Connect with us

start up

„Стартапџиите“ и инвеститорите на едно место: можности, искуства и совети

Pitch. Match. Grow. конференција во Скопје

објавено

на

На дводневната конференција се презентираа можностите за инвестирање и начините на аплицирање кои што ги нудат инвеститорите, а се презентираа и самите стартапи (Pitch), така што секој стартап или секој што веќе има идеја, можеше да се идентификува во процесот и да одреди од каде е најсоодветно да побара инвестиција (Match), што пак ќе придонесе да го унапреди својот бизнис, за тој да премине во следната фаза од својот раст (Grow).

На 26 и 27 февруари во хотел Мериот во Скопје се одржа конференцијата Pitch. Match. Grow., организирана од PwC Северна Македонија, во соработка со Македонска Берза, со поддршка на USAID BEP, Стартап Македонија и Скопје Marriott Хотел.

Конференцијата започна со воведно обраќање на Драган Давитков, директор во PwC Северна Македонија по што следеше официјалниот дел од програмата.

“Вложивме доста напор во организацијата на оваа конференција. Нашиот обид да се доближиме до стартап заедницата е затоа што веруваме дека заеднички можеме да направиме многу и сме тука да ве поддржиме во вашиот успех.”, изјави ави Драган Давитков на самото отворање на конференцијата.

На овој  настан кој е прв од овој тип за PwC во Скопје, учесниците можеа да добијат корисни информации од прва рака и #StraightToThePoint насоки за финансирање на своите проекти/идеи/стартапи. Учесниците на панел дискусиите во двата дена успеаја со практични примери и конкретни прашања да ја направат оваа средба уште поинтересна и покорисна.

На дводневната конференција се презентираа можностите за инвестирање и начините на аплицирање кои што ги нудат инвеститорите, а се презентираа и самите стартапи (Pitch), така што секој стартап или секој што веќе има идеја, можеше да се идентификува во процесот и да одреди од каде е најсоодветно да побара инвестиција (Match), што пак ќе придонесе да го унапреди својот бизнис, за тој да премине во следната фаза од својот раст (Grow).

За време на конференцијата стартапите имаа можност да се поврзат со инвеститори и консултанти, да слушнат можности за разновидни финансирања и програми кои ги нудат PwC и останатите учесници.

Пораки од инвеститорите до стартапите

Првиот ден од конференцијата го обележаа две панели дискусии, како и pitching сесија, на која имаа можност 10 стартапи да ја презентираат својата идеја. Панел дискусијата #StraightToThePoint насоки од успешни стартап приказни ја водеше Игор Маџов од Startup Macedonia во која што учесниците Драган Јосифовски – Paket.mk, Гентиан Елмази и Агон Фејза – Notarised, Душан Гајиќ – Cognism, Душко Jордановски – H4, Горан Стојановски – Elevate Global разговараа за нивниот пат и развоj и го споделија своето искуство и совети, по што следеше панел дискусијата со инвеститорите од UKIM Accelerator, SEEU Tech Park, SC Ventures, FITR, CEED Macedonia Business Angels Club, SEAVUS Accelerator, SEAF кои говореа за различните можности за финансирање. Оваа панел дискусија ја водеше Ивана Станковиќ. 

Инвеститорите истакнаа дека не очекуваат од стартапите да знаат сe’, но дека мора да знаат што сакаат од инвеститорите – дали бараат пари, дали exit стратегија и сл. Дадоа препорака дека тимот на стартапот мора да има детектирано проблем/потреба/простор на пазарот којшто сака да го реши и јасна визија како планира да го реши.

Од еден од инвеститорите беше истакнато дека во било која фаза од финансирањето најбитен е интегритетот на претприемачот.

„Може се’ да изгледа супер, но доколку се сомневаме во интегритетот,  не инвестираме“, беше пораката.

Како генерална слабост на домашните стартапи беше истакнато немањето јасна претстава за бизнис моделот, немање јасна идеја како да се заработи од нивната идеја. Често не се свесни за значењето на тимот и околу тоа зошто веруваат во својот продукт/услуга. Инвеститорите се согласија дека е потребно повеќе едукација околу тоа што всушност значи акцелератор, што треба стартапите да очекуваат од акцелераторските програми, а  и самите тие признаа дека има уште доста работа и учење околу самото менаџирање на акцелераторите и сл.

Вториот ден од конференцијата го отвори Каролина Каровска – Божиноска, раководител на Одделот за промоција, едукација и развој во Македонска Берза. Присутните имаа можност да слушнат интересна презентација на PwC Велика Британија за достапни стартап програми, а краток осврт на своето искуство даде и Момчил Василев, од компанијата Енедевор од соседна Бугарија.

Главен говорник на вториот ден од конференцијата беше г-ѓа Ивана Шољан, водечки инвеститор на Funderbeam во Хрватска, водечки инвеститор во Include и главен извршен директор на хрватската организација за креирање на екосистем за стартапи HUB385,која сподели корисни информации и совети од својата долгогодишна работа. Од Иван Мрвош, основач и извршен директор на Includе, преку интересна видео презентација дознавме за неговата успешна стартап приказна токму преку Funderbeam програмата.

Ивана Гажиќ, Претседател на Управниот одбор на Загребска берза говореше како да подготвите добра апликација за финансирање на Funderbeam, а Патрик Бустилс, соосновач на Stage-Go & CoderDojo од Турција,  говореше за клучните предизвици за влез во странство преку Бизнис кафе, поддржано од НЦРИПУ.

“Се надеваме дека како резултат на успешно спроведената конференција ќе произлезат бројни соработки и дека ќе придонесуваме и понатаму во зајакнувањето на стартап екосистемот во државата. “,  велат од тимот на PwC Северна Македонија.

Мапирање на инвеститорите во стартапи

Continue Reading
интервју3 дена ago

Стојче Тасков: Нашата мисија е да обезбедиме брзо и ефикасно управување со документи и информации

технологии / компании5 дена ago

Ѓорги Самарџиев: Создадовме иновативно решение за многу поедноставна конструкција на кровни градини

економија3 дена ago

Позајмени 700 милиони евра по најниска камата досега

интервју3 дена ago

Џулијан Васало: Одблизу ја следиме борбата со корупцијата и криминалот: Бараме опипливи резултати!

економија4 дена ago

Се менува регулативата: полесен пристап до државна помош за нови инвестиции

економија6 дена ago

Излегоа финансиските биланси: хотелските компании со приходи помали и за 90% лани

start up3 дена ago

Милан Димитриевски: Ја почнавме новата инвестициска програма

lifestyle3 дена ago

Стив Кејс: Упорноста не е гаранција дека ќе успеете во нешто, но без неа, сигурно нема да успеете.

менаџмент / маркетинг3 дена ago

Не поставуваат прашања само оние што интервјуираат. Еве што можете и вие да го прашате вашиот потенцијален работодавец

економија3 дена ago

Приходите на хотелските компании и до 90% помали во 2020