Connect with us

економија

ССК бара продолжување на грејс периодот за кредитите од Ковид – 3 линијата

објавено

на

„Со цел одржување на и така кревката финансиска ликвидност на претпријатијата ја потенцираме неопходноста за носење одлука за продолжување на грејс периодот за враќањето на кредитите од кредитната линија Ковид 3 кои беа дистрибуирани преку Развојна банка, а кои доспеваат на крајот на овој месец.“, велат од Сојузот на стопански комори.

Од Сојузот на стопански комори упатија барање до Владата и Развојната банка за продолжување на грејс периодот на кредитите од т.н. Ковид – 3 линија. Го пренесуваме барањето во целост:

„Економски состојби во изминатиот период се подобрени, со очекување за постепено и стабилно закрепнување на економија од ефектите на пандемијата во оваа и во наредната година. Но сепак, и покрај поволните движења, неизвесноста во поглед на раст и натаму е висока, ризиците околу проекциите се претежно надолни на краток рок, а најпогодените сектори се уште работат со ограничувања. Во таа насока, а со цел одржување на и така кревката финансиска ликвидност на претпријатијата ја потенцираме неопходноста за носење одлука за продолжување на грејс периодот за враќањето на кредитите од кредитната линија Ковид 3 кои беа дистрибуирани преку Развојна банка, а кои доспеваат на крајот на овој месец.

Согласно објавениот јавен повик за поднесување на кредитно барање за директно кредитирање на микро и мали претпријатија погодени од Ковид -19 – Ковид 3 беше предвидена директна финансиска поддршка на микро и мали трговски друштва, трговски поединци и занаетчии со рок на отплата до 3 (три) години со вклучен грејс период до 6 (шест) месеци. Имајќи во предвид дека здравствено-економската кризата е се уште присутна, а деловната активност се извршува со ограничувања, обврската за враќање на кредитите добиени преку кредитната линија Ковид 3 кај претпријатијата може да предизвика дополнително нарушување на финансиска нестабилност.

Во таа насока, истакнуваме дека е важно  создавање на можност за одложување на рокот на отплата на бескаматниот кредит од кредитната линија Ковид 3 односно продолжување на грејс периодот, по примерот како што беше направено со Ковид 2 кога со одлуки на Владата, Развојна банка објави јавен повик, со кој се понуди можност за кредитокорисниците на кредити од втората бескаматна кредитна линија „Ковид 2“, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за 12 (дванаесет) месеци.

Барањето за пресликување на истото решение и за кредитната линија Ковид 3 испратено е до Владата на РСМ, до Развојна Банка, како и до Министерството за финансии кое е договорна страна во овој случај, но засега се уште нема одговор.

Постапувањето по поднесеното барање ќе придонесе кон одржување на активноста и ликвидноста на деловните субјекти во услови на криза. Истакнуваме и дека за поддршка на реалниот сектор треба да се размислува се додека имаме на сила рестриктивни мерки за извршување на деловната активност, бидејќи кризата трае премногу долго, а микро и малите претпријатија поради ограничени резерви се најчувствителни и најмалку отпорни на кризни состојби .

Од друга страна пак тие од вкупниот број на активните деловни субјекти во земјава дури 99,8 % влегуваат во групата на микро, мали и средни претпријатија. Малите и средните претпријатија, вклучувајќи ги тука и микропретпријатијата, во македонската економија учествуваат со 80 % во креирањето на вработеноста во приватниот сектор, што покажува дека тие се всушност столбот на нашата економија.“

банки4 часа ago

НЛБ Банка Скопје по шести пат прогласена за најдобра банка во Македонија според „EMEA Finance“

економија4 часа ago

Венера Крлиу – Ханџиски, Ѓорѓе Војновиќ и Радош Вукичевиќ се нови членови на Одборот на директори на Македонија 2025

македонија7 часа ago

H&M ќе открие мурал во Скопје, којшто истовремено го прочистува и воздухот

регион7 часа ago

Косово почнува со рестрикции на струја, нема пари за скапиот увоз

економија2 дена ago

Поставен камен-темелникот на фабриката за електрични возила во Тетово

банки3 дена ago

ПроКредит – прва банка во земјата која воведува флексибилност за работа од дома за своите вработени

свет5 дена ago

Автомобилската индустрија се граба за литиум – поскапен е 700% за две години

економија5 дена ago

Македонската берза ќе ја одржи својата 21-ва Годишна конференција на 23 септември во Охрид

економија6 дена ago

„Брако“ со 74 нови вработувања во првите шест месеци

економија1 недела ago

Инфлацијата во јули 16% на годишно ниво – најмногу поскапеле храната и транспортот, за речиси 25%

свет5 дена ago

Автомобилската индустрија се граба за литиум – поскапен е 700% за две години

економија2 дена ago

Поставен камен-темелникот на фабриката за електрични возила во Тетово

економија6 дена ago

„Брако“ со 74 нови вработувања во првите шест месеци

економија5 дена ago

Македонската берза ќе ја одржи својата 21-ва Годишна конференција на 23 септември во Охрид

банки3 дена ago

ПроКредит – прва банка во земјата која воведува флексибилност за работа од дома за своите вработени

регион7 часа ago

Косово почнува со рестрикции на струја, нема пари за скапиот увоз

економија4 часа ago

Венера Крлиу – Ханџиски, Ѓорѓе Војновиќ и Радош Вукичевиќ се нови членови на Одборот на директори на Македонија 2025

македонија7 часа ago

H&M ќе открие мурал во Скопје, којшто истовремено го прочистува и воздухот

банки4 часа ago

НЛБ Банка Скопје по шести пат прогласена за најдобра банка во Македонија според „EMEA Finance“