Connect with us

македонија

Стигна модифициран француски предлог до македонската влада, ќе оди во Собрание

објавено

на

„Мислам дека најдовме компромис околу спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија за Преговарачката рамка за влез во ЕУ“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на маргините на самитот на НАТО во Мадрид. 

Северна Македонија и Бугарија постигнале компромис за надминување на спорот околу содржината на Преговарачката рамка со која Скопје треба да ги води преговорите со ЕУ. Оваа вест попладнево од Мадрид ја соопшти францускиот претседател Емануел Макрон. 

„Мислам дека најдовме компромис околу спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија за Преговарачката рамка за влез во ЕУ“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на маргините на самитот на НАТО во Мадрид. 

Макрон не соопшти детали околу можниот компромис, но можно е тој да не опфаќа експресно решение, туку начин и македонската страна да се изјасни за договореното преку консултации и во Собранието во Скопје. 

Во таа насока говори и соопштението од Владата во Скопје објавено попладнево во кое се наведува дека „пристигнал предлог со идеи“ од француското претседателство со ЕУ. 

„Ова претставува основа за отворање на широк консултативен процес најпрво во Владата и коалициските партнери, а потоа и со Претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата“, соопштуваат од владата. 

Според информации на Дојче Веле, во Мадрид на овие теми разговарале двајцата министри за надворешни работи Теодора Генчовска и Бујар Османи. 
Двете спорни точки биле околу одржувањето на двете меѓувладини конференции- првата „политичка“ и втората формална по која всушност и би почнале пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ. Бугарија бара на почетокот на преговорите да им претходи промена на Уставот со кои ќе се овозможи впишување на Бугарите како конститутивен народ. Втората спорна точна е внесувањето на Протоколите од меѓувладините состаноци во Преговарачката рамка. Во нив се регулира темпото на работа на Мешовитата комисија за историски прашања. 

Шефот на државата Стево Пендаровски изјави за домашните медиуми дека е запознат со содржината на предлогот, но како што вели „џентлменски“ е да не го коментира додека не се добие официјален одговор од Софија и од Скопје.

Ќе се очекува од двете страни да го соопштат својот став и тука имам мала резерва за Софија, затоа што таму е поприлично хаотична политичката ситуација во која нема Влада, Владата е падната, а министерката за надворешни работи која е практично најистурениот играч од нивна страна во овие разговори, поднесе оставка неколку дена пред Владата да падне, изјави Пендаровски, кој учествува на Самитот на НАТО во Мадрид.

Тој нагласува дека овој модификуван француски предлог е далеку подобар за нас од претходниот.

„Дали е тоа доволно добро засега ќе се воздржам, бидејќи сакам тоа да помине еден поширок круг на консултации кои за жал на препорака на нашите сојузници не ги правевме минатиот пат за да не ја загрозиме, како не замолија тие, сензитивноста на процесот. Мораме да ги искомуницираме граѓаните, луѓето, политичките субјекти затоа што знаете ние се обидуваме да направиме договор кој ќе трае. Не можеме да стоиме за договор кој не ни дава ништо во рака, а во рака мораме да имаме гаранција за македонскиот идентитет и гаранција дека никогаш јазик, националност нема да биде споменато никаде од сега па во иднина било колку и да траат преговорите. Значи, ако тоа не го добиеме со гаранции на ЕУ, не на Софија, туку на ЕУ и на Брисел ние не можеме да влеземе понатаму во процесот“, додаде Пендаровски.

банки33 минути ago

Комерцијална одржа акционерско собрание, утврдена дивиденда од 500 денари по акција

македонија7 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија23 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

македонија1 недела ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

банки1 недела ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија1 недела ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје