Connect with us

банки

Стопанска банка а.д. Битола ја бележи најуспешната година во своето работење

објавено

на

Добивката на Банката согласно последните податоци надминала 400 милиони денари, односно 6,5 милиони евра. Покрај нето-приходите од редовното работење, најзначаен придонес за ваквиот резултат има наплатата на претходно отпишано побарување, што резултираше со значително ослободување на исправка на вредност.

 

Заокружувајќи ја неизвесната и предизвикувачка 2020 година со сигурен и утврден успех, Стопанска банка а.д. Битола комплетно подготвена, со јасна визија и цели за делување ја започна деловната 2021 година, која сега, по завршени три квартали, може да ја сметаме за една од најуспешните во досегашното долгогодишно функционирање на Банката, се вели во соопштението за јавност што го испратија од банката денеска.

„Со задоволство може да кажеме дека флексибилноста и брзото делување во услови на бројни екстерни шокови – економски и регулаторни –  беа клучните чекори кои на Банката и овозможија успешно работење и во услови на криза од глобални размери.“, велат од Стопанска банка Битола.

Оттаму додаваат дека со целосниот фокус на минимизирање на ризиците по здравјето на клиентите и на вработените, на наплата на побарувањата, одржливо кредитирање и натамошно зајакнување на депозитниот потенцијал, добивката на Банката согласно последните податоци надминала 400 милиони денари, односно 6,5 милиони евра.

Покрај нето-приходите од редовното работење, најзначаен придонес за ваквиот резултат има наплатата на претходно отпишано побарување, што резултираше со значително ослободување на исправка на вредност, која директно се одрази врз добивката на Банката, а во иднина ќе претставува темел за засилено кредитирање и директна поддршка на растот и развојот на клиентите, што ќе придонесе и за дополнителен раст и зајакнување на позицијата на Банката во рамки на домашниот банкарски систем.

„Во услови на економска криза поради пандемијата, која наметна бројни предизвици и проблеми во работењето на компаниите во земјава и врз стандардот на граѓаните, значајно е да се истакне дека квалитетот на кредитното портфолио во Стопанска банка а.д. Битола односно учеството на нефункционалните во вкупни кредити на Банката е на ниво на просекот за банкарскиот сектор. Кредитирањето на правни и физички лица се задржа на стабилно ниво без поголеми флуктуации, притоа овозможувајќи висока стапка на адекватност на капиталот од над 17,50%, што е повисоко од упросечената вредност за банкарскиот сектор, што упатува на високо ниво на капитализираност на Банката, солвентност и стабилност во работењето, кои се клучни за довербата на јавноста во Стопанска банка а.д. Битола. Потврда за тоа е и растот од 6,37% на депозитите на правни лица и од 3,72% на депозитите на домаќинства од почетокот на годината.“, се вели понатаму во соопштението.

Доколку остварените резултати се анализираат не само од оперативен туку и од поширок економски и деловен аспект, може да се каже дека тие се потврда за поддршката што Банката им ја дава на домаќинствата и на стопанството во услови кога е најпотребно.

Во оваа насока се и инвестициите што ги вложува Банката во развој на дигитални производи и услуги бидејќи е несомнено дека една од последиците од пандемијата е и забрзаната дигитална револуција, односно дигитализацијата во сите сфери од општественото и економското делување. Дигитализацијата е тренд кој веќе подолго време е еден од водечките компоненти за понатамошен развој на Стопанска банка а.д. Битола. Имајќи ги предвид потребите на клиентите, Банката изврши унапредување на функционалностите на интерните системи со цел обезбедување подобра основа за опслужување на клиентите и нивно подобрено корисничко искуство.  

Исто така, значајна е поддршката од Стопанска банка а.д. Битола и за повеќе општествени проекти и активности, со кои го даваме нашиот придонес за подобрување на условите во заедницата во која живееме и работиме.

Во контекст на оштествената одговорност, Банката и оваа година ја продолжи својата заложба за поддршка на активности кои ги издигнуваат културата и спортот на повисоко ниво. Стопанска банка а.д. Битола овој месец беше горд спонзор и поддржувач на еден од најзначајните културни настани во земјава и на меѓународно ниво – Интернационалниот фестивал на филмска камера “Браќа Манаки”. Во месец септември, Битола беше градот на културните настани, а Банката со задоволство даде поддршка и на одбележувањето на 25-годишнината од постоењето на групата ,,Фолтин’’, како и на манифестацијата „Битола – отворен град“. Во областа на спортот, Банката го поддржа спортскиот настан “Трчај бе”, а со донација преку ваучерскиот систем за поддршка на спортот, кој го одобрува Агенцијата за млади и спорт, даде и свој придонес за развој и унапредување на ФК Пелистер.

македонија4 часа ago

Заев најави повеќе градоначалници одошто опозицијата, Мицкоски веќе прогласи победа на локалните

економија2 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

економија3 дена ago

Средба Народна банка – ММФ: Повисоката инфлација во Македонија е резултат на глобални притисоци

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

македонија3 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

македонија4 дена ago

Димитров од Самитот на The Economist: ЕУ и Бугарија да покажат одговорност и лидерство

македонија4 дена ago

Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија

регион4 дена ago

Курти на Самитот во Скопје: Криминалот не познава националност. Старовиќ: Акцијата во Митровица е прекумерна употреба на сила

македонија4 дена ago

Јошка Фишер од Самитот во Скопје: Западен Балкан припаѓа на Европа, не ги отворајте вратите за играчи како Кина

македонија4 дена ago

Заев на Самитот на Западен Балкан: Економијата се стабилизира, порака до сите инвеститори да вложат во Северна Македонија

економија2 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

регион5 дена ago

Немири на северот во Косово, Србин тешко повреден

македонија6 дена ago

Заев ја најави досега најголемата инвестиција во земјава: германската WPD ќе гради ветропарк од 500 милиони евра

lifestyle6 дена ago

„Божиновски“ го донесе часовникот на Џејмс Бонд во својот новодизајниран салон

македонија5 дена ago

Утре во Скопје се одржува „Самитот на Западен Балкан“ организиран од лондонски The Economist

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

македонија6 дена ago

Струјата за домаќинства со иста цена до крајот на годинава

свет6 дена ago

Директорката на ММФ, Георгиева, го „преживеа“ скандалот со Дуинг Бизнис

регион4 дена ago

Курти на Самитот во Скопје: Криминалот не познава националност. Старовиќ: Акцијата во Митровица е прекумерна употреба на сила

економија5 дена ago

Македонските агро – бизниси ќе учат како да продаваат преку дигитални канали