Connect with us

политика

Столб на срамот, наместо на демократијата

Ни дебата, ни аргументи во македонскиот Парламент

објавено

на

Институцијата што треба да го има главниот збор во една парламентарна демократија кај нас со години (па и децении) е претворена во зграда каде со народни пари наместо дебати се организираат партиски препукувања, со што се оди директно спротивно на јавниот интерес и правото на граѓанинот да слушне сериозен судир на концепти и аргументирани тези.

Наместо суштинска анализа и критика на предлог – законите, пак, гледаме повторно строга партиска поделба на „за“ и „против“ дадено решение, со што оваа институција не ја исполнува една од своите клучни мисии – да биде владин контролор.

30 илјади евра  – толку ги чини граѓаните одржувањето на една пленарна седница во Собранието, каде што народните избраници треба да се соберат, да расправаат и да одлучуваат во името на јавниот интерес.

Кога одлучивме да направиме една анализа за работата на македонскиот Парламент, замислата беше да се фокусираме на болните точки што веќе одамна се фокус – (не)активноста на пратениците, нивото на дебата и соодносот помеѓу сработеното и пратеничката плата.

Но, видовме дека некој пред нас веќе фрлил поглед на Собранието со целосна анализа не само за овие теми, туку за целокупната функционалност на законодавниот дом. Токму со наслов „ Поглед на Собрание: Извештај од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (август – декември 2020)“ во рамките на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), која е поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) преку Швајцарска Амбасада, направено е истражување од Националниот демократски институт (НДИ), Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Центарот за управување со промени (ЦУП) во кое авторките Влора Речица и Александра Јовевска Ѓорѓевиќ презентираат катастрофални податоци за работата на Собранието.

Притоа, она што е важно е што голем дел од податоците во оваа публикација не произведоа адекватна анализа во јавноста, која главно е насочена кон листи на најзборлести и најсрамежливи пратеници и такви кои одат или не на работа, заедно со коментари за нивото на дебата.  Но, забелешките во овој документ се многу поголеми од овие листи оти отвораат очи за фактот што во македонската демократија Парламентот всушност никако не може да се каже дека си ја врши својата функција.

Но, со ред…

Анализата покажува дека треба да ги тргнеме на страна голите факти за тоа кој пратеник колку пати се појавил на говорница, колку минути или часови дебатирал и дали воопшто дошол на работа (оправдани или не отсуства), оти поентата е што суштинскиот квалитет на дискусиите бил очаен дури и тогаш кога нив ги имало. Демократијата и смислата на постоење на еден Парламент не значат говори колку да ги има, а дебатата сигурно не може да се сведе во штуро презентирање на своите (односно партиските) позиции без никаква волја да се слушне другиот, камоли да се уважи или разбере

Нема аргументи…

Првиот меѓу еднаквите, собранискиот спикер Џафери, се наметна во јавноста преку острите и впечатливи (честопати и хумористични) забелешки до своите колеги токму за начинот на којшто тие дискутираат и за нивото на дебата. Тој сака да им држи лекции за демократија и за умешноста на водење дијалог, инсистира на почитување на правилата и неретко се случува и да им ги исклучи микрофоните. Но, за јавноста, а очигледно и за пратениците ова е само уште еден аспект на нивната „забава“ за широките маси со народни пари 

На парламентарните избори летото, СДСМ и коалицијата „Можеме“ – освои 46 пратеници, ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, освои 44 пратеник, додека Демократската унија за интеграција (ДУИ), освои 15 пратеници. Коалиција Алијансата за Албанците и Алтернатива освои 12 пратеници, Левица освои 2 пратеника, додека Демократската партија на Албанците освои 1 пратеник. Владина коалиција се формираше помеѓу СДСМ и коалиција „Можеме“ и ДУИ, после неколку недели партиски преговори.

Во овој период (од 4 месеци на којшто всушност се однесува истражувањето) новиот пратенички состав успеал да ги надмине лошите резултати од претходниот.

Анализата покажува дека треба да ги тргнеме на страна голите факти за тоа кој пратеник колку пати се појавил на говорница, колку минути или часови дебатирал и дали воопшто дошол на работа (оправдани или не отсуства), оти поентата е што суштинскиот квалитет на дискусиите бил очаен дури и тогаш кога нив ги имало. Демократијата и смислата на постоење на еден Парламент не значат говори колку да ги има, а дебатата сигурно не може да се сведе во штуро презентирање на своите (односно партиските) позиции без никаква волја да се слушне другиот, камоли да се уважи или разбере.

А оваа публикација го покажува токму тоа – нашите пратеници и кога зборувале тоа го правеле без аргументи. Дури во 44 % од своите излагања, народните избраници си беседеле без да имаат ниту еден аргумент за своите тврдења, злоупотребувајќи ја позицијата за да шират чисти демагогии. Во 45% пак, тие се труделе да аргументираат ама тоа било. Еден или повеќе аргументи се забележани во само 11% од дискусијата, што е сериозен пад од претходниот период кога аргументи се користеле во скоро една третина од дискусиите (во  29% што исто не е баш за фалење, но сепак…).

Во 54% од дискусиите, пратениците не се осврнувале на силата и квалитетот на аргументите на другите говорници додека во 37% пратениците останале на својот став и не ја признаа вредноста на аргументите на колегите од другите политички опции, што е за 27% повисоко од претходниот период (10%). Уште еден чекор назад во она што треба да значи вистинска дебата и уште еден показател дека  во  споредба со претходниот мандат во периодот јули – декември 2019, нивото на аргументирање во Собранието е значително опаднато.

… ама има навреди

И додека умешноста да се најдат аргументи за тоа што се зборува им е слаба страна, пратениците немале проблем да бидат креативни во манифестирањето на непочитување кон колегите од спротивните табори.

Анализата покажува дека тие повеќе се осврнуваат кон разгледување на личноста на соговорниците отколку кон аргументите на истите.

 Само во 16% од излагањата, пратениците искажале почитување или делумно почитување кон аргументите на пратениците од другата политичка партија, додека непочитување или делумно непочитување кон аргументите искажале во 26% од дискусијата.

Почитување или делумно почитување кон нивната личноста искажале во 32%, додека непочитување или делумно непочитување искажале во 20% од дискусијата.

Извештајот го потврдува и константно нискиот осврт на пратениците кон правата на маргинализираните групи, низ сите периоди на набљудување. Забележано е дека пратениците во над 93% од нивната дискусија, не се осврнуваат кон правата на маргинализираните групи, доколку специфично не се дискутира за одреден закон или тема на дневен ред поврзано за нивните права. Слично со претходниот период (јули – декември 2019), ниедна маргинализирана група не е застапена повеќе од 3% во дискусиите.

Сакаат да говорат, но не и да дебатираат

Според типот на дискусиите во овој период, поголем дел отпаѓаат на говори (46%), додека 23% од дискусијата отпаѓа на реплики и 17% на контрареплики. Оваа укажува на ниско ниво на интеракција помеѓу пратениците и на ниско ниво на размена на ставови – нивната мисија очигледно е да си го кажат тоа што мислат (или им е кажано) дека треба.

Во овој период се одржаа сите пленарни седници за пратенички прашања предвидени со закон. Само 14% од набљудуваните дискусии отпаѓаат на пратеничките прашања, дополнителни пратенички прашања и одговори на прашањата.

Во однос на типот на дискусија според политичката припадност на говорниците, може да се забележи дека најголем дел од дискусијата е иницирана од страна на опозицијата, преку нивните говори (59%), додека најголем дел од репликите припаѓаaт на власта (57%). Најголем дел од контрарепликите припаѓаат на опозицијата (74%). На опозицијата ѝ припаѓаат и 68% од пратеничките прашања и 79% од дополнителните пратенички прашања.

Доколку според партиската припадност на говорниците се анализира отвореноста кон аргументите на другите учесници на седниците, може да се заклучи дека двете страни повеќе се фокусираа на искажување на нивните ставови.

 Во 51% од дискусијата на мнозинството и 56% на опозицијата, пратениците не се осврнаа на аргументите на другиот. Споредено со минатиот период (јули – декември 2019), оваа бројка бележи намалување од околу 30% и кај власта и кај опозицијата, за сметка на непризнавање на аргументите на другиот.

 Во дискусиите на мнозинството, во 37% од случаите немаше промена на став и не се призна вредноста на аргументите на говорниците од другата опција, истото се случи и со дискусиите на опозицијата (37%). Во 5% од дискусијата, мнозинството иако немаа промена на став и си ја задржаа позицијата, сепак ја признаа вредноста на аргументите на другиот. Слично постапи и опозицијата во 6% од нивната дискусија. Говорниците од власта го променија нивниот став поради подобрите аргументи на нивните соговорници во еден случај, додека истото го направија и говорниците од опозицијата. Говорниците од опозијата исто сменија став по одредена точка на дневен ред, но не поради аргументи на другиот.

Ова го потврдува ниското ниво на квалитетот на дебатата во Собранието како и заклучокот дека постои значителен простор за подобрување, се констатира во документот.

Активности и отсуства

Според политичката припадност на говорниците од набљудувањето во овој период, произлегува дека пратениците од мнозинството составенo од: СДСМ и коалиција и ДУИ учествуваа во 40% од набљудуваните дискусии; додека опозицијата, која е составена од: ВМРО-ДПМНЕ и коалиција, Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Алијанса за Албанците, Движење БЕСА, Алтернатива и ДПА, учествуваа во 60% од набљудуваните дискусии.

Најактивни пратеници, односно пратеници кои на собраниската говорница се задржаа најдолго се: Панчо Минов со 283 минути, Трајчо Димков со 213 минути и Илија Димовски со 210 минути. Според тоа колку пати се јавиле за збор, најактивен пратеник е Ане Лашкоска, којa зеде збор 56 пати, пратеникот Панчо Минов – 54 пати и Зоран Илиоски – 50 пати. Најактивни пратенички овој период на набљудување беа пратеничките од опозицијата, Слаѓана Митовска, која на говорницата се задржа 134 минути и Ане Лашкоска – 125 минути.

Во меѓувреме, Радио МОФ објави една анализа за тоа колку се активни и посветени најмладите пратеници. Анализата покажува бројни отсуства од седниците, малку дискусии и уште помалку предложени закони. 

Податоците објавени во собраниската публикација „Мој Пратеник“ покажуваат дека најактивен помеѓу десетте најмлади пратеници бил Бојан Стојаноски, кој покрај тоа што имал најголем број излагања на пленарни седници, имал и најголем број на поднесени амандмани. Најнеактивен бил пратеникот Мухамет Кадиров, кој немал ниту еден поднесен закон и амандман, а воопшто и не дискутирал во Собранието, а малку активни биле и пратеничката Моника Зајкова, која имала само една дискусија и три реплики од почетокот на работа на овој собраниски состав и пратеникот Дарко Каевски кој имал два поднесени амандмани и вкупно седум дискусии и реплики вкупно.

Од вкупно 71 ден парламентарни седници колку што имало во периодот, најмногу отсуства имал пратеникот Тимчо Муцунски, дури 36, од кои 33 му се оправдани. Најмногу неоправдани отсуства, дури 13, имал пратеникот Иван Јорданов, додека најмладата пратеничка во Собранието, Артана Ќазими имала дури 20 денови отсуство од парламентарните седници, од кои 9 се неоправдани.

економија7 дена ago

Алексова, ТУК: Неповратна финансиска помош за спас на туризмот и угостителството

банки6 дена ago

Fitch Rating повторно го потврди кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка на “БББ-“

економија6 дена ago

Помала премија за речиси 5% или 8,5 милиони евра во 2020

македонија6 дена ago

Опасниот вирус на лагите е сојузник на Ковид – 19

економија6 дена ago

Властите задоволни од ефектот на антикризните мерки, бизнисот бара уште

технологии / компании2 дена ago

ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Управување со ликвидноста и cash gap

свет6 дена ago

Како еден град станува паметен?

lifestyle6 дена ago

Марк Кјубан: Станете експерт во тоа што го работите. Тоа ќе ви даде предност затоа што повеќето луѓе не го прават тоа.

македонија6 дена ago

Амбициозен инвестициски план: ќе бидат вложени преку 105 милиони евра во нови маркети и други содржини

Best CBD Oil for Pain


Best CBD Oil for Anxiety


CBD Gummies


Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil