Connect with us

start up

Со помош на Бизнис акцелераторот УКИМ одиме кон нашата цел – освојување на светскиот пазар

Ѓорѓи Маџаров, ко – основач на Елевејт Глобал, компанија за високо технолошки решенија

објавено

на

Ѓорѓи Маџаров, ко – основач на Елевејт Глобал, компанија за
високо технолошки решенија

„Што точно правиме, полесно може да се разбере од нашиот прв производ – БАТ. Тој е дизајниран да анализира и предвидува податоци од енергетската индустрија за две групи клиенти. Првата се состои од производители на електрична енергија од соларни и ветерни централи. Производот овозможува прецизно предвидување на тоа колку електрична енергија ќе произведат соларните и ветерните централи за одреден период во иднина – во текот на денот, следниот ден и/или седум дена однапред. БАТ го прави ова користејќи историски податоци за производство, во комбинација со дополнителни влезни параметри – на пример, временска прогноза.“

Сто илјади евра финансиска поддршка доби македонскиот стартап Елевејт Глобал (Elevate Global) од страна на Бизнис акцелераторот УКИМ (БАУ), што е всушност првата инвестиција на овој акцелератор откако почна да функционира минатата година. БАУ  ќе додели две транши на Елевејт Глобал – иницијална инвестиција во износ од 25.00 евра и последователна инвестиција од 75.000 евра. Исто така, БАУ ќе обезбеди и континуирана дополнителна поддршка во менторство на тимот на стартапот и поддршка при освојување нови пазари. Средствата остварени од инвестицијата на БАУ ќе помогнат на Елевејт Глобал во нивното тековно работење, маркетинг и развој на бизнисот. Со еден од основачите и директор на компанијата, Ѓорѓи Маџаров, разговаравме околу плановите за понатамошен развој на стартапот, каква примена имаат нивните технолошки решенија што инволвираат вештачка интелигенција и машинско учење и зошто имаат огромен потенцијал, што допрва треба светот да го искористи. 

Како всушност почна приказната за вашиот стартап? Малку бекграунд за основачите; која ви беше амбицијата со создавањето на стартапот; со какви предизвици се соочивте на почетокот; колкав тим брои денес компанијата?

Елевејт Глобал  е млада компанија, која активно работи од 2018 година. Kо -основачи сме јас и Горан Стојановски, поранешен професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

И двајцата сме истражувачи и инженери кои имаат долгогодишно искуство во предиктивно моделирање, машинско учење и вештачка интелигенција. Во компанијата сме фокусирани на проблеми во специфични индустрии, надвор од ИТ индустријата, како што се енергетскиот сектор, фабриките и големите производствени системи, каде што пристапите за предиктивно моделирање и вештачка интелигенција уште не се масовно искористени, иако постои огромен потенцијал.

Тимот на Елевејт глобал моментално се состои од 9 луѓе, со кои во изминатиот период заедно ја развивавме софтверската платформа за анализа на големи податоци АСАП. Во рамки на оваа платформа спаѓаат и два активни производи кои ги нудиме – БАТ и ИНИТ.

Што значеше акцелераторската програма на Бизнис акцелераторот УКИМ за развојот на стартапот? Што конкретно добивте во акцелераторот?

Програмата на БАУ беше и продолжува да биде критична за нашиот развој. Како прво, таа ја обезбеди физичката инфраструктура за да работиме и нашите идеи да ги претвориме во функционална технологија. Второ, советите што ги добивме од различни експерти од БАУ, внатрешни и надворешни, беа непроценливи, особено имајќи предвид дека како основачи сме инженери со ограничено деловно искуство. Не само што добивме препораки и совети за специфични внатрешни организациски и административни прашања и запознавање со потенцијални клиенти, туку БАУ обезбеди и пристап до експерти. Дел од нив навистина значително ни помогнаа.

Конечно, да ја споменеме инвестицијата од БАУ. Таа ќе ја подобри нашата капитализација, ќе обезбеди средства потребни за инвестирање во нашата деловна инфраструктура и процесите за развој на бизнисот и на крајот, ќе овозможи продажба на нашите производи. БАУ ефикасно помага да ја следиме траекторијата на раст за која верувам дека оваа компанија е способна.

Раскажете за искуствата со натпреварите во странство и наградите што ги доби Елевејт Глобал?

Идејата за платформа за автономна обработка, анализа и моделирање на временски серии беше препознаена од стручното жири на регионалниот BETAPITCH натпревар и како најдобра се најде на глобалниот настан BETAPITCH Global. Следуваа прва јавна презентација, прв јавен настап, прво искуство и прва меѓународна награда. Се нижеа и другите награди и признанија. Победивме на GIST настанот, се позициониравме меѓу најдобрите 30 стартап компании на TechTour за Југоисточна Европа и сме добитници на Merit Winner-Digital Innovation Award од World Information Technology and Services Alliance (WITSA) во конкуренција на иновативни решенија од преку 80 земји од целиот свет. Времето минуваше, како тим вредно работевме и идејата добиваше свој лик и имплементација. Денес имаме решение подготвено за пласирање на светскиот пазар.

Ве молам објаснете ги подетално продуктите и решенијата што ги развива
компанијата: за каква целна група клиенти се наменети; какви проблеми решаваат?

Јадрото на Елевејт Глобал е платформа за автономна обработка, анализа и моделирање на временски серии со употреба на машинско учење и вештачка интелигенција. Поедноставно кажано, во ситуација каде има генерирање податоци придружени со одреден временски отпечаток (на пример, податоци од сензори или други извори), платформата ги анализира тие податоци за да обезбеди предвидување за тоа какви ќе бидат тие во различни временски периоди во иднина.

Јадрото на чијшто развој работи младиот тим на Елевејт Глобал  е платформа за автономна обработка, анализа и моделирање на временски серии со употреба на машинско учење и вештачка интелигенција. Поедноставно кажано, во ситуација каде има генерирање податоци придружени со одреден временски отпечаток (на пример, податоци од сензори или други извори), платформата ги анализира тие податоци за да обезбеди предвидување за тоа какви ќе бидат тие во различни временски периоди во иднина.

Што точно правиме, полесно може да се разбере од нашиот прв производ – БАТ. Тој е дизајниран да анализира и предвидува податоци од енергетската индустрија за две групи клиенти. Првата се состои од производители на електрична енергија од соларни и ветерни централи. Производот овозможува прецизно предвидување на тоа колку електрична енергија ќе произведат соларните и ветерните централи за одреден период во иднина – во текот на денот, следниот ден и/или седум дена однапред. БАТ го прави ова користејќи историски податоци за производство, во комбинација со дополнителни влезни параметри (на пример, временска прогноза). Една од клучните придобивки при користење на БАТ е тоа што ова решение тоа го прави автоматски. Ова значи дека откако системот биде поставен и конфигуриран за одреден клиент, целиот процес е автоматизиран и нема потреба од човечка вклученост во секојдневното негово функционирање.

Втората клучна придобивка е тоа што програмата користи и анализира различни модели за предвидување, автономно избира кој модел е најдобар и го користи при предвидувањето. Значи, БАТ не само што му дава увид на клиентот во повеќе модели за предвидување, туку и автономно проценува кој/кои се најсоодветни за одредена ситуација. Во суштина, предвидувањето станува се подобро со автоматска употреба на решението.

Третата клучна придобивка е неговата лесна употреба. БАТ нуди чист и лесен интерфејс за употреба. Тоа помага крајните корисници лесно да го разберат предвидувањето и да донесат правилни деловни одлуки. Ова помага да се надмине јазот помеѓу техничката и деловната функционалност кај енергетските компании, помагајќи му на деловниот персонал со ограничена техничка експертиза да може да го интерпретира резултатот и да постапува според него.

Втората група клиенти за БАТ се преносните и дистрибутивните компании. БАТ дава прецизно предвидување за тоа колку електрична енергија ќе потрошат крајните корисници во даден период во иднина. Трите клучни придобивки што БАТ ги овозможува на производителите на обновлива енергија – автоматизиран процес, употребата на повеќе модели за предвидување, автономен избор на најдобар модел (или комбинација на модели) и лесна употреба – се придобивки и за преносните и дистрибутивни компании.

За производителите на обновлива енергија, БАТ обезбедува прецизно предвидување за тоа колку електрична енергија ќе се произведе и со тоа, колку електрична енергија треба да се потроши/ продаде. За преносните и дистрибутивни компании, БАТ обезбедува прецизно предвидување за тоа колку електрична енергија ќе биде потрошена и колку електрична енергија треба да се купи.

За двете групи клиенти, БАТ обезбедува функционалност чија потреба е водена од три глобални трендови. Првиот тренд е брзиот раст на обновливите извори на енергија, за што не е потребна никаква дискусија. Вториот тренд е префрлување на трошоците за балансирање од потрошувачите кон производителите на обновлива енергија. Електричната енергија од обновливи извори варира многу во текот на денот и во текот на сезоните. Бидејќи производството на електрична енергија од обновливи извори не одговара на потрошувачката на електрична енергија од страна на крајните корисници, системот за електрична енергија треба да го избалансира ова несовпаѓање – да обезбеди електрична енергија од алтернативни извори кога електричната енергија генерирана од обновливи извори е недоволна да ги задоволи побарувањата од крајните корисници и да се тргува или складира кога снабдувањето од обновливи извори ја надминува побарувачката на домашниот пазар.

Историски гледано, за да се стимулира индустријата, владите и регулаторите ги субвенционираа компаниите за обновлива енергија преку гарантиран откуп на генерираната електрична енергија, обично со повластена тарифа (FiT). Сепак, тоа веќе не е случај и производителите на обновлива енергија се соочуваат со ситуација кога веќе не можат да ја продадат произведената електрична енергија во целост по однапред утврдена цена. Значи, производителите на електрична енергија од соларни централи и ветерници се многу позаинтересирани да имаат точно предвидување за нивното производство, за да можат да го продаваат по многу поконкурентни  цени во текот на денот, ден претходно или недела претходно.

Овие два тренда, заедно со другите (зголемување на бројот на соларни инсталации, растечката интерконекција на националните електрични мрежи, проширување на електричните возила, зголемување на енергетска ефикасност итн.), доведоа до третиот глобален тренд – потребата за поефикасно производство и потрошувачка на електрична енергија и за подобри проценки за тоа колку електрична енергија ќе се произведува и троши. На тој начин, БАТ придонесува за премин кон позелен, помалку јаглерод – интензивен енергетски сектор и за битката против глобалното затоплување.

Моментално, работиме на уште еден дополнителен производ: ИНИТ решение наменето за обработка, анализа и менаџирање на инфраструктура во телекомуникациски компании. Иако постојат повеќе други потенцијални апликации за нашата технологија во различни економски вертикали, сепак, енергетската индустрија е нашиот примарен фокус денес.

За што ќе ја искористите инвестицијата што ја добивте од Бизнис акцелераторот УКИМ?

Инвестицијата ќе се користи за три примарни цели. Првата е развој на бизнис и маркетинг. За поголемиот дел од нашето постоење, нашиот фокус беше развој на производите. Откако го усовршивме нашиот прв производ БАТ на средината на оваа година, почнуваме да се фокусираме на барање и продажба на клиенти. Финансиите од БАУ ќе се искористат за подобрување на квалитетот на нашите материјали за маркетинг, тестирање на нови канали на продажба, инвестирање во потенцијални партнерства (и во Македонија и во странство). Дополнително, финансиите ќе се користат за  поробустен и постепен бизнис развој на компанијата.

Втората главна цел за која ќе се користат финансиите од БАУ ќе биде корпоративната консолидација и поддршка на капиталните инвестиции. Ова значи ангажирање на одредени професионални услуги што се потребни, потенцијално вработување на некои клучни позиции, итн. Досега, целата нетехничка работа беше направена во основа од двајцата основачи, како што е типично за почетниците. Ако успееме, ќе мора да бидеме поефикасни и да градиме подобра организациска и административна структура во компанијата, така што сите во Елевејт Глобал да можат да се фокусираат на она што го прават најдобро.

Третата главна цел ќе биде подготовка за следната рунда инвестиции (Серија А). Капиталот на БАУ ќе финансира правни и останати трошоци потребни за ова. Овие финансии ќе овозможат вистински да се натпреваруваме во енергетскиот простор на меѓународно ниво и да започнеме со развој на производи за други индустриски вертикали. Имаме намера да одиме на следна рунда инвестиции кон крајот на 2021 година.

Што според вас може да биде подобро во функционирањето на линкот Универзитет – стартапи – акцелератори со цел уште подинамичен развој на домашната стартап сцена?

Многу сме задоволни од комуникацијата што ја имавме со БАУ, која на крајот кулминираше со нивната инвестиција. Не само што вработените и партнерите на БАУ (како и вработените на други клучни засегнати страни, како што се УКИМ и ФИТР) беа стручни и професионални, туку беа и вистински заинтересирани да помогнат да успееме. Многу е охрабрувачки и од професионална и од лична перспектива, да комуницирате со луѓе кои навистина сакаат да бидете успешни, затоа што тие знаат дека вашиот успех е успех и за нашата заедница и за нашата земја.

За жал, образованието кај нас е на маргините. УКИМ и останатите академски институции буквално се мачат да држат чекор со новите трендови на денешната наука. Претпоставувам, ситуацијата е малку подобра само на техничките факултети поради сеприсутноста на проблемите од оваа област и можноста за евтино аплицирање на некои решенија. Нашата стартап приказна е целосно поврзана и плод на долгогодишните истражувања во областа и акумулираното искуство. Од друга страна, УКИМ, како и другите институции кај нас, прави пионерски чекори за препознавање и поддршка на идеите за развој на стартап и спин – оф компании. Систематизацијата на овој процес е неопходна и претставува макотрпен чекор на кој ќе треба да се работи во наредниот период.

Сметате ли дека може да се направи позначаен глобален пробив на еден стартап тука од Македонија, или мора да се биде блиску до центрите на светските стартап екосистеми?

Почетоците можат апсолутно да бидат успешни во Македонија. Се разбира, предизвиците се поголеми кога доаѓаат од земја во развој, но на крајот квалитетот и карактеристиките на понудата, конкурентските предности на компанијата и трендовите на пазарот што ја обликуваат индустријата во која работи компанијата се многу поважни од локацијата. Пандемијата COVID-19 покажа дека воспоставувањето деловна соработка е возможна без физичко присуство. Ова може дополнително да го намали влијанието на физичката локација врз успехот на стартап компаниите.

Од перспектива на корпоративниот развој, малиот пазар претставува пречка со кои не се соочуваат стартап компаниите во поразвиените земји. Критичните пречки најчесто се големината на внатрешниот пазар, недоволно развиениот екосистем, многу ограничени извори на капитал, неефикасна правна рамка (и за деловното работење на стартап компаниите и за потенцијалните инвеститори) и други. Сите се меѓусебно поврзани. Дополнително, мора да прецизирам, за странските инвеститори, партнери и клиенти, перцепцијата на условите во земјата каде што се заснова стартап компанијата се речиси подеднакво важни како и реалните услови.

Continue Reading
економија2 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

интервју2 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

свет2 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија2 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија2 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

македонија2 days ago

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

економија2 days ago

Македонската економија на среден и долг рок (2)

свет2 days ago

Каква година ќе биде 2021 за инвеститорите

менаџмент / маркетинг2 days ago

Доаѓа ерата на “пост – менаџментот“

менаџмент / маркетинг2 days ago

Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба?

интервју2 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

економија5 days ago

Одобрена е првата група на кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

економија4 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

економија2 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

економија3 days ago

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата

здравје6 days ago

Средствата за дезинфекција од “Алкалоид” со докажано дејство против SARS-CoV-2 (COVID-19)

економија6 days ago

ССК бара финансиската помош за исплата на плата и бескаматните кредити да траат најмалку до април

свет2 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија2 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

економија2 days ago

Македонската економија на среден и долг рок (2)