Connect with us

економија

Станавме ли поотпорна економија денес?

Форум: Од криза до решенија

објавено

на

Во иднина мерките за справување со енергетската и следствено економската криза треба да бидат насочени кон подолгорочна и поголема одржливост на нашата економија преку таргетирање и инвестирање во домашно производство на храна и суровини. Пропратно со тоа треба да биде продолжена иницијативата за домашно производство на електрична енергија и паралелно со тоа инвестиции во системот за апсорпција на домашното производство на електрична енергија, беше истакнато на економскиот форум организиран од Finance Think деновиве.

Пакетот мерки за справување со енергетската криза тежи 760 милиони евра од кои 90 проценти се однесуваат на справување со енергетската криза, а само седум проценти одат во делот на справување со храна, покажуваат резултатите од мапирањето на мерките што го спроведе институтот за економски анализи Finance Think.

„Од вкупниот износ, 12,6% е наменет за поддршка на ранливите домаќинства кои во еден дел се и таргетирани мерки за најранливите. Најзначајна мерка беше мерката за субвенционирање на електричната и топлинската енергија. Резултатите покажаа дека куповната моќ на граѓаните беше заштитена и доколку не беа овие мерки нивната куповна моќ ќе беше драстично позагрозена“, изјави Благица Петрески  извршен директор на Finance Think на економскиот форум „Од криза до решенија: Станавме ли поотпорна економија денес?“ што институтот го организираше деновиве.

Таа нагласи дека мерките можеа да бидат подобро дизајнирани во поглед на нивната линеарност за време на дискусијата на којашто стана збор за можностите за справување со кризи во иднина, плановите за претстојните мерки и потребата како да станеме поотпорна економија.

„Мерките во голема мера беа линеарни и заштитуваа и домаќинства кои можеа да ја издржат кризата. Во иднина очекувам мерките да бидат повеќе во насока на таргетираност и тоа да се направи во еден дел и со ДДВ-то кое беше намалено од 18% на 5%, но повторно се врати“, рече Петрески.

Поголема одржливост преку инвестирање во домашно производство на храна и суровини

„Мерките во голема мера беа линеарни и заштитуваа и домаќинства кои можеа да ја издржат кризата. Во иднина очекувам мерките да бидат повеќе во насока на таргетираност и тоа да се направи во еден дел и со ДДВ-то кое беше намалено од 18% на 5%, но повторно се врати“, рече Благица Петрески, извршна директорка на Finance Think.

Во делот на храната, како што кажа, компаниите беа значајно погодени од порастот на увозните суровини за 20% до 50% ако се има предвид дека преку 50% од суровините се увезуваат.

„Тоа упатува дека во иднина мерките треба да бидат насочени кон подолгорочна и поголема одржливост на нашата економија преку таргетирање и инвестирање во домашно производство на храна и суровини. Пропратно со тоа треба да биде продолжена иницијативата за домашно производство на електрична енергија и паралелно со тоа инвестиции во системот за апсорпција на домашното производство на електрична енергија“, рече Петрески и додаде дека со мерките беше поттикнато домашното производство на електрична енергија.

За зголемувањето на стапката на ДДВ за прехранбените производи од 5% на 10% рече дека се уште не ја погледнала листата на производи за кои важи тоа и додаде дека покачувањето ќе има свое влијание и врз цените доколку на листата има производи за широка потрошувачка и производи кои масовно се консумираат на дневна основа од граѓаните.

„Затоа треба да се ревидираат стапките и исклучиво да биде ДДВ-то 10 % само за оние луксузни прехранбени производи кои или се купуваат од мал број граѓани или се консумираат ретко. Во спротивно одлуката за зголемување на ДДВ-то ќе се коси со намерата за замрзнување на цените и справување со домашните извори на пораст на цените“, потенцира Петрески и додаде дека ДДВ-то треба да биде 5 % за сите производи кои се за широка потрошувачка и се консумираат на дневна основа. 

Мерките за заштита на стандардот на граѓаните биле добри и за компаниите

„И меѓународните финансиски институции укажаа дека доколку не беа мерките би биле изгубени 80 илјади работни места во државава. Реагиравме и во делот на поддршка на ликвидноста за компаниите успешно да ги исполнуваат своите краткорочни обврски како што се исплата на плати на вработени дури и во ситуации кога дел од нив се соочуваа со нарушени приходи.“, истакна Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи пак, потсети дека во пикот на кризата Владата донела и имплементирала околу 110 мерки дефинирани во шест пакети.

„Заради фактот што животниот стандард на граѓаните ни беше најважен мерките ги насочивме за да ја зачуваме нивната куповна моќ во екстремни услови и на тој начин да обезбедиме олеснето задоволување на основните потреби“, рече Битиќи на форумот организиран од Finance Think.

Тој истакна дека овие мерки имале позитивни ефекти и кон економијата затоа што одржувајќи ја побарувачката на пазарот се спречувал домино ефектот на затворање на бизниси и губење на работни места. , изјави Битиќи.

Нагласи и дека меѓународните финансиски институции укажаа дека доколку не би биле мерките би биле изгубени 80 илјади работни места во државава.

„Реагиравме и во делот на поддршка на ликвидноста за компаниите успешно да ги исполнуваат своите краткорочни обврски како што се исплата на плати на вработени дури и во ситуации кога дел од нив се соочуваа со нарушени приходи“, рече Битиќи.

Како претставник на Владата, додаде, на форумот има што да каже и кои се нивните визии и конкретни системски мерки кои ќе ја зголемат прилагодливоста  и отпорноста на економијата во иднина.

„Мораме да ја избегнуваме економската пракса на создавање на зависности. Воспоставување на економска меѓузависност во регионот и забрзано интегрирање кон ЕУ е патот кој води кон просперитет, раст и развој. Токму кризата ја оправда и ја нагласи потребата од усвојување на Националната развојна стратегија која ќе претставува визија за развојот на нашата држава и општество во претстојните две декади. Преку приоритизација на стратешките развојни области и поставувајќи механизам за соодветно искористување на ресурсите со кои располагаме како држава, стратегијата ќе овозможи флексибилност и отпорност на севкупното општество кон надворешни економски шокови“, потенцираше Битиќи.

економија1 ден ago

Конференцијата на ПроКредит Банка и ЕБОР „Круг на нови можности“ за поддршка на младите претприемачи и жените во бизнисот

македонија2 дена ago

Живко Мукаетов прогласен за премиум партнер на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ на Црвен крст

економија3 дена ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

економија1 недела ago

Преку примери претставени еколошките и одржливите стандарди на комплексот „Гранд Скопје“ на Конференцијата за комерцијални недвижности

македонија1 недела ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија1 недела ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија1 недела ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија1 недела ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија1 недела ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија1 недела ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион1 недела ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија1 недела ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија1 недела ago

Зелена иднина за секое дете

регион1 недела ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија1 недела ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија1 недела ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

економија1 недела ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија1 недела ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија1 недела ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

свет1 недела ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%