Connect with us

македонија

Сто и девет  компјутери за 109 деца без родителска грижа во згрижувачки семејства низ Македонија

Заедничка акција на „Донирај компјутер“, „СОС Детското село“ и „Нептун Македонија“

објавено

на

Разговаравме со Борче Стаменов од „Донирај компјутер“, Александра Ивановски од Центарот за згрижувачки семејства СОС Детско село и Александра Тасевска од „Нептун Македонија“ за кампањата што ја направија со заеднички напори со цел 109 деца згрижени во 70 семејства низ земјава да добијат 109 компјутери со цел нивно полесно вклучување во образовните процеси и зголемување на информатичката писменост и дигиталната инклузија.

Во текот на изминатиот период се реализираше кампања за обезбедување на над 100 компјутери за СОС Детско село која финишираше со почетокот на учебната година. Пред да зборуваме подетално за оваа кампања дали може да ни кажете нешто повеќе за идејата за зад “Донирај компјутер”? Како дојде до оваа иницијатива?

Донирај Компјутер никогаш не беше замислена во формата во која функционира денес. Замислена беше од еден човек кој имаше идеја, која не беше ништо посебно. Се започна во компанијата, Бидат Информатика, каде сум вработен повеќе од 21 година. Честопати наши клиенти при купување нов хардвер, стариот го оставаа во нашите простории. Сосема случајно некаде декември 2016 година една самохрана мајка побара од нас да и подариме половен компјутер за нејзините дечиња. Средивме еден, ставивме некоја игричка на него и им го доставивме до дома. Среќата во детските очи беше тригер за тоа не застане таму. И не застана.

Донирај Компјутер постои веќе седум години, и имате донирано повеќе од 2600 компјутери. Која е финалната цел на Донирај компјутер?

Па исто како што и започнавме и сега немаме зацртано некоја цел. Секојдневно работиме на тоа да обезбедиме што е можно поголем број на ИТ уреди како би помогнале на што е можно поголем број на семејства. Според податоци на МОН, во Македонија има околу 40.000 семејства кои не поседуваат никаков уред. Ние тој број успеавме да го намалиме без да потрошиме некоја значителна сума на пари. И таа моја намера се остварува. Успеав да поврзам огромни компании кои ни донираат компјутери, а ние преку мрежата на карго службата ЕкоЛогистик бесплатно ги испорачуваме до семејствата. Нептун ни е од огромна помош бидејќи сите нивни салони се ставени на располагање на Донирај компјутер. Секој што сака да донира било каков ИТ уред може едноставно да го остави во било кој салон низ државата, а Нептун еднаш неделно тие донации ги носи до Кавадарци од каде ние ги преземаме со наше возило. Ќе спомнам само и дека Донирај Компјутер до денес има обезбедено и ИТ опрема за кабинети за околу 40 училишта низ цела држава. Тоа е нашата цел. Не само децата и семејствата, туку на некој начин да и помогнеме и на државата да се справи со недостатокот на ИТ опрема по државните училишта. 

Каде ја гледате иницијативата во иднина и што е следниот чекори за Донирај Компјутер?

Тие чекори веќе и ги превземаме. Донирај компјутер покрај тоа што е најголема хумана иницијатива што некогаш и се случила на Македонија, сега полека станува и едукативна иницијатива. Со договорите кои ги склучивме со локалните технички училишта, ние сега имаме и постојан “доток” на практиканти/волонтери кои секојдневно доаѓаат во нашата работилница. Тука се учи другарство, хуманост, филантропија, емпатија и нормално занает. Нормално учиме да бидеме и зелена иницијатива со тоа што цел наш отпад завршува во компанија која се занимава со прописно одлагање и уништување на електронскиот отпад како би се зачувала и животната околина.

Партнерството со СОС Детско село ја донесе и најголемата донација која до сега сте ја дале, 109 компјутери за 109 деца без родителска грижа во згрижувачки семејства низ Македонија. Како дојде до идеја за оваа акција и како течеше целиот процес? Дали соработката со организации од овој вид е нешто што го гледате како начин за проширување на мисијата на Донирај компјутер и можност да стигнете до повеќе луѓе од социјален ризик?

Кај нас се обраќаат многу ентитети кои имаат потреба од донација на ИТ опрема. Таков беше случајот и со СОС Детско село. Донацијата беше договорена за “5 минути”. Може да се каже дека покрај тоа што ова беше огромна донација, успеавме да обезбедиме уреди за сите тие семејства за околу 1 месец. Тоа вклучува поправка, инсталација, пакување и испорака. Во меѓувреме не беа запоставени луѓето кои се пријавуваа на нашата фан страна. Донацијата од 109 уреди го поткрена нивото на организираност и функционалност на едно повисоко ниво и претставува рекорд во испорачани уреди за многу краток временски период.

Волонтерите веќе знаат што работат и за кого работат и тоа придонесе да се дополнително инспирирани. Донирај компјутер како иницијатива или организација веќе има соработници низ цела држава. Мрежата што ја креирав е исплетена со многу успешни соработки со над 50 здруженија или иницијативи. Во наредниот период акцент ќе се стави на тоа да тие соработки се официјализираат со меморандуми за соработка. На тој начин се надевам дека ќе успееме да допреме и до поголем број на донатори и семејства од социјален ризик на кои им треба помош. За крај ќе упатам еден апел до сите компании, доколку имате компјутери кои не ви се потребни сега имате можност да ги донирате. Со самата ваша донација помагате на огромен број на семејства, деца, студенти, училишта. Или со мои зборови, менувате човечки судбини. (Борче Стаменов Донирај компјутер)

Нептун е стратешки партнер на “СОС Детско село” и на “Донирај компјутер”. Од кога се овие партнерства и како дојде до идеја да ги споите вашите два партнери во една ваква хумана кампања  и која беше улогата на Нептун во организирање на соработката помеѓу овие две организации?

Минатата година Нептун Македонија се приклучи кон акцијата на Донирај Компјутер за дигитална инклузија на децата со што овозможи секоја продавница на Нептун во сите градови да преставува собирен пункт за донирање на ИТ опрема. Со оглед на тоа дека нашата компанија е сериозен стратешки партнер на СОС Детско село увидовме исклучителна можност за спојување со нашиот друг партнер “Донирај компјутер” сè со цел повторно да придонесеме во мисијата обезбедување можност за соодветно вклучување на сите деца и децата од СОС Детско село во образовниот процес. Сигурни сме дека со оваа соработка, ќе бидеме пример и мотив за многу други компании во државата да ја користат секоја можност и прилика да поддржуваат ваков тип на иницијативи со што сите ќе инвестираме во вредности, во семејствата, во компанијата каде работиме, во тимовите од кои сме дел и секако во нашето општество. (Александра Тасевска – Нептун)

СОС Детско село е позната невладина организација чиј главен фокус на делување е поддршка на ранливата група деца и млади без родителска грижа. Дали можете да ни споделите повеќе информации за Центарот за згрижувачки семејства на СОС Детско село, работата и целите на организацијата?

СОС Детско село од самото основање пред 23 години обезбедува квалитетна алтернативна грижа за деца без родители и за овој период се изгради како експертска организација во оваа област. Како резултат на нашите резултати, во декември 2022 година го отворивме Центарот за поддршка на згрижувачки семејства со поддршка на Министерството за труд и социјална политика и партнерите. Идејата е преку активностите на Центарот  да се унапреди семејната грижа за децата без родителска грижа и за да се обезбеди соодветна поддршка за новите и постојните згрижувачки семејства интегрирани во заедницата.

Драго ни е што сме препознаени во нашата работа и  што ни е овозможено да ја прошириме нашата дејност не само на територија на Град Скопје, туку и вардарски и југоисточен регион на нашата држава. Во рамки на нашиот центар во моментот се вклучени 73 згрижувачки семејства каде се сместени 138 деца без родителска грижа.

Она на што работиме со особено внимание е  промовирање на згрижувањето, односно мотивирање на што поголем број заинтересирани граѓанки и граѓани да станат згрижувачи на деца. Фокусот ни е на промоција, бидејќи се соочуваме со недостаток на згрижувачки семејства, а овој облик на сместување е најсоодветен, во смисла дека е најблизок до семејната средина. Ние очекуваме бројката на згрижувачки семејства и понатаму да се зголемува, за да може секое дете кое има потреба од сместување да биде згрижено во семејна средина.

Покрај задачата за промоција на згрижувањето,  Центарот за поддршка на згрижувачките семејства работи и во областа на обезбедување на континуирана  поддршка, помош и насочување на згрижувачките семејства да обезбедат грижа каква што му е  потребна на детето сместено кај нив. Стручната работа се реализира низ разни облици на поддршка, обука, совети и водство за згрижувачките семејства за заеднички да го остварат „најдобриот интерес на детето. Освен квалитетно стручно постапување, имаме развиено и механизам на материјална поддршка на згрижувачките семејства. Имено секаде каде можеме со наша и со помош од нашите соработници, донатори и партнери обезбедуваме донации за унапредување на условите во згрижувачките семејства. Таква една акција беше и акцијата донирај компјутер. “Донирај компјутер” донираше 109 компјутери за 70 згрижувачки семејства поддржани од Центарот за згрижувачки семејства.

Во време на дигитална поврзаност и глобални информации и како што видовме во времето  на КОВИД  и изведување на образовниот процес онлајн,  компјутерите постануваат неопходен дел во секојдневното функционирање а посебно за децата и младите. Може ли да ни споделите повеќе информации за оваа акција и колку оваа донација е важна за децата во згрижувачките семејства?

Многу е важна оваа акција, особено заради фактот дека сите ние живееме во свет каде Интернетот и World Wide Web се нераскинлив дел од нашата култура и секојдневен живот, особено кога станува збор за децата и младите.   Дигиталната технологија денес е присутна во сите аспекти од нашето живеење, образование  и работење.

Акцијата за наше големо задоволство обезбеди компјутери за сите згрижувачки семејства под наша надлежност.

Одлична замисла и одлично спроведен проект, каде се земаа во предвид пред се можностите на згрижувачките семејства.

Со спроведувањето на проектот се обезбедија сите предуслови за ефикасно учење за сите деца во домашни услови. Им се обезбедија технолошки уреди за и тие, како и нивните соученици да можат да ги употребуваат истите за домашните задачи, односно истражување на разни содржини поврзани со наставата, пишување на проекти и други потреби кои се толку присутни во денешниот свет.

Ова е само еден чекор кон постигнување на нашата цел а тоа е воспоставување на една  дигитална култура и писменост за децата во згрижувачките семејства и е сосема во склад со нашите очекувања за понатамошен развој на нашите деца и млади.

Имено преку оваа акција, директно се придонесе кон остварување на нашата организациска цел, односно  подготовка на децата и адолесцентите за образование, работа и живот. Децата на овој начин имаат можност да се  стекнат  со основните вештини на дигиталната писменост.  Како и за другите деца, така и за децата кои се сместени во згрижувачки централен дел од вештините коишто им се потребни на децата за да бидат успешни во учењето, работата и животот воопшто се токму дигиталните вештини.

И процесот на учење само што започна, а згрижувачите како прави едукатори на децата, насочувачи и поттикнувачи на едукацијата и нивниот напредок треба точно да знаат што значи децата да бидат дигитално писмени.

Дигитална писменост не значи само техничко знаење за дигиталните техники, процеси. Дигитална писменост се однесува на знаења, вештини и ставови коишто им овозможуваат на децата истовремено да бидат безбедни и да имаат моќ во дигиталниот свет.

И во овој контекст нашите стручни лица обезбедуваат континуирани едукации и за згрижените деца и за згрижувачите, за безбедност на интернет просторот во нивен најдобар интерес.

За крај голема благодарност до здружението Донирај компјутер. Навистина ги надмина нашите очекувања, особено заради тоа што денес со гордост можеме да кажеме дека заеднички обезбедиме компјутери за секое згрижувачко семејство.

(Александра Ивановски – Директор на центарот за згрижувачки семејства СОС Детско село)

македонија42 минути ago

Комерцијална банка е најпосакуван работодавач во 2023 во категоријата Банкарство и финансии

економија47 минути ago

Ангеловска – Бежоска: Каматната стапка ќе ја намалиме во втората половина од годинава, доколку не се остварат позначителни ризици

македонија20 часа ago

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

македонија2 дена ago

„Алкалоид“ со донација на течен „Омепразол“ ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

банки4 дена ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет4 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет4 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании4 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион4 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија4 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

свет4 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

регион4 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

економија4 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

македонија4 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

технологии / компании4 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

економија4 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

свет4 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

македонија4 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

свет4 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.