека доколку засегнатата компанија не успее да демонстрира дека соработува со деловни партнери кои се усогласени со горенаведените принципи, тоа би можело да значи и потенцијално раскинување на деловната соработка со таквиот деловен партнер.

Затоа засегнатите компании се очекува дека ќе бараат од своите деловни партнери во Северна Македонија, да:

  • Потпишат ажурирани договори за соработка, кои задолжително ќе вклучуваат обврски за усогласување на работењето по правила утврдени во кодексите на однесување на германските компании (а кои ќе бидат во целост усогласени со горенаведените принципи);
  • Обезбедат докази за усогласеност од аспект на почитување и заштита на човековите права како и усогласеност со законските обврските за заштита на животната средина;
  • Бидат спремни и отворени за повремени ревизии на нивното работење;
  • Воспостават процедура за пријавување на било какви прекршувања и заштита на укажувачите за пријавени прекршувања;
  • Континуирано да пополнуваат прашалници за сопствена проценка на усогласеност.

Важна перспектива која во ниту еден случај не треба да се занемари, е дека засегнатите компании ќе треба да обрнат внимание не само на однесувањето на своите деловни партнери, туку и на оние ентитети со кои нивните деловните партнери соработуваат – или така наречените индиректни деловни партнери.

Па така, за да можат засегнатите македонските друштва, да се спремат за овие обврски, ќе треба:

  • Да извршат ревизија на сопствените политики преку кои демонстрираат усогласеност со човековите права и законските обврските за заштита на животната средина, а доколку немаат да ги усвојат како такви;
  • Да преземат чекори за елиминирање или минимизирање на било какви ризици од прекршувања, доколку такви ризици постојат;
  • Да ги проверат и потврдат деловните соработници и односи во сопствениот ланец на добавувачи од аспект на нивна усогласеност со човековите права и законските обврските за заштита на животната средина.

Оттука, главниот предизвик кај приватниот сектор ќе биде да демонстрира дека во пракса ги почитува како воспоставените локалните законски норми, така и нормите кои произлегуваат од меѓународната заедница, кои сега веќе се претопуваат и во законска обврска за засегнатите германски компании. Додека, иако Северна Македонија има поставено законска регулатива која ги регулира и штити човековите права и животната средина, за државата останува предизвикот за натамошно усогласување со правото на Европската Унија (EU acquis), како и со меѓународните рамки поставени од Обединетите Нации.

Исто така, фактот што, овој закон доаѓа како новина од Германија и регулира прашања за човекови права и животна средина што се во целост опфатени и усогласени со ЕСГ (Environmental, Social and Governance)  концептот, е јасна индикација дека ЕСГ концептот добива зацврстена законска рамка, која македонските друштва треба да ја очекуваат не само од ЕУ регулативата, туку етапно и од поединечни држави. Оттука, суштинскиот чекор кој треба да го преземе секое засегнато македонско друштво, е поставување на стандарди на однесување преку усвојување на целисходни и холистички внатрешни политики и имплементација на механизми со кои ќе се мониторира спроведувањето на соодветните внатрешни политики.

Како заклучок на горенаведеното, за едно засегнато македонско друштвото да се смета дека е усогласено со новиот германски закон, како и со претстојната ЕСГ регулатива на ЕУ, треба да размислува да ги преземе следните активности:

  • Да спроведе ГАП анализа врз постоечките политики со дијагностицирање на постојните процедури поврзани со спречување, минимизирање или елиминирање на заканите за прекршување на обврските поврзани со човековите права или заштитата на животната средина. Притоа, земајќи ги предвид обврските за длабинска анализа, меѓународните прописи на кои реферира новиот закон како што се Водечките принципи на Обединети Нации за бизнис и човекови права, корпоративните политики на германската компанија со која соработува, како и локалните закони и најдобрите практики во индустријата во која дејствува;
  • Во зависност од резултатите од ГАП анализата, да преземе активности за усогласување, вклучително и подготовка на нови или дополнителни процедури, промени во постоечките процедури итн;
  • Континуирано да го гради капацитетот во својата корпоративна структура, вклучувајќи обука и развој за етичка трговија, човекови права, родова еднаквост, елиминирање на форми на модерно ропство, создавање механизми за поплаки и модели за претставување на работниците преку синдикални организации.

Меѓутоа, имајќи ја предвид претстојната ЕСГ регулатива на ЕУ, како и законските регулативи од поединечните држави, препораката за секое македонско друштво е навремено да размислува во насока на целосно ЕСГ усогласување за да може да се декларира како одржливо и да ги исполнува законските стандарди. Ова, со единствена цел да превенира дополнителни финансиски оптоварувања, репутациски ризици или потенцијални закани од намалување, односно губење на своето деловно присуство или соработка со странските пазарите во догледно време.

економија14 часа ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор