Connect with us

економија

ССК бара финансиската помош за исплата на плата и бескаматните кредити да траат најмалку до април

објавено

на

„Директна таргетирана финансиска помош во следните месеци е неопходна за опстојување и покривање на основните месечни трошоци. Потребно е и да се овозможи на оние на кои им е тоа неопходно одложување или репрограмирање на кредитите, аконтациите за даноци и другите  финансиски оптоварувања минимум до крајот на годината.“, велат од Сојузот на стопански комори.

Економските мерки за поддршка на стопанството и намалување на штетните последици од кризата потребно е да имаат континуитет бидејќи само така може да се одржи економската активност на што поголем број правни субјекти и да се избегне загубата на работни места, сметаат од Сојузот на стопански комори.

„Дисконтинуитетот во доделување на поддршката може да доведе до намалување на постигнатите ефекти и до забавување на излезот од кризата. Несоодветната имплементација или предвремениот прекин на економските мерки може да предизвикаат сериозни негативни ефекти во справувањето со кризата, чие надминување во тој случај ќе бара ангажирање на повеќе време и ресурси.“, се вели во соопштението што денеска го испратија од ССК до медиумите.

Од ССК сметаат дека деловните субјекти во земјава особено малите и средни претпријатија се’ уште се наоѓаат во исклучително тешка состојба, некои се уште со рестрикции во вршење на дејноста, но и оние кои можат да работат се соочуваат со намалена потрошувачка, откажани нарачки и пласмани.

„Продолжување на финансиската помош за исплата на плата, неповратната финансиска помош како и бескаматните кредити се приоритетните мерки кои реалниот сектор очекува да продолжат и да траат најмалку до април. “, велат од ССК.

Во анкетата што ја направи Сојузот на стопански комори на Македонија деловните субјекти бараат петтиот пакет на економски мерки да содржи мерки за одржување на ликвидноста, мерки за даночно олеснување и одложување на даночните обврски, како и субвенции за задржување на вработените. Сојузот на стопански комори на Македонија до Владата ќе ги достави предлозите кои ги доставија претпријатијата за петтиот пакет на економски мерки.

„Директна таргетирана финансиска помош во следните месеци е неопходна за опстојување и покривање на основните месечни трошоци. Потребно е и да се овозможи на оние на кои им е тоа неопходно одложување или репрограмирање на кредитите, аконтациите за даноци и другите  финансиски оптоварувања минимум до крајот на годината.“

Од ССК апелираат за ефикасна и ефективна имплементација на мерките за намалување на сивата економија, што е неопходно особено во услови на криза за да се избегне даночна евазија.

„Не е добро средствата за поттикнување на потрошувачката да завршуваат кај нерегистрирани субјекти кои не придонесуваат во државниот буџет. Потребно е и да се интензивираат и активностите поврзани со имплементација на укинувањето на парафискалните давачки кои се дополнителен товар сред криза кога значително е намалена деловната активност на претпријатијата.

Неопходно е и да се подобри динамиката на имплементација на мерките од четвртиот пакет, бидејќи некои од нив како таа за државната кредитна гаранција се уште не се имплементирани.

Апелираме петтиот пакет на економски мерки да се донесе во јануари, со цел обезбедување на предвидливост и сигурност што е особено важно за планирање на активностите на економските субјекти за наредниот период. Тоа е важно за да нема прекин кај економските оператори кои немаат воопшто никакви или имаат значително намалени приходи поради рестриктивните мерки, на кои овие средства им се неопходни за да се зачуваат работните места.“

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија1 час ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија17 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација