Connect with us

македонија

Студио за висока мода од Струмица инвестира во соларни панели со помош на ЕБРД и ЕУ

објавено

на

„Емили ексклузивен дизајн“, модното студио специјализирано за венчаници и вечерни фустани, ги извезува своите креации во Бугарија, Италија, Швајцарија, Германија, САД и Австралија.

Со растечките цени на електрична енергија и несигурноста од нејзино снабдување, домаќинствата и деловните ентитети бараат начини да ја подобрат енергетската ефикасност и да станат независни во снабдувањето со енергија.

Токму заради ова, Емили ексклузивен дизајн, студио за висока мода од Струмица, менаџирано од Емили Пишева Гоџирова и Благица Пишева да инвестира во оваа сфера. Модното студио специјализирано за венчаници и вечерни фустани, ги извезува своите креации во Бугарија, Италија, Швајцарија, Германија, САД и Австралија.

,,Кога започнавме да го прошируваме нашиот бизнис, ги осознавме подетално оперативните трошоци. Увидовме дека електричната енергија е еден од нашите најголеми месечни трошоци, и почнавме да размислуваме за намалување на истите. Од таму произлезе и идејата за инвестиција во соларни панели,’’ објаснува Емили.

Потоа следува аплицирање за кредит во Охридска банка, преку програмата на Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ), за поддршка на конкурентноста на малите и средни претпријатија (МСП) во земјата. МСП можат да аплицираат преку специјализирани кредитни линии и да добијат грант во износ до 15 отсто од износот на кредитот, кој е обезбеден од ЕУ. Инвестициите во енергетска заштеда се помеѓу приоритетните инвестиции кај МСП.

,,Соларните панели кои што ги имаме инсталирано, произведуваат 15,84 kWh, што е износот на електрична енергија потребен за производство. По неодамнешните измени во легислативата, можеме да вратиме електрична енергија на мрежата доколку не ја искористиме, и да добиеме дополнителна финансиска надокнада,’’ додава Емили.

Помали сметки за електрична енергија, поголема конкурентност

Инвестирањето во зелени технологии кои заштедуваат енергија, може да им помогне на малите бизниси да ги намалат оперативните трошоци и да ја подобрат продуктивноста. Со ова се усогласуваат со ЕУ и меѓународните стандарди, правејќи ги своите бизниси и производи поконкурентни за локалните и надворешните пазари.

ЕБОР и ЕУ ги поддржуваат локалните бизниси на Западен Балкан, за да бидат поконкурентни, со продолжување на специјализираните кредитни линии и грантовите за поддршка, преку мрежата на локалните партнерски банки.

,,Инвестирањето во обновливи извори на енергија и мерките за заштеда на енергија можат да го направат бизнисот поконкурентен на ЕУ пазарите, особено во однос на најавениот механизам за прилагодување на границите на јаглерод од страна на ЕУ. Ова ќе биде голема поддршка за економиите и компаниите на Западен Балкан, во однос на декарбонизација, бидејќи ЕУ е убедливо најдоминантен трговски партнер во регионот,’’ објаснува Анди Аранитаси, Претставник за Северна Македонија, ЕБОР.

ЕУ обезбедува грант поддршка за поттикнување на бизнисите, за да инвестираат во мерки за заштеда на енергијата.

,,Ни претставува особено задоволство да видиме дека грантовите од ЕУ придонесуваат во менаџмент на енергија во модната индустрија, особено заради фактот што околу 10 отсто од глобалните емисии на стаклени гасови доаѓа од производство на облека и обувки. Преку инвестирањето во енергетска ефикасност, малите бизниси и помагаат на Северна Македонија да ја забрза транзицијата кон ниско ниво на јаглероден диоксид. Во прилог на ова, зголемените инвестиции во енергетска ефикасност ги кратат трошоците на работење, дозволувајќи им на компаниите да растат и да инвестираат во останатите аспекти на бизнисот,’’ изјави Дејвид Гир, Претставник на ЕУ Делегацијата во Северна Македонија.

ЕБОР ќе продолжи да нуди специјализирани кредитни линии на МСП во партнерство со локалните комерцијални банки. Европската банка за обнова и развој е една од водечките институции, инвеститори во Северна Македонија. До денес има инвестирано скоро 2,5 милијарди евра во проекти од различни сектори на економијата.

економија4 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки22 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас