Connect with us

македонија

Стручњаци од македонски „Фероинвест“ ја монтираат опремата за ХЕ „Накра“ во Грузија

објавено

на

Групацијата Брако – Фероинвест произведе опрема и за две други хидроелектрани во Грузија, ХЕ „Ипари“ и ХЕ „Келра“, кои веќе две години успешно произведуваат електрична енергија.

Тим од инженери и техничари од „Фероинвест“ работи на инсталирање на третата хидроелектрана во Грузија. На подготвен терен ги пречекаа турбинските куќишта кои што на почетокот на ноември беа испорачани од фабриката на „Брако“ во Велес. Веднаш потоа , беа испорачани три возила со дополнителна електромашинска опрема. Во моментов, стручниот тим од „Фероинвест“ работи на монтажа на опремата во првата фаза, пишува порталот Извоз.мк.

„По завршување на првата фаза, следува секундарно бетонирање на турбинските куќишта и сушење на бетонот во период од 14 дена. Во тој период, во Грузија ќе пристигнат уште два камиони со генератори со што почнува втората фаза од монтажата на опремата“- велат од компанијата.

За монтажа на опремата во втората фаза, на терен во Грузија ќе пристигне друг тим од електро инженери и техничари кои паралелно ќе работат на монтажата на електроопремата (среднонапонски ќелии, нисконапонски ормари, трансформатори, каблирање), а првата екипа ќе продолжи со останатата машинска опрема (работно коло, инјектори, млазници, хидраулични цилиндри, хидраулични агрегати).

Во последната трета фаза од монтажата на опремата во Грузија ќе пристигне тим од секторот за  управување и СКАДА со што започнува тестирањето на опремата, конфигурирање на СКАДА системот, тестирање на генераторски лежишта и на крај 24 часовен тест по што се смета дека хидроелектраната е пуштена во работа.

Групацијата Брако – Фероинвест произведе опрема за две други хидроелектрани во Грузија, ХЕ „Ипари“ и ХЕ „Келра“, кои веќе две години успешно произведуваат електрична енергија.

Големиот енергетски проект е финансиран од Европска банка за обнова и развој, што е уште една потврда за квалитетот и експертизата на групацијата „Фероинвест“ во проектирање и изведба на енергетски капацитети. 

банки20 часа ago

Комерцијална одржа акционерско собрание, утврдена дивиденда од 500 денари по акција

македонија1 ден ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија2 дена ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки2 дена ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија3 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија3 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија5 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки6 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија6 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија7 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија7 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија6 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија1 недела ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

банки1 недела ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија1 недела ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

економија7 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

македонија3 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје