Connect with us

економија

ССК: Зелената транзиција на македонските компании е без алтернатива

објавено

на

Клучни поенти од денеска одржаната тркалезна маса на Сојузот на стопански комори на Македонија, на тема „ Научени лекции од проектот Greenovet, употреба на вештачка интелигенција во создавањето на зелени вештини за иднината “.

Компаниите треба да работат на развивање зелени иновации. Потребно е да се фокусираат на создавање кадар, со кој ќе може да го спроведат процесот на зелена трансформација. Но, за да се овозможи создавање на стручен кадар, потребно е  да се поврзуваат со образовните институции, со цел побрзо да ги спроведуваат процесите на зелена трансформација во своите бизниси, што ќе ги направи поодржливи. Ова беше дел од клучните поенти на денеска одржаната тркалезна маса на Сојузот на стопански комори на Македонија, на тема Научени лекции од проектот Greenovet, употреба на вештачка интелигенција во создавањето на зелени вештини за иднината “.

На настанот  беа презентирани достигнувањата во областа и споделени искуства од  бизнис секторот,  придобивките од воведување на зелени работни места, употребата на ИТ технологиите и зелените иновации.

Според  Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, нашата земја има поволна позиција и огромен потенцијал, а во наредниот период ќе се инвестираат средства во обновливи извори на енергија. Иако, ќе биде долгорочен процес, едукацијата ќе биде незаменлив дел од процесот.

Компаниите што нема да воведат вештачка интелигенција нема да опстанат

„Зелената транзиција на македонските компании е без алтернатива, што побргу активно и максимално ангажирано влеземе во процесот, ќе можеме да постигнеме примарна позиција во однос на конкурентите од регионот, со подобри економкси перформанси обезбедени на овој начин, ќе постигнеме  долгорочен бенефит, одржлив развој и модернизација на процесите. Дигитализацијата и вештачката интелигенција, се нераздвоен дел од зелената трансформација која ќе обезбеди да бидеме сигурен дел од новата реалност во бизнис секторот и економијата, воопшто. Нашата земја поседува огромен потенцијал на ова поле, единствено, ни останува да креираме кадар, вештини и да ги скратиме бирократските процедури, се со цел да добиеме брзина во трансформацијата“, истакна претседателот Ангелоски.

Проф. д-р Орце Симов, потпретседател на ССКМ ипретседател на Комората за информатичко – комуникациска технологија при ССК, кој го модерираше настанот истакна дека

„Вештачката интелигенција и зелената транзиција, се домени на работа, коишто се многу важни, високопрофитабилни и високодоходовни, во овој момент. Овие области значително ќе го променат особено вештачката интелигенција и начинот на водење на бизнис во иднината и пазарот на труд. Компаниите коишто нема да воведат вештачка интелигенција во своето работење многу тешко ќе опстанат, додека оние коишто ќе се потпрат на вештачката интелигенција  ќе бидат многу поиновативни, многу поекономични и поодржливи во иднина“, истакна проф. д-р Орце Симов.

Според Мила Велковска од Националниот центар за развој на иноваци и претприемачко учење, во рамките на проектот Гриновет, во кој се партнери,  се реализирани бројни активности, кои вклучувале наставници, професори, студенти, а обучени се над 300  професори.

„За успешна зелена транзиција неопходно е да се вратиме чекор назад, да се инвестира во образовните процеси и да се поддржуваат активности и од формално и од неформално образование кои поттикнуваат зелени вештини“, потенцираше Велковска.

На настанот свое излагање имаше и  Весна Кузмановиќ, „Impala Research “ – “IMPALA” – употреба на Al во неуромаркетингот, презентирајќи ги најновите достигнувања во областа и корисноста од неа.

„Примената на вештачка интелигенција во многу науки и професии не треба да се третира како закана за истите, туку како додадена вредност. Една од тие додадени вредности е што со примена на вештачка интелигенција се намалува потрошувачка на материјални ресурси. Токму, „Импала“ е решение од областа на неуромаркетинг базирана на вештачка интелигенција, кое само преку камера од лаптот успева да детектира психичка состојба кај испитаниците, без притоа да се троши хартија за прашалници, да се користи скапа апаратура која користи електрична. енергија, еег апарати идр. и во исто време, бидејќи се се одвива онлајн може да се соберат податоците онлајн.„Импала“ е решение кое ја зголемува ефикасноста на целокупната комуникација на компаниите со нивните целни групи, помага во развој на нови производи и услуги, согласно вистинските потреби на купувачите и го оптимизира максимално  корисничкото искуство.“, истакна Кузмановиќ.

Одржлива дигитална и зелена транзиција

На Тркалезната маса, се обратија и претставници од банките, кои аргументираа за поддршката на банките, на проекти за зелена трансформација и иновации.

Според зборовите на Добринка Стефанова Ѓоргиева, директор на Одделот за управување со животната средина во Прокредит банка, кога зборуваме за зелена транзиција и вештачка интелигенција, составен дел е фер транзиција и социјална одржливост, таа компонента не може да се тргне на страна, односно вештачката интелигенција не смее да предизвика нарушување на основните човекови права.

„Ќе биде неопходна преквалификација и доквалификација на работната сила, која потенцијално ќе биде заманета со вешташка интелигенција. Потребна е соработка помеѓу сите засегнати страни, државни институции , компании, стопанските комори и сите образовни институции со цел да може да се обезбеди соодветна преквалификација на таа работна сила. Зелената транзиција за нас не е нешто ново и не е тренд. Уште пред  повеќе од 20 години клучна определба на Банката е да го поддржи економскиот развој кој во исто време треба да биде еколошки, но и социјално одржлив, Еколошки одржлив,  подразбира во себе да ја има и зелената компонента, односно да овозможи раст кој нема дополнително, негативно да влијае на животната средина“, истакна Стeфанова Ѓоргиева. Потребна е енергетска независност на компаниите и помала потрошувачка.

Според неа, тие внимаваат и прават оценка на влијанието што нивните клиенти го имаат врз животната средина и социјалното опкружување, со финансирањето што тие го одобруваат.

Според излагањето на професорот Драган Миновски  вештачката интелигенција  и зелената енергија одат „рака под рака“. Вештачката интелогенција помага во самите компании, а нивниот производ станува поконкурентен на пазарот. Тој потенцираше дека многу малку бизнисмени носат одлуки врз база на податоци, вложуваат неконтролорано во фотоволтаични електрани и ги прават скапи инвестициите. Во најголем дел инвестициите се направени без да се анализира колку оптимално е потребно за една компанија, од страв од енергетската криза. Но, процесот на инвестиции треба да продолжи , а банките да ги поддржуваат компаниите, зошто , во моментот има тренд на ригидност на банките во издавање на кредитите за  поставување фотоволтаични електрани. Банките треба да ги поддржат компаниите,треба да размислат за поддршка на инвеститори на земјени површини, со системи за складирање на енергија, со предвидливост дека  ќе се врати кредитот, истакна професорот Миновски во рамките на Тркалезната маса.

Пристап до финансии

Беа презентирани и можностите за пристап до финансии од страна на Европската банка за обнова и развој и ГФФ Македонија- Кредитната линија за финансирање во зелена енергија,  за финансирање во зелена енергија и зелени инвестиции за раст на бизнисот. Според зборовите на Симе Пејоски, консултант, компаниите треба да бидат мотивирани да инвестираат во зелена енергија, а тие ги повикуваат да им пристапат и да добијат помош во целиот процес.За ГФФ се прифатливи претпријатијата кои работат во секторите производство,земјоделство, услуги, градежништво,трговија,транспорт, производство на зелена енергија.Кредитната линија ги комбинира проектите за финансиска инвестиција преку заеми и лизинг со технички совети и услуги кои се развиени за да може малите и средните претпријатија да ги разберат, да ги спроведат и да имаат корист од високите перформанси на технологии за зелена енергија.

Настанот е дел од Проектот GREENOVET, меѓународен проект, во кој се вклучени 18 европски партнери и истиот е кофинансиран од Еразмус + Програмата на Европската Унија.

Инаку, GREENOVET ги обединува регионалните партнери во областа на стручното образование и обука на различни нивоа (средно стручно образование и високо образование), локалните компании ( малите, средни и големи претпријатија), секторските здруженија, претставниците на работодавачите, локалните власти, невладиниот сектор, како и регионалните агенции за поддршка на иновациите и иновативноста. Покрај регионалниот пристап, проектот се развива и на национално ниво со вклучување на националните министерства и општествени партнери како придружни партнери, обезбедувајќи координација и кохерентност низ различните нивоа на власт. Проектот го поттикнува развојот на стручното образование и обука (СОО) во областа на зелените иновации низ Европа, преку основање на центри за извонредност во стручното образование и обука (ЦИСОО) со што  се овозможува иновативна, инклузивна и одржлива економија. Во проектот „Гриновет“ од нашата земја се вклучени Машинскиот факултет од Скопје, Сојузот на стопански комори на Македонија, Национален центар за развој на иновации и претприемничко учење, „Раде Кончар ТЕП“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“ како и уште 13 партнери од Австрија, Португалија и од Финска.

македонија1 ден ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија5 дена ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија5 дена ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки6 дена ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија6 дена ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју1 недела ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија1 недела ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“

економија2 недели ago

Почна проектот „Бизнис лидер“ – нова, иновативна платформа за вмрежување на најдобрите од македонскиот деловен свет

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци