Connect with us

македонија

Со АмЧам на темa: Правата на интелектуална сопственост и Целите за одржлив развој

Градење заедничка иднина со помош на креативност и иновации

објавено

на

Автор:
Работна група за права од интелектуална сопственост при Американската стопанска комора во Република Северна Македонија

Светот го движат напред креативните идеи кои нудат решенија на различните проблеми со кои се соочуваме како поединци, групи или како општество. Почнувајќи од едноставните камени орудија, преку парната машина, до комплексни модели на интернет на нештата, иновациите ги поместуваат границите на она што дотогаш се сметало за реалност и, на тој начин, го олеснуваат нашиот живот и ни помагаат да го подобриме светот во кој живееме.

Сепак, за да дојде до иновации и други творби на човечкиот ум, како што се индустриските дизајни, трговските марки, компјутерските програми, романите, филмовите, песните и слично, креативноста и вештините на иноваторот или авторот не се единствените услови коишто треба да се исполнат. Напротив, потребно е да постои и соодветен механизам кој ќе го поттикне креативниот процес и ќе го поддржи ризикот поврзан со истражување нови, непознати области.

Ваков механизам е всушност системот на правата од интелектуална сопственост. Неговата улога е да обезбеди баланс помеѓу правото на иноваторот и јавниот интерес, односно, од една страна, да им гарантира на иноваторите дека нивната заслуга за конкретниот пронајдок ќе биде признаена и дека ќе добијат соодветна материјална корист за резултатите од нивниот труд, но, од друга страна, ќе овозможи и пристап до придобивките од пронајдоците за пошироката заедница, под разумни услови.

Со слична цел како и иновациите, односно за справување со предизвиците со кои се соочува општеството, во 2015 година, земјите-членки на Обединетите нации, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија, ги усвоија Целите за одржлив развој (ЦОР), како дел од Агендата за одржлив развој 2030. ЦОР претставуваат сет од 17, меѓусебно поврзани и меѓузависни цели насочени кон подобрување на животниот стандард на луѓето и елиминирање на сиромаштијата, зачувување на планетата Земја и биодиверзитетот, одржлива економија и т.н.(преглед на сите ЦОР е даден во рамката во прилог на овој текст).

Улогата на интелектуалната сопственост во остварување на ЦОР

Правото на интелектуална сопственост може да одигра клучна улога во процесот на остварување на сите ЦОР, а во продолжение споделуваме неколку примери за тоа.

Интелектуалната сопственост можеме да ја поврземе со целите поврзани со достоинствена работа и одржлив економски раст или со инклузивна и одржлива индустрија, иновација и отпорна инфраструктура (ЦОР 8 и ЦОР 9 соодветно). Заштитата на пронајдоците, трговските марки и индустриските дизајни ги поттикнува поединците и компаниите да креираат и инвестираат, што меѓу другото, доведува и до отворање нови работни места и подобрување на животниот стандард, што значи дека придобивките од креативните активности ќе ги почувствува пошироката заедница.

Понатаму, иновациите во медицината, развојот на медицинската технологија, како и пронаоѓањето нови лекови и медицински помагала, директно придонесуваат кон унапредување на глобалното здравје и добросостојба (ЦОР 3). Патентите, како еден дел од правата на интелектуална сопственост, обезбедуваат заштита за времето, трудот и ресурсите што се вложени во развивањето на новите терапии и лекови и им овозможуваат на носителите на правото да си ја вратат инвестицијата. На овој начин, носителите на правата од интелектуална сопственост се мотивирани да започнат нови циклуси на истражување и развој што води до справување со нови медицински состојби.

Нашиот следен пример се однесува на пронајдоците од областа на управување со ресурси. Ваквите иновации имаат потенцијал да предизвикаат револуција во остварување на целите поврзани со обезбедување пристап до чиста вода и санитарни услови за сите, вклучително и одржливо менаџирање со водата и санитарните услови, понатаму, пристапно, одржливо, модерно и сигурно снабдување со електрична енергија, одговорна потрошувачка и производство, справување со климатските промени, заштита на водните површини, одржливо искористување на земјата и заштита на копнениот биодиверзитет и т.н. (ЦОР 6, 7, 12, 13, 14 и 15 соодветно). Вака, директно се придонесува кон зачувување на животната средина што доведува и до заштита на здравјето, како и до долгорочна достапност на ресурсите за идни употреби и нивна порамномерна распределба, што ги намалува шансите од потенцијални немири и ја унапредува општествената кохезија. (ЦОР 3 и ЦОР 16)

Неограничени можности и идни чекори

Наведените примери се само илустративни, а можностите што ги нуди креативноста за создавање подобри услови за сите – неограничени!

Затоа, иновациите се клучен двигател на општествениот напредок и неопходна е нивна соодветна заштита. Во овој момент, од суштинско значење е да се продолжи со унапредување на правната и институционалната рамка на интелектуалната сопственост за да се поттикне креативниот потенцијал за постигнување на ЦОР и обезбедување похуман и поодржлив свет.


Цели за одржлив развој на Обединетите нации

Цел 1: Да нема сиромаштија – да се стави крај на сиромаштијата во сите нејзини форми насекаде.

Цел 2: Да нема глад – да се стави крај на гладувањето, храната да биде безбедна, да се подобри начинот на исхрана и да се промовира одржливо земјоделство.

Цел 3: Добро здравје – да се обезбеди здрав живот и да се промовира благосостојба за сите луѓе од секоја возраст.

Цел 4: Квалитетно образование – да се обезбеди инклузивно образование со рамномерен квалитет и да се промовираат можностите за доживотно учење за сите.

Цел 5: Родова еднаквост и еманципација на сите жени и девојки.

Цел 6: Чиста вода и санитарни услови – да се обезбеди одржливо управување со водата и санитарните услови и да се гарантира пристапот до нив за сите.

Цел 7: Обновлива и достапна енергија –  да се обезбеди пристапно, одржливо, модерно и сигурно снабдување со електрична енергија за сите.

Цел 8: Достоинствени работни места и економски раст – промовирање на инклузивен и одржлив економски раст, вработување и достоинствена работа за сите.

Цел 9: Иновативност и добра инфраструктура – изградба на отпорна инфраструктура, промовирање инклузивна и одржлива индустријализација и поттикнување на иновации.

Цел 10: Намалена нееднаквост во и помеѓу државите.

Цел 11: Одржливи градови и населби –  инклузивни, безбедни, отпорни и одржливи градови и населби.

Цел 12: Одговорно користење на ресурсите – обезбедување одржлива потрошувачка и производство.

Цел 13: Климатска акција – Преземање итни мерки за борба против климатските промени и нивното влијание.

Цел 14: Заштита на водните површини – Зачувување и одржливо користење на океаните, морињата и морските ресурси.

Цел 15: Заштита на копното – заштита и обновување на копнените екосистеми, одржливо управување со шумите, запирање на деградацијата на земјиштето и заштита на биодиверзитетот.

Цел 16: Мир, правда и силни институции – промоција на мирољубиви и инклузивни општества за одржлив развој, пристап до правда за сите и изградба на ефективни, отчетни и инклузивни институции на сите нивоа.

Цел 17: Партнерство за одржлив развој – зајакнување на средствата за спроведување и обновување на глобалното партнерство за одржлив развој.

економија5 часа ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија5 дена ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија6 дена ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија6 дена ago

Зелена иднина за секое дете

економија6 дена ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%