Connect with us

интервју

Стефани Ебле: ММФ вели ќе имаме уште подлабока рецесија од 5,5% годинава

Стефани Ебле, регионален резидентен претставник на ММФ за Западен Балкан

објавено

на

Рецесијата како последица на тешките последици од пандемијата врз економијата е сосема незибежна годинава, како глобално така и во земјата, меѓутоа, најновите прогнози на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) влеваат уште поголем песимизам. Наспроти првично очекуваниот пад на бруто домашниот производ (БДП) за 4%, регионалниот резидентен претставник на ММФ за Западен Балкан, Стефани Ебле, во своето прво интервју за Капитал ја открива прогнозата на ММФ дека намалувањето на економската активност ќе достигне до 5,5%. Ова е за два процентни поени понегативна прогноза отколку оние на Владата или пак на Народната банка. Сепак, ММФ посочува дека и оваа прогноза е исклучително неизвесна, односно зависна од неколку фактори поврзани со јавното здравје и со економски последици кои се без преседан и во основа се тешки да се предвидат. Освен за најновите прогнози на Фондот за економската ситуација, Стефани Ебле во ова интервју зборува и за одговорот на властите на кризата досега, за затворањето на Еуростандард банка и стабилноста на финансискиот сектор пошироко, и сугерира кои би требало да бидат следните чекори на државата во справувањето со влијанието на здравствената криза врз економијата.

Стефани Ебле, регионален резидентен претставник на ММФ за Западен Балкан

Рецесијата како последица на тешките последици од пандемијата врз економијата е сосема незибежна годинава, како глобално така и во земјата, меѓутоа, најновите прогнози на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) влеваат уште поголем песимизам. Наспроти првично очекуваниот пад на бруто домашниот производ (БДП) за 4%, регионалниот резидентен претставник на ММФ за Западен Балкан, Стефани Ебле, во своето прво интервју за Капитал ја открива прогнозата на ММФ дека намалувањето на економската активност ќе достигне до 5,5%. Ова е за два процентни поени понегативна прогноза отколку оние на Владата или пак на Народната банка. Сепак, ММФ посочува дека и оваа прогноза е исклучително неизвесна, односно зависна од неколку фактори поврзани со јавното здравје и со економски последици кои се без преседан и во основа се тешки да се предвидат. Освен за најновите прогнози на Фондот за економската ситуација, Стефани Ебле во ова интервју зборува и за одговорот на властите на кризата досега, за затворањето на Еуростандард банка и стабилноста на финансискиот сектор пошироко, и сугерира кои би требало да бидат следните чекори на државата во справувањето со влијанието на здравствената криза врз економијата.

Според последните податоци,  како гледате на актуелната макроекономска ситуација и на перспективите во Северна Македонија?

Исто како и во сите други земји во светот, пандемијата остави големи последици на економијата на Северна Македонија, при што најголемото влијание се почувствува во периодот помеѓу март и јуни. Вонредната состојба, која беше неопходна  поради справување со здравствената ситуација, во комбинација со наглото намалување на странската побарувачка и намалувањето на дознаките, доведоа до значително намалување на економската активност во пролетниот период. Сепак, важно е да се потенцира дека навремените мерки преземени од Владата и од Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) успеаја да бидат контратежа на негативните влијанија врз економијата.

Во последно време, високофрекфентните податоци, како што се индустриското производство и трговијата на мало, покажуваат знаци на подобрување, иако е јасно дека ситуацијата и понатаму е тешка.

Колку е реално македонскиот бруто домашен производ да се намали уште повеќе во однос на актуелната прогноза од 4% во 2020 година, имајќи го предвид стравот од новиот бран на инфекции во есенскиот период?

Прогнозираме дека економијата на Северна Македонија ќе се намали за речиси 5,5% во 2020 година. Ова е без преседан досега, но е помалку од она што, на пример, е прогнозирано за Европската Унија. Очекуваме по ваквото намалување да следи силно закрепнување во 2021 година. Сепак, неизвесноста во врска со прогнозата е невообичаено голема, затоа што се потпира на фактори поврзани со јавното здравје и на економски фактори кои се без преседан и во основа е тешко да се предвидат.

Севкупно земено, ризиците во однос на прогнозата ги гледаме како широко балансирани. Од една страна, успешната имплементација на главните препораки на СЗО за да се избегне ширењето на Ковид-19, но и напредокот со вакцината и во лекувањето би можеле да доведат до тоа закрепнувањето да биде уште поголемо, како глобално така и во Северна  Македонија. Од друга страна, големиот бран на новозаразени, како што укажувате и Вие, или напредок во производството на вакцина и во лекувањето коишто би биле побавни од она што се очекува, би можеле да доведат до полоши резултати во однос на растот.

Каков е регионалниот контекст на кризата, како државите од целиот регион се снаоѓаат во овие бранови од криза и каде ја гледате Северна  Македонија во споредба со други соседни држави?

Целиот регион е значително погоден од кризата, иако во помала мера во споредба со напредните економии во Европа. Во нашиот последен извештај за Светските економски изгледи (World Economic Outlook) објавен во  јуни, проектираме реалниот БДП во земјите од Европската Унија да се намали за повеќе од 9% во 2020 година, во споредба со 5,5% во земјите од Западен Балкан.

Во регионот на Западен Балкан, растот на БДП на Северна Македонија од 0,2% во првото тримесечје од 2020 година споредено со претходната година беше под регионалниот просек од 0,8%. Во второто тримесечје, во Северна Македонија имаше нагол тренд на намалување на БДП, но во согласност на очекувањата, а очекуваме економијата да започне да закрепнува во третото и четвртото тримесечје. Иако сè уште немаме податоци за второто тримесечје за повеќето други држави од Западен Балкан, намалувањето на БДП за целата година се очекува генерално да биде во линија со регионот на Западен Балкан.

Каква е вашата оценка на реакциите на Владата и на НБРСМ во однос на Ковид-19 пандемијата? 

И Владата и НБРСМ имаа клучна улога во ублажувањето на економското и општествено влијание на пандемијата.

Владата реагираше брзо преку имплементирање на времени мерки за поддршка на фирмите, заштита на работните места и помош за оние на коишто таа најмногу им е потребна. Веројатно е дека субвенциите за платите во приватниот сектор придонесоа кон контролирање на невработеноста, при што во второто тримесечје, бројот на невработени остана на околу 16% од работната сила. Мерките како што се одложувањето на даноците, кредитите под поволни услови  и поддршката за одредени дејности им помогнаа на фирмите да се одржат во живот. Шемите за социјална помош и ваучерите ги заштитија оние коишто се најзагрозени. Ние ги повикуваме сите влади да го следат трошењето на средствата наменети за справување со кризата, при што тоа да биде предмет на expost контроли за да се има сигурност дека средствата се добро потрошени.

Благодарение на адекватното ниво на девизни резерви и на ограничените инфлаторни притисоци, НБРСМ имаше простор во креирање на своите политики, којшто таа ефективно го искористи за поддршка на економијата. Поконкретно, таа ја намали основната каматна стапка и го намали износот на благајничките записи, што помогна да се ограничи зголемувањето на трошоците за позајмување и креираше ликвидност во економијата. Како резултат на тоа, кредитниот раст и понатаму е солидени изнесува над 8% на годишно ниво во јули. Активностите во врска со монетарната политика беа дополнети со мерки за поддршка на финансискиот сектор, вклучително и времени промени на регулативата за управување со кредитниот ризик, со што се овозможи банките да ги преструктуираат кредитите и со тоа да им овозможат времено олеснување на финансискиот товар на кредитокорисниците засегнати од пандемијата.

Кое е вашето мислење во однос на одлуката на Народната банка да ѝ ја одземе дозволата за работа на Еуростандард банка? Кои би требало да бидат следните чекори?

НБРСМ  е независна институција којашто има законски мандат да придонесува кон одржување на финансиската стабилност и да ги штити интересите на депонентите. Согласно со најдобрите меѓународни практики, обврските и овластувањата на НБРСМ вклучуваат  одземање на дозволата на банка кога таа повеќе не ги исполнува условите за да ја задржи дозволата – што вклучува и непостапување по корективни мерки изречени од НБРСМ во претходно определен  временски рок. Во случајот со Еуростандард банка, одлуката за одземање на дозволата била донесена откако НБРСМ утврдила дека капиталот на Банката паднал на многу ниско ниво што  не ѝ дозволува да продолжи со своето работење – одлука  донесена со цел да се заштитат интересите на депонентите и финансиската стабилност. 

Сега, итен приоритет треба да биде навремената исплата на осигурените депоненти и да се извлече максимум од активата на оваа банка преку транспарентна стечајна постапка.

Како ја оценувате стабилноста на севкупниот финансиски систем по затворањето на оваа банка? 

Последните податоци од банкарскиот сектор покажуваат дека системот е добро капитализиран и профитабилен. Адекватноста на капиталот на системот, со состојба на крај од јуни 2020 година изнесуваше 17%, што е повеќе од двојно од минималните регулаторни барања согласно со глобално прифатените стандарди на Базел III. Нефункционалните кредити  исто така продолжиле да се намалуваат и се на релативно ниско ниво од 4,5% од вкупните кредити. Сепак, при намалување на економската активност предизвикано од пандемијата, супервизорот треба и понатаму да биде внимателен во врска со влошување на квалитетот на кредитите на ниво на системот во целина.

Затворањето на Еуростандард банка исто така јасно покажува дека, кога тоа е потребно, НБРСМ  е подготвена да преземе навремени корективни супервизорски активности за да се обезбеди целокупната стабилност на финансискиот систем, што е охрабрувачки. Притоа, би требало  и понатаму да продолжат реформите за дополнително зајакнување на сигурносната мрежа на финансискиот сектор. Би било корисно ако овие реформи опфатат зајакнување на постојната законска рамка за решавање на банки, преку проширување на пакетот на инструменти на НБРСМ. Приоритет би требало да биде понатамошно зајакнување на системот за осигурување на депозитите.

Кои би требало да бидат приоритетите на фискалната политика за да може новата Влада да обезбеди здраво и правично економско опоравување?

Секако дека прв приоритет е справувањето со здравствената криза и тоа ќе биде  од суштинско значење за заштита на економијата и на јавните финансии.

Уште една важна работа за економската политика во наредните месеци ќе биде оживувањето на растот и отворањето работни места. Ова исто така ќе биде од суштинска важност за да се одврати зголемувањето на сиромаштијата. Со оглед на ограничениот фискален простор, мерките за поддршка на фирмите и на домаќинствата би требало да бидат добро таргетирани, да имаат привремен карактер и да се имплементираат на транспарентен начин за да се максимизира нивното влијание и да се обезбеди добро трошење на јавните средства. Во пракса, Владата би можела успешно да се надоврзе на стимулативните мерки кои веќе се воведени, како што се субвенционирањето на платите, субвенционирани кредити и пошироко користење на постојните мрежи за социјална безбедност. Поголеми инвестициски трошења  можат да помогнат да се подобри растот на економијата во блиска иднина и истовремено да се зајакне потенцијалот за долгорочен економски раст, преку зголемување на физичкиот и човечки капитал.

Откако опоравувањето ќе биде поставено на здрави основи, Владата би требало да цели кон обновување на фискалните бафери за да се зачува одржливоста на долгот. Напорите првенствено би можеле да се фокусираат на зголемување на приходите, преку зајакнување на даночната администрација за да може да ја внесе неформалната економија во формалните текови, рационализирање на даночните ослободувања и имплементирање на даночната реформа кај персоналниот данок. На страната на расходите, препорачуваме целосна имплементација на пензиската реформа и рационализирање на земјоделските и другите субвенции, што би  отворило простор за поголеми капитални трошења со текот на времето, поддржано со подобрувања во управувањето со јавните инвестиции.

Continue Reading
менаџмент / маркетинг1 ден ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг1 ден ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании1 ден ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија1 ден ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија1 ден ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет1 ден ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија6 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија5 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија2 дена ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија3 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки4 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија5 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија4 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

банки2 дена ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок