Connect with us

економија

Со домашни картички кај домашни е-трговци потрошени се 203,1 милиони евра или раст од 84,4%

објавено

на

Во првите 9 месеци од 2021 македонските потрошувачи реализирале онлајн трансакции вредни 273,2 милиони евра, односно трендот на раст продолжува со 67,9%  споредено со истиот период претходната година.

Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба за период од 9 (девет) месеци заклучно до 30.09.2021 година од страна на Народната банка, продолжува трендот на пораст како на вредноста така и на бројот на трансакциите.

Во првите девет месеци од 2021 година вкупната вредност на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство со домашни и странски картички, изнесува 273,2 милиони евра што претставува пораст од 67,9% во однос на истиот период минатата година кога се остварила вредност од 162,7 милиони евра. Доколку споредиме со цела 2020 година кога се реализирале трансакции вредни 240,4 милиони евра, за само девет месеци оваа година се реализирала поголема вредност на трансакции за 13,6%. При тоа во првиот квартал годинава остварени се 86,6 милиони евра, во вториот квартал 82,1 милион евра, додека во третиот квартал за првпат е надмината границата од 100 милиони евра, односно остварени се 104,5 милиони евра во онлајн трансакции.

Физичките лица во првите три квартали од 2021 година остваруваат 84,5% од вкупните онлајн трансакции, но далеку побрз раст од 184,6% имаат правните лица, наспроти растот на физичките лица од 56,2% во однос на истиот период минатата година.

Бројот на направени трансакции  во првите три квартали од 2021 година изнесува 10,3 милиони што преставува пораст од 51,1% во однос на бројот на направените трансакции во истиот период минатата година (6,83 милиони трансакции). Поголемиот пораст на вредноста на направените трансакции од бројот ја зголемува вредноста на просечната трансакција и таа изнесува 26,5 евра спрема 23,8 евра во истиот период минатата година. При тоа, просечната трансакција на правните лица е поголема (31,4 евра) во однос на физичките лица (25,8 евра).

Македонците потрошиле 203,1 милиони евра во првите девет месеци од оваа година кон домашни онлајн продавници што претставува 74,3% од вкупната вредност на направени онлајн трансакции.

Нина Ангеловска, претседателка на АЕТМ:
Со започнувањето на пандемијата забележавме значајно забрзување на растот во реализирани онлајн  трансакции, а позитивно е што трендот на раст продолжува и понатаму. Растот во првите 9 месеци од 2021 година во вредноста на онлајн трансакциите изнесува 68%.

Македонците во текот на 2021 година продолжуваат да ги ползуваат придобивките од онлајн купувањето и да купуваат од домашните е-продавници. Имено, во текот на првите девет месеци од 2021 година Македонците со домашни картички потрошиле 203,1 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 84,5%во однос на истиот период претходната година. Високи 87,2% од вредноста на трансакциите кон домашни е-продавници ја остваруваат физичките лица. Вредноста на просечната трансакција оствaрена од Македонците кон домашните е-трговци изнесува 26,2 евра и тоа кај физичките лица 26,9 евра, додека кај правните 22,2 евра.

“Со започнувањето на пандемијата забележавме значајно забрзување на растот во реализирани онлајн  трансакции, а позитивно е што трендот на раст продолжува и понатаму. Растот во првите 9 месеци од 2021 година во вредноста на онлајн трансакциите изнесува 68%. Можеби уште позначајната промена поттикната од COVID-19 е драстичната промена во структурата на трансакциите. Ако од вкупната вредност пред пандемијата помалку од половина се слеваше кон домашни е-трговци, сега веќе учествуваат со 79% или вкупно 215,2 милиони евра се слеале кон домашни е-трговци во првите девет месеци 2021. Македонците се повеќе купуваат од домашни е-трговци, 95% од вредноста на домашните е-трговци ја реализирале македонски картички (картички издадени од домашните банки). Продолжуваме будно да го следиме прогресот и развојот на е-трговијата, како и да преземаме соодветни активности и иницијативи за унапредување на климата за е-трговија.”, вели претседателката на АЕТМ, д-р. Нина Ангеловска.

Странците кон домашните е-трговци во првите девет месеци од 2021 година направиле промет од 12,1 милиони евра, зголемувајќи го износот на трансакции во однос на истиот период минатата година за 68%. Износот на просечна трансакција на странците кон домашните интернет продавници изнесува 35,3 евра.

Македонците во странство направиле трансакции вредни 58,1 милиони евра во првите девет месеци годинава што претставува 21,3% од вкупно остварената вредност на онлајн трансакции. Во однос на истиот период минатата година остварен е раст од 28%. Бројот на направените трансакции од Македонци во странство расте со 10,6%. Од аспект на просечната трансакција, истата изнесува 26,2 евра во анализираниот период.

економија7 часа ago

Трајче Манолев од Маркант Софтвер разви дигитално решение наменето за адвокати

македонија9 часа ago

Гувернерката Ангеловска – Бежоска на панел на „Euromoney“: Пандемијата значително ја зголеми одговорноста на централните банки

свет9 часа ago

Ѓоковиќ повторно остана без виза

економија1 ден ago

Што содржи економскиот дел од предлог-програмата на Ковачевски

економија1 ден ago

Прометот на Македонска берза лани поголем за 57%, индексот со пораст од 31%

економија1 ден ago

Повик до младите истражувачи: Пријавувањето на научните трудови за Годишната награда на Народната банка е до 1 февруари

македонија2 дена ago

Лавина реакции по пресот на Никола Димитров денеска: Заев, Османи, Ковачевски…

македонија2 дена ago

Филипче: Димитров никогаш не се спротивстави на мерките за пандемијата

македонија2 дена ago

Димитров вели дека добил поддршка од многу меѓународни пријатели да биде премиер

економија2 дена ago

ССК: Новиот Закон за електричен отпад наметнува нереално зголемени давачки за компаниите

македонија4 дена ago

АЕТМ: Над 100 пријавени е-трговци за ‘Ecommerce Awards’, рокот за пријавување истекува во среда

start up4 дена ago

Запознајте го Синдекс, стартапот на Михајло Штерјов, креатор на играта SciGirl: The Internship, што доби инвестиција од Акцелератор УКИМ

интервју3 дена ago

Даниел Лорер: Бугарија ќе бара, а нема да чека инвестиции

македонија2 дена ago

Филипче: Димитров никогаш не се спротивстави на мерките за пандемијата

свет4 дена ago

Австралиските власти повторно го апсат Ѓоковиќ – го чека депортација?!

македонија4 дена ago

„Адора инженеринг“: Не сме вклучени во производството и испораката на топлинска енергија, обврската во овој момент е целосно на БЕГ

македонија4 дена ago

Мандатарот Ковачевски ги соопшти имињата на министрите од СДСМ

македонија2 дена ago

Димитров: Не се повлеков сам, имав сериозна битка во Владата околу блокадата од Бугарија

економија2 дена ago

ССК: Новиот Закон за електричен отпад наметнува нереално зголемени давачки за компаниите

македонија2 дена ago

Лавина реакции по пресот на Никола Димитров денеска: Заев, Османи, Ковачевски…