Connect with us

македонија

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

Ван Хол, белгискиот производител на автобуси банкротираше

објавено

на

Еден од првите странски инвеститори во автомобилската индустрија во земјава, белгискиот производител на автобуси и товарни приколки Ван Хол, прогласи банкрот на 8 април. Во моментов има заинтересирани купувачи, но не на целиот бизнис. Во текот на следните неколку недели ќе се знае дали ќе се произведува во Белгија или производството целосно се пренасочува во погоните во Македонија.

Белгискиот производител на автобуси Ван Хол (Van Hool), прогласи банкрот во понеделникот, на 8 април, оставајќи ја во неизвесност судбината на преку 2.500 вработени, меѓу кои и оние во погонот во ТИРЗ Бунарџик, крај Скопје, каде што пред повеќе од 10 години отвори своја фабрика.

Според првичните информации од белгиските медиуми, најсериозни кандидати за преземањето на бизнисот на Ван Хол беа холандскиот конкурент VDL во тандем со германскиот производител на приколки, Schmitz Cargobull, коишто дадоа понуда за делумно преземање на компанијата. Тие ветиле дека ќе задржат помеѓу 650 и 950 од вкупниот број работници.

Синдикатите, кои навеле дека на средбата со нив не присуствувал претседателот на Управниот одбор на компанијата, Филип ван Хол, туку негови застапници, соопштија дека фирмата остварува „разочарувачки резултати“ во работењето и имала долг од 400 милиони евра. 

Околу можноста за продавање на компанијата, синдикалните претставници истакнале дека во таков случај првенствено би сакале да се води сметка за зачувување на работните места. 

„Не би сакале сценарио каде што купувачот е заинтересиран само за преземање на технологијата, брендот и клиентите, посочија од синдикатот.“

Во меѓувреме, во игра се појави и нов потенцијален купец на Ван Хол, бизнисменот Гвидо Димареј, заедно со американската компанија ABC, позната како досегашен дистрибутер на белгиските автобуси во САД.

До моментот на затворање на овој текст (среда, 10 април)  како заинтересиран, но само за делот на производство на товарни приколки во Ван Хол, се појави Марк Ван Хол, внук на основачот на компанијата Бернард Ван Хол, кој дава понуда преку инвестициската фирма CIM Kapital.

И додека белгиските медиуми не донесуваат подетални информации за тоа што ќе се случува со бизнисот на Ван Хол во Македонија, во дописот од Ван Хол Македонија за Телма потврдиле дека не планираат намалување на бројот на вработени во фабриката, ниту пак кратење на плати, и дека преговорите за продажба се водат на корпоративно ниво. Вработените наводно се безбедни, а се преговара и со институциите во земјава да се донесат дополнителни  капацитет од компанијата во Белгија, во Македонија.

Во дописот од Ван Хол Македонија за Телма потврдиле дека не планираат намалување на бројот на вработени во фабриката, ниту пак кратење на плати, и дека преговорите за продажба се водат на корпоративно ниво. Вработените наводно се безбедни, а се преговара и со институциите во земјава да се донесат дополнителни  капацитет од компанијата во Белгија, во Македонија.

Целото производство да се префрли во Македонија?

Околу ова последново деновиве спомна и сопственикот на штипската „Актива“, Иле Николов, кој рече, дека неговата компанија која е долгогодишен соработник на Ван Хол, извесно време преговара за проширување на договорите за работа.

„Ние за таа работа веќе се подготвивме. „Актива“ минатата година имаше дополнителни инвестиции во делот на машинскиот парк и веќе е зголемен товарот на производство и немаме од наша страна каснење за нивните потреби, потребите за зголемување на производството ќе бидат следени и како ќе бидат доставувани барањата од нивна страна ние ќе го следиме тоа. Веќе сме во фаза на изградба на уште еден производен погон од 8.000 квадрати кој ќе биде исто така во функција на зголемување на капацитетите на нашите компании. Така да, ние во целост сме спремни за таа работа“, изјави Николов неделава за македонските медиуми. Тој, исто така рече дека девизниот прилив за Актива од соработката со белгиската компанија за минатата година изнесува околу 15 милиони евра и дека оваа очекува доста поголем прилив.

„Ван Хол“ е семејна компанија за производство на автобуси, тролејбуси и приколки основана во 1947 година. Фирмата има околу 4.100 работници во своите фабрики ширум светот, од кои најголемиот дел се во погоните во белгиското место Конингсхојт и во Скопје.

економија5 часа ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија5 дена ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија6 дена ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија6 дена ago

Зелена иднина за секое дете

економија6 дена ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%