Connect with us

економија

Со поголемо вклучување на жените, економиите на Западен Балкан може да ја зголемат својата додадена вредност и до 30%

Лидерки кон одржлива иднина

објавено

на

Поголемата општествено – економска инклузија на жените е важна и носи бројни полезности за целото општество. Поголемата инклузија на жените резултира со повисок БДП за околу 10 проценти во просек, а кај помалку развиените економии дури и за 30 проценти. Според една студија на Светската банка, земјите од Западен Балкан секоја година губат околу 18% од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд, при што две третини од загубата произлегуваат од ниската стапка на активност на жените,а преостанатиот дел од разликите во изборот на занимања помеѓу мажите и жените.

Тенка е линијата кога стереотипите за жените и мажите се гледаат како негативни или позитивни. Имено, во борбата за рамноправност меѓу мажите и жените, сите напори се насочени кон рушење на стереотипите кои жените ги претставуваат како грижливи, т.н. столб на семејството, па дека жената како мајка најдобро знае како да се грижи за детето итн.

Родовите улоги ги учиме од моментот кога се раѓаме. Семејството и пошироката заедница го формираат и регулираат однесувањето и како резултат опстојуваат очекувањата дека жените се организирани, емпатични, интуитивни.

Во бизнисот, пак, ситуацијата е следна: жените во Македонија се сопственички најчесто на мали и микро бизниси, поретко на средни или големи. Поретко преземаат ризици и се попретпазливи, а емпатијата и емоционалната интелигенција резултираат со поголема грижа за вработените и тимот. Целото општество е многу покритично кон жените на менаџерски позиции, најпрво бидејќи бизнисот се перципира како машки домен.

„Точно, жените во Македонија поретко се одлучуваат да започнат сопствен бизнис споредено со мажите, а најголем процент на бизнисите кои се основани од жени, се микро бизниси со големина до десет вработени. Ова го потврдува и нашата анализа на базата на клиенти на нашата банка, каде застапеноста на жените на функција на управители во приватниот сектор е само 19%. Тоа е доказ дека потенцијалот на жената како претприемач е недоволно препознаен и искористен во земјава.“, велат од топ менаџментот на  ПроКредит Банка во интервјуто за Капитал.

Во прилог на овие наоди оди и родовата анализа на органите на управување во котираните компании што последниве неколку години ја прави Македонската берза. Имено, само 16,5% од извршните директори или претседателите на управни одбори на 91 котирано акционерско друштво се жени, што е дури и влошување во однос на 2022 година, кога оваа бројка била 19,6%.

Вкупното учество пак на жените во органите на управување на овие компании, коишто бројат 581 член, е 24,8%, што е пак мало подобрување во однос на лани, кога било 23,6%.

Жените во Македонија се сопственички најчесто на мали и микро бизниси, поретко на средни или големи. Поретко преземаат ризици и се попретпазливи, а емпатијата и емоционалната интелигенција резултираат со поголема грижа за вработените и тимот. Целото општество е многу покритично кон жените на менаџерски позиции, најпрво бидејќи бизнисот се перципира како машки домен. Тоа го илустрира и родовата анализа на органите на управување во котираните компании што последниве неколку години ја прави Македонската берза. Имено, само 16,5% од извршните директори или претседателите на управни одбори на 91 котирано акционерско друштво се жени, што е дури и влошување во однос на 2022 година, кога оваа бројка била 19,6%.

Пандемијата и последователните кризи повеќе ги погодија жените

Но, не само од аспект на управувањето со бизнисите, статистиката покажува дека жените во земјава се во понезавидна ситуација генерално во економијата.

Таа состојба уште повеќе ја засили ковид пандемијата и последователните кризи од коишто сѐ уште не сме излезени. Како што истакна и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска – Бежоска на еден неодамнешен настан посветен на жените во бизнисот, кризите и пандемијата најмногу ги погодија жените и младите.

„Овие кризи влијаеја непропорционално врз различни економски и општествени сегменти. Пандемијата најмногу ја погоди младата популација, ниско квалификуваните работници и жените. Стапката на вработеност на жените во вој период се намали за 7 процентни поен, а кај мажите за 5 со што уште повеќе се продлабочи јазот што и претходно постоеше“, рече Ангеловска Бежоска на панел дискусијата „Улогата и позицијата на жената во бизнис светот, предности, предизвици и можности!“, што пред неколку дена во Скопје ја организираше  Амбасадата на Република Словенија. 

Во својата презентација гувернерката истакна статистички податоци дека стапката на активност во регионов се намалила на 51 процент со посебен пад кај жените и кај мажите. Кај жените таа се свела на 41,5 проценти што значи дека само 40 отсто од работоспособното женско население е активно на пазарот на труд.

„При тоа разликите во регионот се прилично големи – стапката на активност на жените во Албанија е 52 проценти, кај нас е 46, а во Косово 22 процента. Стапката на активност на жените се подобрува но кај нас и во Косово уште е под нивото кое беше пред пандемијата, рече Ангеловска Бежоска.

Во последните години гледаме трендови кај новите генерации каде сѐ повеќе стереотипите се менуваат и традицијата полека го отстапува местото на современото живеење. Тоа доаѓа заедно со дигиталната еволуција каде и потребните квалификации на поголемиот број работни позиции се имаат променето, каде физичка сила е се помалку фактор, а сѐ повеќе се вреднуваат аналитичките, комуникациските вештини, техничките експертски познавања за одредена област – а, жените имаат еднакви можности за добивање на тие квалификации. 

Зошто е важна поголемата инклузија на жените во економијата

Родовиот јаз во платите пак се движи во интервал од 7 до 16 проценти што е спротивно со трендот во ЕУ каде има континуирано намалување на јазот во платите меѓу жените и мажите. Пониската вработеност на жените и понискиот доход влијаат и до пристапот до финансирање. Кај нас околу 55 проценти од вкупниот број на кредитокорисници се мажи, 62 отсто од вкупната вредност на кредитното портфолио на банкарскиот систем е лоцирано кај мажите, а само 38 отсто кај жените.

Гувернерката нагласува дека поголемата општествено – економска инклузија на жените е важна и носи бројни полезности за целото општество и додаде дека поголемата инклузија на жените резултира со повисок БДП за околу 10 проценти во просек, а кај помалку развиените економии дури и за 30 проценти. 

„Според една студија на Светската банка, земјите од Западен Балкан секоја година губат околу 18% од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд, при што две третини од загубата произлегуваат од ниската стапка на активност на жените,а преостанатиот дел од разликите во изборот на занимања помеѓу мажите и жените“, рече Ангеловска Бежоска и додаде дека жените може дадат поинаква квалитативна димензија на пазарот на трудот.

Родово еднаквите општества имаат поголема благосостојба 

Сите статистики покажуваат дека родово еднаквите општества подобро се справуваат со демографските промени – имаат тенденција да бидат постабилни и да го одржуваат мирот, да бидат економски попросперитетни и во работната сила да имаат вклучено поголем број жени, да им го олеснуваат пристапот на жените до подобар избор и можности, вклучително и да ја продолжат својата кариера и да имаат семејство,  бидејќи имаат пристап до прифатлива грижа за децата и флексибилни работни услови. Истовремено ги поттикнуваат и мажите да користат „татковско“ родителско отсуство и да го преземат својот соодветен дел од неплатената грижа и работните обврски во домаќинството.

Како што истакна и словенечкиот амбасадор во земјава Грегор Прескер на истиот настан спомнат претходно во текстов, „ различноста меѓу половите овозможува да се надополнуваме едни со други и да придонесеме кон подобар успех на тимот, проектот, компанијата.“

„Силно верувам во моќта на жената и пред сѐ, мислам дека жените се одлични преговарачи со чувство за соговорникот, што понекогаш е клучно за деловниот свет. Вие емпатично знаете да ја почувствувате другата страна, што создава услови за преговори со позитивен исход. Мажите и жените целосно се комплементарни и заедно даваат придонес за социјалниот, економскиот и демократскиот напредок на општеството“, рече Прескер.

Предизвици со коишто се соочуваат жените искачувајќи се по корпоративните скалила

Жените во бизнисот се свесни за предизвиците со кои се соочуваат на работното место, особено додека се обидуваат да се искачат на корпоративната скала до одлучувачки и извршни позиции.

 „Разликите во плати (salary gap), поставувањето повисоки стандарди за жените споредено со нивните машки колеги, соочување со родови стереотипи…едноставно не е лесно за жена да стекне и да се одржи на лидерска позиција“, вели Филомена Пљаковска Аспровска, главна извршна директорка на картичниот процесор Касис АД.

Затоа таа развојот на женското лидерство го гледа како предизвик и можност.

„Верувам дека улогата на деловните жени ќе станува сѐ позначајна за економијата на нашата земја и сигурна сум дека иновативните лидерски стилови на жените се одличен извор на идеи за надминување на економската криза“, смета Пљаковска Аспровска.

Лидерството е нечија способност да влијае на другите за да се постигнат заеднички цели. За да го постигне ова, лидерот треба да поседува вештини кои можат ефективно да ги комуницираат целите, да ги мотивираат другите, да им помагаат на другите да се подобрат, да даваат поддршка кога е потребно и да ја обезбедат благосостојбата на своите подредени.

„Жените лидери имаат поголема веројатност да се грижат за личните потреби на другите, да бидат отворени за нови идеи и мислења и да ги наградуваат задоволителните перформанси на секоја индивидуа на доследен начин. Жените се помалку нарцисоидни. Едноставно кажано, женските лидери нема да дозволат завршувањето или незавршувањето на некоја задача во значителна мера да влијае врз меѓучовечките односи и тимскиот дух.“, смета Маја Зивчевиќ, претприемачка и менаџерка на повеќе бизниси.

Потенцијалот треба првенствено да го препознае жената, и тоа е личен избор, храброст и заложба да се успее во бизнис светот, велат нашите соговорници/чки на темава.

Секако, претприемачката иницијатива со себе носи одредени жртви и одрекувања, па затоа овој пат не е ни малку лесен. Второ, одлуката за претприемачките иницијативи е неопходно да биде во корелација со семејството и поддршката од најблиската околина. Поддршката од семејството често е критичен фактор за успешен кариерен развој на жените. Флексибилноста во семејството е важна за постигнување баланс меѓу професионалниот и личниот живот. Трето, можностите кои ги нудат институциите и работодавците, еднаквиот третман на вработените и позитивните практики на родова еднаквост, но и флексибилноста на институциите и почитувањето на природата на жените и нивната уникатна улога во природата, мајчинството. Ова е поврзано и со нашата култура како народ, од каде потекнува и корпоративната културата која ги отсликува самите институции.

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

банки3 дена ago

Потрошувачки кредит на УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за рефинансирање и бонус од 1.000 денари при онлајн аплицирање

македонија3 дена ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

банки1 недела ago

Комерцијална банка како „Зелен поборник“ ќе пошумува и ќе едуцира

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

свет6 дена ago

Пустината под вода

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?