start up
Сто илјади евра финансиска поддршка за македонскиот стартап Elevate Global од страна на Бизнис акцелераторот УКИМ
објавено
на
автор:
Игор Петровски
Решението на Elevate Global со коешто конкурира на светскиот пазар е всушност софтвер, којшто со огромна брзина трансферира голем број податоци во применливо знаење при носење деловни одлуки.Нивниот продукт интегрира процесирање на огромни количини на податоци, вештачка интелигенција и машинско учење, со цел да помогне при предвидување на ситуации во различен опсег на индустрии што се клучни за донесување на одлуки.
Сто илјади евра финансиска поддршка доби македонскиот стартап Elevate Global од страна на Бизнис акцелераторот УКИМ (БАУ), што е всушност првата инвестиција на овој акцелератор откако почна да функционира минатата година. БАУ ќе додели две транши на Elevate Global – иницијална инвестиција во износ од 25.00 евра и последователна инвестиција од 75.000 евра. Исто така, БАУ ќе обезбеди и континуирана дополнителна поддршка во менторство на тимот на стартапот и поддршка при освојување нови пазари. Средствата остварени од инвестицијата на БАУ ќе помогнат на Elevate Global во нивното тековно работење, маркетинг и развој на бизнисот, беше објаснето на денешната промоција на оваа инвестиција.
Наједноставно кажано, решението на Elevate Global со коешто конкурира на светскиот пазар е всушност софтвер, којшто со огромна брзина трансферира голем број податоци во применливо знаење при носење деловни одлуки.
Нивниот продукт интегрира процесирање на огромни количини на податоци, вештачка интелигенција и машинско учење, со цел да помогне при предвидување на ситуации во различен опсег на индустрии што се клучни за донесување на одлуки.
„На пример, во областа на електроенергетиката, предвидуваме генерирање и потрошувачка на струја од соларни панели и ветерници се’ со цел да се знае колку струја ќе биде произведена или потрошена за да се балансира енергијата. Ако не го правиме тоа нашиот систем ќе колабира, ќе падне. Што мислите, што ќе се случи со електроенергетскиот систем ако сите ставиме сончеви панели на покривте на домовите? Електроенергетскиот систем ќе го немаме, ќе изгори за една минута. Многу е тешко да ја балансирате електроенергетската мрежа. Мораме да знаеме која е потрошувачката, побарувачката и кој тоа во секој момент ќе го врши снабдувањето. Затоа се потребни процесирања на огромни количини на податоци со огромна брзина“, објасни Ѓорѓи Маџаров, ко – основач и директор на Elevate Global на денешната онлајн презентација на инвестицијата.
Маџаров, којшто е инженер и универзитетски професор по информатика, ја раскажа накратко и успешната приказна за неговиот стартап.
„Се’ почна пред околу 2 години, кога една идеја на двајца инженери посветени на својата научно – истражувачка работа беше презентирана на локалниот настан BETAPITCH Скопје. Оваа идеја беше препознаена од стручното жири и како најдобра се најде на глобалниот настан BETAPITCH Global во Берлин. Прва јавна презентација, прв јавен настап, прво искуство и прва меѓународна награда. Потоа се нижеа и другите награди и признанија. Победници на GIST настанот, позиционирање меѓу најдобрите 30 стартап компании на TechTour за Југоисточна Европа, па се’ до Merit Winner-Digital Innovation Award од World Information Technology and Services Alliance (WITSA) во конкуренција на иновативни решенија од преку 80 земји од целиот свет. Времето одминуваше, тимот вредно работеше и идејата добиваше свој лик и имплементација. Денес имаме решение подготвено за пласирање на светскиот пазар. Улогата на стартап екосистемот, акцелераторите и фондовите за развој во оваа фаза е клучна и неговата поддршка во процесот на бизнис развојот неминовен за да се постигне посакуваниот успех“, рече Маџаров.
Александар Стамболиев, раководител на БАУ ги повика сите кои имаат идеја да се пријават на отворениот повик за апликации за поддршка на Акцелераторот УКИМ на линкот: http://accelerator.ukim.mk/apply/.
„Поддршката вклучува инвестиции во рана фаза и прилагодени програми за поддршка на бизнисот, вклучувајќи менторство и пристап до меѓународни пазари, фондови, мрежи и заедници. На располагање се целокупното искуство и ресурси на нашите основачи: УКИМ-ИНОФЕИТ, Развојната фондација Кримсон, Друштвото за ревизија РСМ и фондацијата ‘Проф. д-р Димитар Стамболиев’, кои заедно во соработка со повеќе од 3.000 професори од најстариот универзитет во Македонија, 25 ментори – успешни Mакедонци во светот претставени преку Обединетата Македонска Дијаспора и нашите меѓународни партнери ќе ви помогнат да го остварите својот бизнис потенцијал“, порача Стамболиев.

На промоцијата присуствуваа и Фатмир Битиќи – вицепремиер задолжен за економски прашања, Коста Петров, директор на Фондот за иновации и технолошки развој и проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ.
Ректорот Јанкуловски го истакна придонесот на академската заедница во развојот на стартап екосистемот во државава.
„Со формирање на Акцелераторот УКИМ сакавме да покажеме дека имаме општествена одговорност, да му помогнеме на општеството и на човештвото кои се соочуваат со сериозни кризи и предизвици и потребата научните и стручни капацитети на нашиот Универзитет да ги ставиме во функција на општествениот и технолошкиот развој. Нашиот придонес за развој на стартап компаниите, забрзување на нивниот раст и развој и со помош на останатите содружници во проектот за акцелераторот, за меѓународно вмрежување на стартапите и партиципација на глобалниот пазар, се состои од плејада експерти од сите научни подрачја, голем број лаборатории и материјални ресурси со кои располагаме“, рече Јанкуловски.
Според Битиќи, микро, малите и средни претпријатија, во најголем број, се јадрото на секоја економија.
„Ако до пред три години постојано слушавме дека компаниите се соочуваат со сериозни проблеми во изнаоѓање финансии за отпочнување на бизнис, реализација на нивните бизнис идеи, за унапредување на нивните процеси, за проширување и технолошки развој, сите сме сведоци дека денес тоа не е случај. Во изминатите три години креиравме широк дијапазон на можности за младите лица, за креативните луѓе, за веќе оформените компании. Тука би ги споменал грантовите и кредитите за самовработување преку Агенцијата за вработување, потоа мерките од Фондот за иновации и технолошки развој со кои го издигнавме Фондот на навистина високо ниво, а стана препознатлив за поддршка на микро, мали и средни компании, старт ап и спин оф“, рече Битиќи.
ФИТР и Владата континуирано ги поддржуваат домашните компании со цел економско зајакнување, отворање на нови работни места и конкурентност на пазарите и во поразвиените земји, додаде директорот на ФИТР, Коста Петров.
„Инвестирањето во основање и развој на акцелератори за нас е од особено значење, бидејќи преку нив се овозможува техничка поддршка и финансии за млади луѓе кои ги реализираат своите идеи преку стартап компании, односно брзо растечки бизниси. ФИТР во соработка со Светска банка досега поддржа три акцелератори со речиси два милиони евра и 305 стартап компании со вкупно кофинансирање од 17,3 милиони евра. Преку инструментите на ФИТР на корисниците им нудиме средства за почетни инвестиции, но и за инвестиции во сите фази на развој на нивните бизниси“, истакна Петров.
Прочитај Уште...
-
Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани
-
Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи
-
Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“
-
Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава
-
10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија
-
„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година



Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

Македонската економија на среден и долг рок (2)

Каква година ќе биде 2021 за инвеститорите

Доаѓа ерата на “пост – менаџментот“

Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба?

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

Одобрена е првата група на кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

Средствата за дезинфекција од “Алкалоид” со докажано дејство против SARS-CoV-2 (COVID-19)

ССК бара финансиската помош за исплата на плата и бескаматните кредити да траат најмалку до април

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава
