Connect with us

интервју

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

Суат Инан, главен извршен директор на Халк Осигурување

објавено

на

За релативно кус период успеавме драстично да го подобриме учеството на доброволни осигурувања во нашето портфолио, воведовме нови класи, нови продукти, нови услуги, го зголемивме пазарното учество и го подобривме рангирањето на листата компании кои работат во неживотно осигурување. Од компанија која беше на последно место во категоријата компании од неживотно осигурување, 2019 година ја завршивме на 9 место по бруто полисираните премии на компании од секторот неживот и со пазарна концентрација од 4,6%. Според податоците на АСО, на крајот на септември минатата година бевме на 5 место според бруто полисирана премија, а нашата пазарна концентрација на крајот на третиот квартал беше 8,1%.

Кризата со Ковид-19 ја намали мобилноста, патувањата, а со тоа и бројот на полиси од некои класи осигурување, како што се зелена карта, автомобилска одговорност и патничко осигурување. Ова негативно се одрази на одредени осигурителни компании. Но, истовремено други, како Халк Осигурување и во ваква тешка година успеаја да остварат завидни резултати. За тоа како Халк Осигурување успеа да постигне раст од над 50% за трендовите и перспективите во осигурителниот бизнис зборуваме со Суат Инан, главен извршен директор на компанијата.

Каков ефект остави корона – кризата врз работењето на осигурителниот сектор во земјава, следствено и врз резултатите на Халк Осигурување?

Според она што го објави Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), а се однесува за работењето на осигурителниот сектор во првите девет месеци од годинава, евидентно е дека постои пад во работењето. И тоа како во секторот неживот, така и кај животното осигурување. Вкупната бруто полисирана премија за трите квартали изнесуваше 7,5 милијарди денари, додека во истиот период лани беше над 7,9 милијарди денари. Во секторот неживот, каде е и Халк Осигурување, остварената бруто полисирана премија е 6,3 милијарди денари, а лани во деветте месеци изнесуваше речиси 6,7 милијарди денари.

Овој пад е сосема очекуван бидејќи поради пандемијата и намалената мобилност, односно ограничувањата во движењето и пред сè во патувањата, се намалија приходите од некои класи осигурување, како што се зелена карта, автомобилска одговорност и патничко осигурување. Сепак, во целина осигурителниот бизнис не беше силно погоден како некои други сектори во државата. Морам да споменам дека додека кај некои сектори, како овие што ги споменав има намалување на бруто полисираната премија, кај други има зголемување. Пред сè кај класите здравствено осигурување и осигурување имот, што покажува дека во услови на опасност, каква што е пандемијата, се зголеми свесноста на граѓаните за грижа за здравјето и имотот, односно обезбедување соодветна заштита од несакани ризици. Се надевам дека ваквата свесност за потребата од осигурување кое овозможува да се има план за непредвидени ситуации ќе продолжи и кога пандемијата ќе биде ставена под контрола.

Што се однесува до Халк Осигурување, за разлика од дел од осигурителните компании од нашиот сектор кои имаа остварено послаби резултати, ние и во услови на криза забележавме голем раст во работењето од 57%. Со тоа практично го продолживме растот кој го започнавме во 2019 година, која беше прва година од работење под брендот Халк Осигурување, кога успеавме да направиме вкупен пораст на бруто полисирана премија од 52% споредено со годината претходно.

Штета е причина за осигурување. Штетата е како огномет…

Каква е моменталната пазарна позиција на Халк Осигурување, колкав е растот на бруто полисираната премија минатата година, во кои класи осигурување имавте најдобри резултати?

Во 2020 година забележавме раст од дури 57%. Во првите три квартали имаме склучено речиси 72.000 договори за осигурување и бруто полисирана премија од 611 милиони денари.

Постои нешто што секогаш го кажувам за штетата и важноста на управувањето со штети: „За осигурителот штетата е како огномет. Не само што го задоволува осигуреникот со својата светлина и визуелизација, истиот има моќ да ги привлече и погледите на нови осигуреници и да ги придобие како нови клиенти„.

Лани забележавме пораст на пријавените штети од 114%. И покрај овој рапиден пораст, Секторот штети целосно одговори на предизвикот и постапи по 81% од вкупниот број поднесени барања. Во 2020 година успешно ја воведовме и новата класа – Доброволно приватно здравствено осигурување, од која успешно затворивме 95% од предметите. Високиот процент на затворени предмети и исплатени штети на барателите секако значи и придонес за економијата на Северна Македонија. Според неревидираниот финансиски извештај, во 2020 година по основ на штети имаме исплатено вкупно 5 милиони евра. Во 2019 година бруто исплатените штети изнесуваа 4 милиони евра.

Од ваквите резултати можеме да бидеме задоволни затоа што за релативно кус период успеавме драстично да го подобриме учеството на доброволни осигурувања во нашето портфолио, воведовме нови класи, нови продукти, нови услуги, го зголемивме пазарното учество и го подобривме рангирањето на листата компании кои работат во неживотно осигурување. Од компанија која беше на последно место во категоријата компании од неживотно осигурување, 2019 година ја завршивме на 9 место по бруто полисираните премии на компании од секторот неживот и со пазарна концентрација од 4,6%. Според податоците на АСО, на крајот на септември минатата година бевме на 5 место според бруто полисирана премија, а нашата пазарна концентрација на крајот на третиот квартал беше 8,1%.

Сето ова е постигнато благодарение на огромниот труд и посветеност на сите вработени. Промените кои ги наметна корона кризата нè натераа да се реорганизираме и адаптираме на новите услови, а резултатите покажуваат дека во тоа бевме успешни. Во период кога беше намален човечкиот контакт, веднаш пристапивме кон модификација на приодите ориентирани кон клиентите, покажувајќи истовремено дека во вакви тешки времиња треба да бидеме солидарни со нашите клиенти. Па така, за нашите клиенти, корисници на полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување, овозможивме бесплатно тестирање за Ковид-19 во која било приватна лабораторија. Истовремено на клиентите им понудивме попусти и зголемување на бројот на рати, меѓу кои и дополнителни 2 месеци на покритието за каско осигурување, што беа и први осигурителни понуди во секторот поврзани со Ковид-19. Со ова поставивме и норми на осигурителниот пазар, што потоа како пракса ги следеа и други компании, далеку повеќе етаблирани на осигурителниот пазар. Халк Осигурување покажа дека е компанија која има за цел да биде меѓу водечките осигурителни компании во земјата.

Што се однесува за најпродавани класи осигурувања, во бруто полисираната премија кај нас, како и кај сите компании од неживотното осигурување, доминира осигурувањето од автоодговорност. Во првите 9 месеци учествува со 49% во структурата на бруто полисираната премија. Потоа со 24% следи осигурување имот, а со 9% осигурување од незгода. Овие три класи осигурување практично учествуваат со 82% во вкупната бруто полисирана премија на Халк Осигурување. Очекуваме и другите класи осигурување во следниот период да растат бидејќи имаме одлични производи.

Голем интерес за дополнителното приватно здравствено осигурување

Ковид – кризата наметна поголем интерес на граѓаните за квалитетно здравствено осигурување, па дали тоа се покажа преку побарувачката за полиси на приватно здравствено осигурување и од вашата компанија?

Точно е дека кризата со Ковид-19 ја зголеми грижата на граѓаните за здравјето – своето, на членовите на семејството и блиските луѓе. Халк Осигурување релативно подоцна во споредба со другите компании започна со дополнително приватно здравствено осигурување од причина што претходно компанијата немаше лиценца за работа во оваа класа. Сепак успеавме да креираме добар производ кој нуди одлични можности за корисниците за добивање врвна здравствена услуга, нешто што многу често недостасува во јавното здравство. Доказ дека производот е добар е тоа што сме трета компанија по полисирана премија во оваа класа. Дополнително, голем број компании најавија обнова на полисите, а уште поголем број договорија почеток на осигурување од јануари годинава што е доказ за квалитетот на продуктот.

Политиката за јавно приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување обезбедува покритие со врвна здравствена заштита преку покривање на трошоците за здравствени услуги кои не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување и со тоа обезбедува повисок стандард на здравствените услуги.

Нашите клиенти можат да добијат полиса за приватно здравствено осигурување на два различни начина – како ХАЛК Комплементарно здравствено осигурување и ХАЛК Приватно здравствено осигурување. На овој начин можат да изберат пакет што одговара на нивниот буџет.

Полисата, зависно од осигурителното покритие, покрива трошоци направени за специјалистички прегледи, дијагностички анализи, хируршки зафати, операции, лекувања, рехабилитација и лекови во приватните здравствени установи преку директна исплата. Во самото покритие на Доброволното приватно здравствено осигурување се вклучени и покритија за хронични болести и состојби како и покритие за пакет породување и трошоци за здравствена заштита на трудница.

Осигурувањето може да се склучи како индивидуално, семејно и колективно. Притоа, сите овие категории осигурување се достапни на целата територија на Северна Македонија, додека покритието кое опфаќа и операции важи и за во Турција.

Дали приватното здравствено осигурување ќе биде новиот бум во осигурителната индустрија допрва, како што тоа беше своевремено со животното осигурување? Какви се вашите прогнози?

Сметам дека свеста за прашања како што се здравството, пристапот до здравствени услуги и предноста на приватните полиси за здравствено осигурување нема да изгуби на важност во наредните години. Напротив, ќе продолжи да расте со засилено темпо бидејќи граѓаните во услови на криза сфатија колку е важно да се има квалитетно здравствено осигурување.

Во 2018 година во оваа класа осигурување на ниво на секторот беше реализирана бруто полисирана премија од 2 милиони евра, во 2019 од 3 милиони евра, а ланската година за деветте месеци таа изнесуваше 3,6 милиони евра.

Бидејќи дополнителното приватно здраствено осигурување е производ што директно ги допира луѓето и животот, тој за Халк Осигурување како „компанија ориентирана кон луѓето“ е меѓу примарните цели.

Во кои осигурителни класи гледате исто така потенцијал на македонскиот пазар? Познато е дека во делот на имотното осигурување, на пример, сè уште има голем простор, односно голем број неосигурени станови и куќи… Какви се вашите планови и активности на ова поле?

Иако осигурувањето на домаќинството е една од најважните полиси кои би требало секој да ја има, опфатот на осигурување имот генерално е на ниско ниво и постои голем простор за раст. Годинава има поместување на подобро, односно зголемен интерес благодарение на добрите продажни стратегии на неколку друштва за осигурување, меѓу кои е и Халк Осигурување, но тоа е далеку од посакуваното ниво.

Многу е ниско и покритието на катастрофалните ризици. Можеби е потребно да се изгради поширока државна стратегија со цел да се зголеми пенетрацијата на осигурувањето на имот со опфат и на главните катастрофални ризици, како земјотреси и поплави, затоа што на ова ниво земјата се соочува со изразен системски ризик.

Ние во делот на осигурување имот имаме неколку вида производи кои покриваат различни штети, прилагодени според различните потреби на клиентите. Односно, од комбинирано осигурување на домаќинство, имаме такво кое покрива основни ризици, но и со дополнителни ризици каде влегуваат земјотрес, порои, лизгање на земјиште и слични непогоди.

Во 2021 година, Халк Осигурување ќе понуди различни и иновативни решенија на македонскиот осигурителен пазар

Што значи за вашето работење фактот што сте дел од Халкбанк групацијата, со оглед дека банката има производи што се врзани со осигурителни полиси?

Банко-осигурувањето во последно време како соработка помеѓу банките и осигурителните компании зема замав. Во нашиот случај, со оглед дека Халкбанк АД Скопје е сопственик на Халк Осигурување, сосема е природно да имаме меѓусебна добра деловна соработка, што дава позитивни резултати и за двете дејности. Од една страна Банката добива обезбедување за издадените кредити и дополнителни приходи од продажба на осигурителни полиси, а од друга ние добиваме зголемување на бруто полисираната премија.

Халкбанк во своето работење има поставено цел да стане институција препознатлива како финансиски супермаркет каде клиентите ќе можат да добијат целосна палета на производи. Тоа вклучува и осигурителни производи така што дел од вработените на Халкбанк кои се наши лиценцирани застапници, вршат продажба на осигурителни продукти, како оние врзани за кредитното портфолио на Банката, така и на други од портфолиото на Халк Осигурување.

На овој начин нашите полиси се достапни во сите градови низ земјава каде Халкбанк има свои филијали што има исклучително значење за нашето успешно работење.

Какви се вашите прогнози и очекувања за движењето на економијата во 2021, како и за перспективите на осигурителниот сектор? Кон што ќе се фокусира Халк Осигурување годинава, кои се клучните цели?

Годинава ќе биде турбулентна како и претходната поради пандемијата која и во 2021 ќе биде присутна. Многу работи ќе зависат од тоа каква ќе биде мобилноста на населението, што директно влијае на одредени класи осигурување. Но, очекувам да има нагорен тренд кај дополнителното приватно здравствено осигурување.

Верувам дека дел од компаниите кои изминатава година остварија одредени негативни резултати, извлекоа поука дека не смее да се одложува следењето и адаптирањето кон новите трендови и промени, што значи менување и прилагодување на бизнис моделите, усвојување нови технологии, примена на дигитални алатки.

Наша стратешка определба била и останува искористување на придобивките што со себе ги носат дигитализацијата и новите технологии, така што еден од главните фокуси ќе биде развојот на широка палета дигитални сервиси за нашите клиенти. Дел од нив ќе бидат иновативни решенија кои за првпат ќе бидат воведени на македонскиот пазар, а сè со цел на сите наши клиенти да им овозможиме беспрекорно корисничко искуство и задоволство.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија4 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки22 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас