Connect with us

економија

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

објавено

на

Во динамичниот свет на информатичката технологија, Scalefocus се истакнува не само како лидер на пазарот, туку и како визионер. Нашето патување започна пред 12 години со едноставна, но моќна идеја: да се искористи трансформативната моќ на технологијата за поголемо добро.  Денес, додека се осврнуваме назад на нашиот пат на иновации и напред кон иднина на бесконечни можности, ние сме горди на она што сме го постигнале и возбудени сме за она што доаѓа.

Информатичката технологија, којшто се развива со огромна брзина, каде што иновациите не се само звучен збор, туку тоа е енергијата којашто го поттикнува напредокот и конкурентската предност.  Сепак, еден од најзначајните предизвици со кои се соочуваат ИТ лидерите е да ја поттикнат желбата за креативност меѓу тимовите во компанијата.

Како ги мотивираме вработените во Scalefocus постојано да предлагаат нови иновации?

Мотивацијата во ИТ компаниите е движечката сила што ги поттикнува професионалците да ги надминат своите рутински задачи и да дојдат до нови идеи.  Тоа е сложена интеракција меѓу внатрешната мотивација (водена од личното задоволство и желбата за решавање проблеми) и надворешната мотивација (поттикната од награди и признанија).  И двете се клучни во обликувањето на подготвеноста на вработените да иновираат и да се усовршуваат.

Создаваме култура на иновации во Scalefocus

Културата која ја препознава љубопитноста и експериментирањето е основата на иновациите.  Компаниите можат да го поттикнат ова опкружување со охрабрување на вработените да имаат отворена комуникација, каде што секоја идеа се цени и на неуспехот се гледа само како на отскочна штица кон успехот.  Лидерството игра клучна улога овде, поставувајќи ја културата на иновациите во насока вработените да се осмелат и да размислуваат поинаку.

Ние во Scalefocus, секогаш велиме дека иновативноста е дел од нашата ДНК, затоа што тоа е начин на размислување вграден во секој од нашите колеги.

Во Scalefocus, нашите вработени ги имаат на располагање најновите технологии и имаат можности за подобрување на нивните вештини, менторирани и следени во развојот на   нивната кариерна патека на успехот.  

Клучот за нашиот успех како компанија е нашиот холистички пристап кон иновациите: комбинацијата на знаење, отворени иновации и подготвени решенија за повеќекратно користење за нашите клиенти.

За да ги стимулираме нашите колеги да предлагаат идеи за иновации, создадовме Innobox: платформа за прибирање и водење на иновативни идеи, се до нивно презентирање и промовирање пред Бордот за иновации. Минатата година ја отворивме платформата Innobox и за нашите клиенти, ангажирајќи ги во процесот на смислување. Создадовме и библиотека со Accelerator Apps – модули за повеќекратна употреба кои ни овозможуваат да го забрзаме развојот во области како FinTech, Java, Mobile, DevOps и конверзациска вештачка интелигенција.

Ви благодариме, Шампиони затоа што сте секогаш бестрашни и непопустливи!

Кога иновативните напори на вработените вродат со плод, од клучно значење е да се препознае нивниот придонес.  Јавното признание, наградите, па дури и студиите на случај споделени во рамките на компанијата може да ја зајакнат вредноста на иновациите.  Ова не само што го зајакнува моралот, туку и ги инспирира другите да го следат примерот.

Затоа во месец февруари оваа година го организаирвме „Месецот на иновациите“ каде  ги презентиравем иновативните идеи и по трет пат ги наградивме нашите шампиони за иновации  со Innobox награди, кои донесоа идеи и имплементации за нашите клиенти, нашите колеги и општеството.

Минатата година, приоретизиравме на иновациите во вештачката интелигенција, подобрувајќи ја ефикасноста и продуктивноста на целата компанија и подготвувајќи не да одговориме на зголемените потреби за вештачка интелигенција на нашите сегашни и идни  потенцијални клиенти. Овие напори беа препознаени со три награди Gold Globee® во 2024 година за иновации и извонредност.

Минатата година Scalefocus беше наградена и со три награди  Stevie ® на 20-тото International Business Awards®:

  • Златна Stevie®  во категоријата Најиновативна технолошка компанија на годината – до 2.500 вработени“
  • Во категоријата за Иновации во производи, освоивме награда Сребрена Stevie® за забрзана и без грешки рана дијагностика на рак преку хардвер.
  • Бронзена награда  Stevie® беше доделена за нашиот Технолошки проект поврзан со здравствената заштита SoFit – скалабилен интегриран систем што испорачува хардвер и софтвер за пациенти кои треба да практикуваат физикална терапија или кинезиотерапија од далечина.

Во динамичниот свет на информатичката технологија, Scalefocus се истакнува не само како лидер на пазарот, туку и како визионер. Нашето патување започна пред 12 години со едноставна, но моќна идеја: да се искористи трансформативната моќ на технологијата за поголемо добро.  Денес, додека се осврнуваме назад на нашиот пат на иновации и напред кон иднина на бесконечни можности, ние сме горди на она што сме го постигнале и возбудени сме за она што доаѓа.

Нашите компаниски вредности се компасот кој не води во нашата потрага за извонредност. Иновацијата е нашата животна сила, поттикнувајќи нè да ги преминеме границите и да го предизвикаме статус-квото. Овие вредности не се само зборови; тие се вградени во секој проект, одлука и интеракција во нашата компанија.

македонија1 ден ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија5 дена ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија5 дена ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки6 дена ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија6 дена ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју1 недела ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија1 недела ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“

економија2 недели ago

Почна проектот „Бизнис лидер“ – нова, иновативна платформа за вмрежување на најдобрите од македонскиот деловен свет

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци