Connect with us

економија

Сè е релативно па дури и економски раст од 13,1%

Импресивни статистички податоци за вториот квартал

објавено

на

Економската активност во вториот квартал од годината е за дури 13,1% поголема отколку истиот период лани, објави неделава Државниот завод за статистика. Ова е исклучително висока стапка на економски раст, но доколку минатата година не беше евидентиран дури и поголем минус, односно пад на бруто домашниот производ од 14,9%. Токму поради ниската споредбена основа, високиот раст на економијата годинава не треба да не’ изненадува а уште помалку да не воодушевува. Слични високи стапки на еконмски раст во вториот квартал годинава, забележуваат повеќе европски економии чија активност истиот период лани беше нагло прекината поради воведувањето локдаун во обид да се спречи првиот бран на ширење на коронавирусот. Податоците покажуваат дека економијата годинава се опоравува, но во услови на забрзано ширење на делта варијантата на коронавирусот и бавното темпо на имунизација, се чини дека преткризните нивоа на развој сепак ќе ги достигнеме догодина.

Економската активност во вториот квартал од годината е за дури 13,1% поголема отколку истиот период лани, објави неделава Државниот завод за статистика. Ова е исклучително висока стапка на економски раст, но доколку минатата година не беше евидентиран дури и поголем минус, односно пад на бруто домашниот производ од 14,9%. Токму поради ниската споредбена основа, високиот раст на економијата годинава не треба да не изненадува а уште помалку да не воодушевува. Слични високи стапки на еконмски раст во вториот квартал годинава, забележуваат повеќе европски економии чија активност истиот период лани беше нагло прекината поради воведувањето локдаун во обид да се спречи првиот бран на ширење на коронавирусот.

Податоците покажуваат дека економијата годинава се опоравува, но во услови на забрзано ширење на делта варијантата на коронавирусот и бавното темпо на имунизација, се чини дека преткризните нивоа на развој сепак ќе ги достигнеме догодина.

Според податоците на Заводот за статистика, во второто тримесечје од 2021 година, пораст е забележан во секторите Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 46%; потоа кај Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 11,4% и Информации и комуникации од 5,7%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2021 година, номинално се зголеми за 14,9 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 70,2%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 62,2%, а увозот на стоки и на услуги се зголеми во номинален износ од 64,4%.

Заев: Економијата е стабилна и ќе расте

Премиерот Зоран Заев деновиве истакна дека националната економија е стабилна и ќе расте, соопшти дека после една година, според официјалните статистички податоци, може да се каже дека кризата и официјално одминува а економијата заздравува.

„Со растот на бруто-домашниот производ од 13,1% во вториот квартал, првата половина од годината ја заокружуваме со раст од 5,6%, За годинава проектираме раст од 4,1%, со очекувања извозот да забележи раст од 10,6%, a бруто-инвестициите раст од 8%“, рече премиерот Заев.

Потенцира дека остануваме посветени на подигнување на стандардот и условите за живот во Северна Македонија.

„Пандемијата нѐ научи дека е неизбежно да се обединат општествата, владите и компаниите, да се адаптираат на новата реалност и да се дизајнираат политики фокусирани на градење еднаквост, инклузивност и одржливост на економиите“, рече премиерот и додаде дека она што следи понатаму, е подобрување на инвестициската и бизнис клима, отпорност на шоковите, осврт кон зелените инвестиции и дигитализацијата, зајакнување на здравствениот и едукативниот систем како основа за човечкиот капитал, зајакнување на националните институционални капацитети и истовремено одржување  фискална консолидација“, истакна Заев.

Најави дека владиниот економски тим континуирано и посветено работи на подготовка на планови за идниот среднорочен развој на државата. „Во таа смисла, Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 ги опфаќа сите инвестиции предвидени да отпочнат во земјава, вклучувајќи ги и приватните инвестиции на домашни и странски инвеститори. Тоа е стратешки документ со дефинирани елементи, како што се вредност на инвестиции, клучни инвестициски области, инвестициски пристап итн. Како комплементарен план на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027, е подготвен и Планот за здравување и финансирање забрзан раст“, рече премиерот.

Основна цел на Планот е да го финансира закрепнувањето на економијата од ковид-19, како и да поддржи забрзан одржлив раст, при едновремено одржување  фискална стабилност преку мобилизирање капитал од приватниот сектор како дополнување на буџетските средства и задолжувањата. Планот дава комплетна слика околу пристапот, односно создавањето законски можности за спроведување на истото.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, истакна дека зад нас е период на најголемата здравствена и економска криза на овој век, во која како човештво се соочивме со доста големи загуби, загубивме животи, загубивме доста блиски луѓе, некои загубија блиски роднини, пријатели, колеги, други, пак, ги загубија работните места, поранливите категории се соочија со поголеми потешкотии, многу дејности се затворија.

„Денес сме тука да кажеме дека ковидот нема да нѐ победи. Ние сме дел од една глобална алијанса за борба против коронавирусот и денес тука ќе зборуваме за опоравување и не само за тоа, туку и за повеќе од опоравување, ќе зборуваме за раст, развој, подобар, забрзан развој, зелен развој“, истакна министерот за финансии.

Потсети дека минатата година се соочивме со најголем пад на БДП во споредба со изминатите  три децении.

„Предвидовме  пад од 4,5% на БДП во 2020 година и според нашите пресметки истиот ќе беше и поголем, но успеавме да го олесниме, да го намалиме да не стигне до 8,7%. Потрошивме 11% од БДП како фискално олеснување  за да се поддржат економијата, здравствениот сектор, да се заштитат работните места и да се заштитат бизнисите. Имаше мерки за ранливите категории, да се задржат работните места, да им се помогне на бизнисите да ја преживеат кризата. Делувавме на страна на понудата и  потрошувачката. И продолжуваме во 2021 година со два дополнителни пакета коишто се таргетирани и се повеќе со развојна компонента, вклученост на инвестиции и зголемување на бројот на вработени со цел опоравувањето да прерасне во развој“, рече министерот Бесими.

Потенцира дека нашиот одговор преку политики да се заштитат животите и да се спаси економијата значеше фискален притисок и долг, но дека сме одлучни да се фокусираме на фискална консолидација и намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, согласно фискалните правила, на 3%, односно 60% од БДП.

„Учиме од минатото, да делуваме во сегашноста, а се подготвуваме и за иднината. За годинава проектиравме раст од 4,1% и просечен годишен раст од 5,4% за наредните пет години. Со цел да осигуриме дека ова нема да остане само желба, подготвивме финансиски план за забрзување на економијата со цел нејзино опоравување по ковид и да се овозможи забрзан и одржлив развој, истовремено со одржување на фискалната стабилност преку мобилизација на капиталот од приватниот сектор, како дополнување на предвидените средства од Буџетот“, истакна Бесими.

Пролонгирање на заздравувњето

Враќањето на работа што за септември го планираа повеќе компании повторно се пролонгира откако четвртиот бран на пандемијата предизвикан од делта варијантата на коронавирусот дојде порано и посилно од очекуваното. Со вакцинирана четвртина од населението и рестрикции во движењето за останатите граѓани коишто не примиле вакцина, наместо есенски економски бум, веќе е извесно дека до крајот на годината ќе изостане посакуваниот постпандемиски залет.

За тоа сведочат и последните песисмистички проценки на бизнисмените во врска со деловните тенденции следниот период.

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јули годинава е намален за 0,1 процентен поен во однос на месецот претходно и изнесува 14.9, но во однос на јули 2020 година е зголемен за 2,6 процентни поени.

Според оваа анкета на Државниот завод за статистика, состојбата на обезбеденоста на производството со нарачки во јули во однос на јуни годинава, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се непроменети.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на јули 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2021 година изнесува 70,7% од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20,7%, неизвесното економско опкружување со 15,5%, недостигот на квалификувана работна сила со 16,7% и недоволната домашна побарувачка со 13,3%.

Четвртиот бран на пандемијата беше еден од главните ризици што го антиципираа релевантните институции за економското закрепнување годинава, само што никој не може точно да предвиди колкава штета ќе нанесе бидејќи не се знае колку долго ќе трае и какви рестриктивни мерки ќе бара за негово ублажување. Властите во земјава а и глобално, се обидуваат што побрзо да го вакцинираат населението, меѓутоа, новите соеви на вирусот се шират побрзо отколку стапката на вакцинација и ја доведуваат во прашање ефикасноста на вакцините во превенирање на заразата и со тоа постигнување на колективен имунитет.

По падот на бруто домашниот производ (БДП) од 4,5% минатата година, и намалување на економската активност за 1,9% првите три месеци оваа година, се доведува во прашање остварувањето на планираната стапка на раст од околу 4% до крајот на 2021 година.

Меѓутоа, алтернативните сценарија на финансиските институции, како на пример на Народната банка, предвидуваат помал раст во услови на пролонгирана пандемија.

„Ризиците за растот и натаму се надолни и поврзани со справувањето со пандемијата. Нашето алтернативно сценарио покажува побавно закрепнување и понизок раст на домашната економија во 2021 и 2022 во просек за околу 1 п.п., во споредба со основната проекција“, потенцираа неодамна од Народната банка.

Според проценките на оваа институција од пред неколку месеци, се очекуваше  постепено закрепнување со раст од 3,9%. На среден рок се предвидува натамошно закрепнување, односно економскиот раст да биде ист и догодина, а потоа во 2023 да достигне 4%.

„Оваа динамика на раст сепак значи дека економијата би се вратила на преткризното ниво во текот на 2022 година, исто како во октомвриските проекци“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска.

Во однос на структурата на растот, како и при октомвриските проекции се очекува позитивен придонес на домашната побарувачка, а негативен на нето-извозот.

Во рамки на домашната побарувачка најголем позитивен придонес се предвидува од инвестициите, кои по високиот пад од 10% изминатата година се очекува да растат во просек оваа и наредната година за 9,4%, како резултат на раст на странските директни инвестиции (СДИ), интензивирање на државните и приватните домашни инвестиции при постабилен амбиент и натамошна солидна кредитна поддршка.

Личната потрошувачка исто така, по падот од 5,4% минатата година, се предвидува да расте во просек 3,7%, при зголемена склоност за потрошувачка со засилување на процесот на имунизација, пораст на расположливиот доход како резултат на поповолни движења и на пазарот на трудот, како и натамошна кредитна поддршка.

Во однос на извозот, по падот од 11% минатата година, НБМ очекува оваа и наредната година просечен раст од 7% во услови на закрепнување на странската побарувачка и позитивни ефекти од капацитетите со странски капитал, но и од дел од традиционалниот извозен сектор при поволна ценовна конјунктура.

Растот на извозот и домашната побарувачка (кои имаат голема увозна компонента) ќе доведат и до раст на увозот, со што нето-извозот ќе има негативен придонес. 

Според последните податоци од Заводот за статистика, охрабрувачки е растот на извозот во првата половина од годината од 39,1% споредено со истиот период лани, додека пак индустриското производство до јуни е за 6,6 поголемо на годишно ниво.

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка