Connect with us

економија

Стопанската комора со список барања до Владата во врска со енергетската криза – алармираат за колапс на компаниите

објавено

на

Владата мора да најде избалансирани решенија, кои ќе му овозможат на бизнис-секторот да преживее, сметаат во Стопанската комора на Северна Македонија.

Во овој момент нема поголем проблем за македонската економија од проблемот со цената на струјата, сметаат од Стопанската комора на Северна Македонија.

„Пред мене имам конкретни податоци за сметката за струја на една компанија членка на Комората. Иако во јули годинава компанијата потрошила помалку струја од јули минатата година, сметката за струја годинава ѝ е речиси шестпати поголема во однос на јули минатата година. Лани за јули платила околу 1 милион денари, а годинава за јули – 6 милиони денари. Кој бизнис-сектор ќе го издржи ова и до кога?“ посочи м-р Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанската комора.

Владата мора да најде избалансирани решенија, кои ќе му овозможат на бизнис-секторот да преживее, сметаат во најголемата и најстара бизнис комора во Македонија. „Ако не се случи тоа и ако многу фирми се затворат, тогаш и многу работни места ќе се изгубат. Ако луѓето останат без плата, нема да можат да ја платат сметката за струја, колку и да е таа субвенционирана од Владата. “, вели Јовановски.

Во прилог е списокот на барања што деновиве ги упати Комората до Владата со цел ублажување на кризата со цената на струјата. Ви го пренесуваме интегрално:

  1. Потребно е да се зголеми домашното производство и искористат сите можни ресурси.
    1. Набавката на јаглен и мазут за ТЕЦ Неготино да има апсолутен приоритет веднаш.  За да може да се обезбедат нови количини на мазут потребно е да се пушти продажбата на слободен пазар, односно да се тргне од листата на регулирана цена, за да не се случи недостиг на пазарот.
    2. ТЕ-ТО да биде во функција цела година, бидејќи многу важно да се има домашно производство не само во услови за да има стабилност туку и за услови доколку се случи затворање на границите и на cross border протокот (преку граничниот проток на електрична енергија). Во спротивно ќе се случат рестрикции што негативно ќе се одрази на континуирано производство на домашната економија.
    3. 40 до 45 мегавати фотоволтаици што се инсталирани и/или се инсталираатсеуште чекаат на приклучок на мрежа. Се бара ЕВН и сите субјекти кој што се одговорни да ги приклучат во најбрз можен рок, бидејќи нема економска оправданост да има инсталирани фотоволтаици а истите да не се ставени во функција само затоа што не се приклучени на мрежата.

2. Владата да ја врати Уредбата која беше во функција во услови на прогласена кризна состојба со која целокупната произведена енергија од обновливи избори беше насочена само за индустријата. Тоа беше и единствена мерка за поддршка на индустријата во делот на набавка на енергенси со поповолни услови. Со укинување на таа Уредба енергијата произведена од обновливи извори наменета за индустријата се намали за цели 8 процентни поени и сега изнесува од 6% до 7%, што значи со губењето на енергија од обновливите извори за потребите на индустрија производните трошоци на компаниите ќе растат.

3. Се бара измени во Законот за градба, со цел легализирање на индустриски капацитети/објекти само со Г намена (за незагадувачка индустрија), кои се изградени согласно веќе донесените урбанистички планови и имаат основни проекти, но немаат дозвола за градба од повеќе објективни причини.

4. Регулаторна комисија за енергетика да припреми Правилник за организирање дистрибутивни мрежи.

4.1. Со зголемување на инсталираната моќност од фотоволтаиците ќе настане потреба од градење на 110 киловолтни трафостаници а на тие ќе има можност да се приклучат и други производители.

4.2. Да се спречат злоупотребите на стопанските субјекти кои се префрлаат на универзален снабдувач а при тоа ги исполнуваат условите да бидат на слободен пазар. Тоа е работа на Регулаторна комисија за  енергетика, која при вака констатирани злоупотреби треба да му даде налог на ЕВН истите да се прекинат, бидејќи со таквата злоупотреба се прават две штети. Прво се ставаат економските субјекти во нерамноправна положба и второ непотребно се оптоварува ЕСМ. 

Бидејќи овие заклучоци се донесени и изградени во текот на месец јули, а сегашната ситуација е подраматична (тоа го покажуваат сметките за струја кои ги добиваат компаниите овие денови и раст на цената на струјата на берзата) Комората смета дека фокусирањето на ова прашање мора да има апсолутен приоритет бидејќи се погласни се предупредувањата од компаниите дека без државна поддршка тие немаат друга алтернатива освен да го редуцираат производството, бројот на вработените и економската активност, да не зборуваме дека инвестиционите активности ке станат мисловна именка.

И досега за одредени прашања сме имале различни ставови, некогаш сме наоѓале заеднички јазик, некогаш не, но ова прашање добива такви димензии, ако не изградиме заеднички став може да доведе до состојба од која враќањето на нормалното функционирање на компаниите ќе биде невозможно.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал