Connect with us

македонија

Специјален прилог „Жените во бизнисот“:Жените не се рамноправни во ниту една земја во светот

Поразителни наоди

објавено

на

Иако поради родовата еднаквост, односно изедначувањето на положбата на мажите и жените, глобалниот БДП би пораснал за најмалку 20 проценти, ниту една земја, дури ни најбогатите, не им пружаат на жените исти можности како и мажите.

Само три дена пред Меѓународниот ден на жената, на 5 март, Светската банка го претстави својот годишен извештај за положбата на жените на пазарот на трудот – „Women, Business and The Law 2024“, кој покажа дека родовите разлики се поголеми одoшто се сметало претходно.

Иако поради родовата еднаквост, односно изедначувањето на положбата на мажите и жените, глобалниот БДП би пораснал за најмалку 20 проценти, ниту една земја, дури ни најбогатите, не им пружаат на жените исти можности како и на мажите. За разлика од претходните истражувања, во овогодишното беа вклучени два нови показатели – сигурноста  на жените и пристапот до услуги за згрижување деца, но и правна рамноправност, односно законска заштита.

Нееднаквост по сите критериуми

Како што се покажало, законите се еднакви во сè, но само во теорија. Во пракса, жените постигнуваат 64 проценти од правната заштита што ја имаат мажите, што е помалку од претходно проценетите 77 проценти. Во десеттото издание на извештајот на Светска банка изнесени се  поразителни податоци и кога е во прашање родовиот јаз во платите, односно разликата меѓу платите на мажите и жените.

На глобално ниво, за секој долар којшто го заработува маж, жените заработуваат 77 центи. Од 190 земји, 98 имаат донесено закони што се однесуваат на рамноправноста на платите,  а само 35 проценти имаат конкретни мерки и механизми за вистинско спречување на дискриминацијата.

Кога станува збор за сигурноста, жените постигнуваат едвај една третина од потребната законска заштита од семејно насилство, сексуално вознемирување, склучување детски бракови и фемициди. Иако 151 земја, покажува извештајот, имаат закони кои го спречуваат сексуалното вознемирување на работното место, само 30 (!) имаат закони кои го забрануваат тоа на јавни места. Кога станува збор за достапноста на услугите за згрижување деца, ситуацијата не е нималку идилична.

Во споредба со мажите, жените трошат во просек два и пол часа повеќе на (неплатена) грижа за децата, помалку од половина од испитаните земји обезбедуваат финансиска поддршка или даночни олеснувања на родителите со мали деца, додека помалку од една третина имаат стандарди за квалитет за услугите грижа за деца . Како што се заклучува во извештајот, глобалната економија расте исклучително бавно, а жените имаат моќ да го забрзаат растот.

„Светот едноставно не може да си дозволи да држи половина од населението на страна. Нашите ќерки се подготвени и способни да го направат светот подобро место – ако им се тргнеме од патот“,  велат од Светска банка.

На глобално ниво, за секој долар којшто го заработува маж, жените заработуваат 77 центи, според анализата на Светска банка. Од 190 земји, 98 имаат донесено закони што се однесуваат на рамноправноста на платите,  а само 35 проценти имаат конкретни мерки и механизми за вистинско спречување на дискриминацијата.

Уделот на жени во работна сила зголемен, но јазот во платите бавно се намалува

Кога веќе зборуваме за висината на платите, PwC исто така во пресрет на одбележувањето на Меѓународниот ден на жените, објави две истражувања, „Women in Work Index“ и „Inclusion Matters“, каде што се наведува дека со сегашното темпо ќе биде потребно повеќе од 50 години за да се премости просечната разлика во платите меѓу мажите и жените во сите 33 земји членки на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД.

Индексот WiW во сите земји-членки на ОЕЦД го мери напредокот кон родовата еднаквост на работното место врз основа на пет индикатори користени во анализата на PwC за евалуација на различни показатели за родова еднаквост на работното место, од кои еден е родовиот јаз во платите. И покрај одреден напредок во изминатата деценија, овогодинешната анализа покажува дека во однос на сите пет индикатори, патот до родовата еднаквост на работното место е сè уште прилично долг. Во текот на последната деценија, просечната оценка според Индексот се зголеми од 56,3 во 2011 година на 68 во 2022 година. Во последното ажурирање на Индексот, просечниот резултат на земјите-членки на ОЕЦД се зголеми за приближно два поени од 66 во 2021 година на 68 во 2022 година.

Помеѓу 2021 и 2022 година, најголемиот напредок во земјите-членки на ОЕЦД беше поттикнат од зголемувањето на уделот на жените меѓу вработените од 70,8 отсто на 72,1 отсто и падот на стапката на невработеност кај жените од 6,4 отсто на 5,3 отсто. Сепак, просечниот јаз во платите меѓу половите во земјите на ОЕЦД се зголеми од 13,2 отсто на 13,5 отсто во истиот период. Ова покажува дека и покрај поголемата застапеност, жените остануваат во значително послаба позиција во однос на надоместокот во споредба со мажите. Од објавувањето на првиот Индекс во 2011 година, родовиот јаз во платите е еден од показателите кои најбавно се подобруваат, паѓајќи за само три процентни поени помеѓу 2011 и 2022 година во сите земји на ОЕЦД.

Луксембург шампион по родова еднаквост

Според Индексот, на прво место е Луксембург, а потоа следат Исланд и Словенија. Првите пет земји во рангирањето на Индексот од 2021 година сè уште ги заземаат првите пет места во 2022 година, но нивниот редослед е променет. Одличниот ранг на Луксембург произлегува од подобрувањето на сите показатели, а пред се од фактот што земјата сè уште има најнизок јаз во платите меѓу половите меѓу сите земји-членки на ОЕЦД. Во Луксембург, родовиот јаз во платите е негативен, односно -0,2 отсто, што значи дека просечната плата е во просек повисока кај жените отколку кај мажите. Нордиските земји Финска, Норвешка, Данска, Шведска и Исланд ги заземаат првите 11 места на рангирањето.

Мексико има најниска оценка на индексот од 2018 година. Неговото лошо рангирање во 2022 година главно се должи на големиот јаз во платите меѓу половите (17%) и  нискиот  удел на жени во работната сила (50%) во споредба со просечниот јаз во платите меѓу половите од 14% во земјите на ОЕЦД и уделот на жените од 72 проценти.

Едвај 16,5% од топ менаџментот во најмоќните домашни компании се жени

Во Македонија уделот на жените во работната сила е понизок и од оној во Мексико, односно 43%, а на мажите 63%, што покажува голем неискористен потенцијал, којшто може да го зголеми економскиот раст.  Родовиот јаз во платите пак се движи во интервал од 7 до 16 проценти што е спротивно со трендот во ЕУ каде има континуирано намалување на јазот во платите меѓу жените и мажите. Како што истакна и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска – Бежоска во едно свое обраќање на форум посветен на родовата еднаквост неодамна, потребни се и поголема свесност и поддршка во општеството за зголемување на улогата на жената во раководните структури, што ќе донесе поголеми придобивки.

 „Глобалниот извештај за родов јаз од 2023 година покажува дека од 146 земји, ние сме рангирани на 108 место, кога станува збор за економското учество и можностите на жените. Според овој извештај, учеството на компаниите со жени на лидерската позиција е околу 20%, а сличен е и процентот на компаниите во чијашто сопственичка структура преовладуваат жените. И во финансискиот сектор податоците не се задоволителни. На пример, кај банките само 31% од вкупниот број членови на УО и НО се жени, а кај дел од банките воопшто нема жени во раководните органи на банката“, посочи гувернерката.

Во прилог на овие наоди оди и родовата анализа на органите на управување во котираните компании што последниве неколку години ја прави Македонската берза. Имено, според најновата анализа за годинава, само 16,5% од извршните директори или претседатели на управни одбори во 89 котирани друштва се жени, што е истиот процент всушност од годината претходно, а е влошување во однос на 2022 година, кога оваа бројка била 19,6%.

Вкупното учество пак на жените во органите на управување на овие компании, коишто бројат 559 членови, е 25,4%, што е пак мало подобрување во однос на лани, кога било 24,8%. Гледано по сектори, најголемо е учеството на жените во топ менаџментот на земјоделските компании, 40,63%, а најмало во фармацијата, со само 12,5%. Но, со оглед дека земјоделски компании има вкупно котирани 5 на Берзата, а фармацевтски две, овие проценти не може да ги земеме како совршено релевантни. Затоа, во индустријата пак, каде што има најмногу котирани компании, 35, и може да се добие пообјективен приказ на родовата еднаквост, жените во топ менаџментот се застапени со 22,7%.

Во Македонија уделот на жените во работната сила е 43%, понизок и од оној во најлошо котираната земја членка на ОЕЦД, Мексико, кај што е 50%,  додека на мажите е 63%, што покажува голем неискористен потенцијал на земјава, којшто може да го зголеми економскиот раст.  Родовиот јаз во платите пак се движи во интервал од 7 до 16 проценти што е спротивно со трендот во ЕУ каде има континуирано намалување на јазот во платите меѓу жените и мажите.

Стимулирање на женско претприемништво со родова еднаквост при доделување кредити

Според некои процени, поголемото учество на жените во претприемништвото може да го зголеми глобалниот економски раст од 5 до 6 трилиони долари. Оттаму, обезбедувањето пристап до финансии за овие мали и средни фирми е од исклучително значење за економијата во целина. Пониската вработеност на жените и понискиот доход влијаат и до пристапот до финансирање. Кај нас околу 55 проценти од вкупниот број на кредитокорисници се мажи, 62 отсто од вкупната вредност на кредитното портфолио на банкарскиот систем е лоцирано кај мажите, а само 38 отсто кај жените. 

За таа цел, Народната банка ќе го предводи и ќе го координира спроведувањето на проектот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во земјава, насочен кон поддршка на женското претприемништво и финансиската вклученост на жените претприемачи. Проектот има за цел да обезбеди поддршка за поголем пристап на жените претприемачи до финансии, како и за зголемување на свесноста за значењето на родовата еднаквост при доделувањето кредити.

Жените во Македонија според статистиките се сопственички најчесто на мали и микро бизниси, поретко на средни или големи. Оттаму, обезбедувањето пристап до финансии за овие мали  фирми е од исклучително значење за економијата во целина.

банки1 ден ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет1 ден ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет2 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании2 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион2 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија2 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

македонија2 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

економија2 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

економија2 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет2 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

економија2 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет2 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

регион2 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

свет2 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

македонија2 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

технологии / компании2 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

економија2 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

менаџмент / маркетинг2 дена ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

македонија2 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

банки4 дена ago

Управната зграда на УНИБанка во Скопје сама ќе произведува струја од фотоволтаична централа