Connect with us

економија

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

објавено

на

Клубот на одговорни бизниси, формиран од страна на здружението „Конект“  преку активностите како што е стручната обука за општествена одговорност и ESG одржана неодамна, директно инвестира во професионалците и професионалките кои работат во областа на ООП и ESG во компаниите членки на клубот, но и оние кои се заинтересирани да се придружат.

Бизнисите имаат клучна улога на двигатели  на одржливиот развој на заедниците во кои делуваат и каде припаѓаат. Одговорноста и унапредувањето на животната средина, општествениот развој, етичкото управување и човековите права веќе се клучни аспекти на водењето успешен бизнис. 

Клубот на одговорни бизниси, формиран од страна на здружението „Конект“  преку активностите како што е стручната обука за општествена одговорност и ESG одржана неодамна, директно инвестира во професионалците и професионалките кои работат во областа на ООП и ESG во компаниите членки на клубот, но и оние кои се заинтересирани да се придружат.

На обуката се дискутираше за најновите трендови во областа, се споделија информации за најдобри практики, а учесниците се стекнаа со применливо знаење за ESG и општествена одговорност со фокус на прашања од областа на заштита на животната средина кое им го пренесе г-а Лиса Мек Илвена, клучна експертка и заменичка оперативна директорка на „Business in the Community“ од Северна Ирска.

Комерцијалната вредност на одржаната обука е 380 евра, но за членките на Клубот на одговорни бизниси и оние кои би сакале да се придружат на истиот Конект ја нуди бесплатно.

„Особено радува интересот на компаниите да се усовршуваат и да ја надградуваат стручноста на нивниот кадар. Со примена на стекнатите искуства заеднички можеме да манифестираме посилно влијание на животната средина, интегритетот, заедниците и луѓето. Клубот на одговорни бизниси продолжува да им нуди понатамошна поддршка и да им помага на компаниите да растат во општествената одговорност, ESG и филантропија насочена кон одржлив развој.“, вели Никица Кусеникова, дирекорка на „Конект“.

Обуката е дел од проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“ спроведуван од Конект, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Индиго и Американската стопанска комора во Северна Македонија. 

Во овој контекст, Клубот на одговорни бизниси (КОБ) на Конект го организираше и  првиот директорски појадок – настан на кој лидерската група на Клубот на одговорни бизниси дискутира за клучните општествени проблеми на кои клубот стратешки се насочува, се разменија согледувања и се креираа можности за заеднички иницијативи во рамки на Клубот на одговорни бизниси. На појадокот беа присутни бизнис лидерки и лидери на највисоки извршни позиции од членките на КОБ и компании во процес на зачленување.

 Директор(к)ите разговараа за најзначајните прашања за бизнисите и трендовите на одржливост. Се истакна важноста на лидерството за одржливоста и потребата од окрупнување на влијанието на компаниите преку здружување во Клубот на одговорни бизниси на Конект. Компаниите посветено ќе работат на враќање на вредности кои во нашето општество ги снемува и недостасуваат. Клучни теми и предизвици за кои лидерството изрази готовност за соработка вклучуваат: иселувањето на луѓето од земјата, квалитетното образование и можности за млади, јакнење на свест и заштита на животната средина и др.

Дискусијата од која ќе се обликуваат програмите на клубот беше предводена од г-ѓата  Кусиникова од „Конект“, а специјална гостинка беше г-ѓа Лиса Мек Илвена, клучна експертка и заменичка оперативна директорка на „Business in the Community“ (BITC) од Северна Ирска што е сродна иницијатива на КОБ основана под покровителство на Неговото Величество Кралот Чарлс Трети на Обединетото Кралство.

Директорскиот појадок е исто така дел од проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“ спроведуван од Конект, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Индиго и Американската стопанска комора во Северна Македонија. 

македонија2 минути ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија4 дена ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија4 дена ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки5 дена ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија5 дена ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју1 недела ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија1 недела ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“

економија2 недели ago

Почна проектот „Бизнис лидер“ – нова, иновативна платформа за вмрежување на најдобрите од македонскиот деловен свет

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци