lifestyle
Стив Кејс: Упорноста не е гаранција дека ќе успеете во нешто, но без неа, сигурно нема да успеете.
Стив Кејс, ко – основач на AOL

Стивен МекКонел “Стив“ Кејс , роден 1958 година, е американски претприемач, инвеститор и бизнисмен, најпознат како еден од основачите и поранешен директор на America Online – AOL, компанија основана во 1985 година што меѓу првите во САД понуди интернет и останати дигитални услуги. Во 2001-та AOL се спои со медиумскиот гигант Time Warner, рекордна зделка од 164 милијарди долари, која подоцна се покажа како неуспех. Кејс денес е познат како бизнис ангел, венчр капиталист, а се вклучи и во политиката, како еден од советниците на поранешниот претседател Обама.
На крајот, визија без способност да ја спроведеш, излегува само халуцинација.
Сите големи идеи почнуваат како чудни идеи. Тоа што сега изгледа нормално, на почетокот не било нормално за никого.
Упорноста не е гаранција дека ќе успеете во нешто, но без неа, сигурно нема да успеете.
Единствен начин да имате силна економија е да бидете подобри во иновациите од другите земји.
Планирам да ги дадам сите мои пари на крајот. На децата им го реков тоа. Богатството не е многу корисно за нив. Речиси е како товар. Подобро е да им овозможам самите да направат нешто и да постигнат свој успех.
Сфатив дека можам да предвидам што ќе биде следно во технологијата, но не можам да предвидам кога точно ќе се случи.
Без голем ризик нема големи иновации, нема големи промени во технологијата, пазарот и сл. Но, кога ќе станете Fortune 500 компанија, тогаш гледате да го намалите ризикот.
Конечно, тимот што ќе го изградите е всушност компанијата што ќе ја изградите.