Connect with us

технологии / компании

Таман се навикнавме на четботовите, доаѓаат и AI агенти

Вештачка интелигенција

објавено

на

Четботовите какви што ги знаеме денес главно се развиени за да одговорат на конкретни прашања користејќи однапред дефинирани одговори или едноставни алгоритми кои симулираат разговор. Иако се покажаа корисни во задачите за поддршка на клиентите или во други деловни функции, нивната способност да дадат длабоки, контекстуално релевантни одговори останува ограничена. Од друга страна, AI агентите претставуваат напредок во технологијата на вештачка интелигенција, обучени да разбираат и интерпретираат сложени човечки прашања,  учат од интеракциите и да донесуваат одлуки врз основа на акумулирано знаење и анализа.

Приказните за роботите кои ќе можат да извршуваат задачи наместо нас и да ни помагаат во секојдневниот живот повеќе не се само претпоставка или тема на научно-фантастични филмови. Откако ChatGPT, четбот базиран на вештачка интелигенција, ѝ беше претставен на јавноста во 2022 година, развојот на вештачката интелигенција само се забрза и денес токму оваа област во технолошката индустрија е една од најпрофитабилните.

Сепак, стартапите и технолошките гиганти се обидуваат да се оддалечат од четботовите, кои досега даваа помош во форма на текст, а може да бидат заменети со агенти за вештачка интелигенција.

AI асистент како софтверски инженер

Минатиот месец беше претставен првиот целосно автономен софтверски инженер базиран на  вештачка интелигенција по име Devin. Како што е наведено на веб-страницата на Cognition, стартап специјализиран за вештачка интелигенција, Devin е „неуморен, вешт тимски колега, подеднакво подготвен да гради заедно со вас или самостојно да ги заврши задачите што ги разгледувате“. Овој асистент AI асистент може да планира и извршува сложени инженерски задачи, да се потсети на претходниот контекст кога решава проблеми, да учи со текот на времето и да ги коригира грешките.

Накратко, Devin може да ја работи работата што обично ја вршат добро платени софтверски инженери. Четботите како ChatGPT и Gemini можат да генерираат кодови, но Devin оди уште подалеку од тоа и планира како може да реши проблем, го пишува кодот и потоа го тестира и имплементира. Голем број инвеститори и инженери коишто комуницираат на  X (поранешен Twitter) веќе се заинтересирани за овој AI софтверски програмер.

Не се само стартапите кои создаваат AI агенти. Агентот наречен SIMA, развиен од Google DeepMind, игра видео игри. SIMA ги научил овие дејства со набљудување на човечки играчи со цел да стекне способност да извршува повеќе од 600 умерено комплицирани задачи во рамки на видео игрите, како што се буткање на дрво или пукање во астероид. Што е најважно, SIMA може успешно да ги изврши повеќето од овие дејства дури и во видео игри со кои претходно не е запознаен.

Google се надева дека во одреден момент овие агенти ќе можат да извршуваат задачи надвор од видео игрите, можеби помагајќи им на корисниците да се снаоѓаат на интернет или ќе оперираат со софтвери наместо нив. Засега видео игрите се добра основа за тестирање и развој на вакви проекти. Тим Харли, истражувач во Google DeepMind, вели  дека експертите во моментов работат на тоа да ги направат овие агенти попрецизни.

Агентот наречен SIMA, развиен од Google DeepMind, игра видео игри. SIMA ги научил овие дејства со набљудување на човечки играчи со цел да стекне способност да извршува повеќе од 600 умерено комплицирани задачи во рамки на видео игрите, како што се буткање на дрво или пукање во астероид. Што е најважно, SIMA може успешно да ги изврши повеќето од овие дејства дури и во видео игри со кои претходно не е запознаен.

Разлика помеѓу четботовите и AI агентите

Напредните системи за вештачка интелигенција се дизајнирани да извршуваат специфични задачи и да комуницираат со околината на начин што го имитира човечкото однесување или одлучување. Некои примери за употреба на AI агенти се  персонализирани асистенти, автоматизирани системи за контрола на возилата, софистицирани системи за препораки за е-трговија и интерактивни играчи во видео игрите.

AI агентите можат да работат 24/7 без замор, да ја подобрат продуктивноста и ефикасноста, да ги намалат трошоците и да отворат нови можности за иновации.

Четботовите какви што ги знаеме денес главно се развиени за да одговорат на конкретни прашања користејќи однапред дефинирани одговори или едноставни алгоритми кои симулираат разговор. Иако се покажаа корисни во задачите за поддршка на клиентите или во други деловни функции, нивната способност да дадат длабоки, контекстуално релевантни одговори останува ограничена.

Од друга страна, AI агентите претставуваат напредок во технологијата на вештачка интелигенција, обучени да разбираат и интерпретираат сложени човечки прашања,  учат од интеракциите и да донесуваат одлуки врз основа на акумулирано знаење и анализа. Тие не се ограничени на однапред дефинирани скрипти; наместо тоа, тие се способни за динамичка интеракција, приспособувајќи ги нивните одговори и активности на специфичните потреби на корисникот.

Клучната разлика помеѓу четботовите и AI агентите во тоа што четботовите помагаат при извршување на деловна задача или серија поврзани задачи, додека AI агентите треба да бидат способни да извршуваат некоја работа, т.е. збир на поврзани задачи и да учат за корисничките навики и практики и истите да ги применуваат при решавање на задачите.

Минатиот месец беше претставен првиот целосно автономен софтверски инженер базиран на  вештачка интелигенција по име Devin. Како што е наведено на веб-страницата на Cognition, стартап специјализиран за вештачка интелигенција, Devin е „неуморен, вешт тимски колега, подеднакво подготвен да гради заедно со вас или самостојно да ги заврши задачите што ги разгледувате“.

2025-2026 се очекува бум

Сепак, аналитичарите сметаат дека пазарот за развој на AI агентите е сè уште во зародиш и очекува нивен полн  развој во периодот 2025-2026 година.  AI агентите ќе доживеат значително проширување во нивната примена и ќе станат сеприсутни во многу аспекти од бизнисот и животот. Нивната примена би можела да ги опфати областите на здравството, образованието, во индустријата за оптимизација на производството и управување со градови и домови.

Прерано е да се каже како AI агентите целосно ќе ги заменат четботовите, но нема сомнеж дека тие ќе ја трансформираат интеракцијата на корисниците нудејќи подобри и пообемни можности за зајакнување на корисничките можности и автоматизација. Ова не значи замена на четботовите, туку еволуција кон поинтегрирани, интелигентни системи кои можат да понудат многу побогато и повеќе персонализирано корисничко искуство. Во иднина може да очекуваме коегзистенција на четботови и AI агенти, каде секоја технологија ќе се применува според нејзините силни страни.

Допрва треба да се очекува развој и употреба на агенти, а некои сметаат дека оваа година може да биде клучна за нив. Има примери кои се рекламираат како агенти, прашање е дали навистина ги имаат сите карактеристики на агенти. Еден од нив беше производот „Rabbit“, кој требаше да служи како уред кој може да одговори на гласовните команди и да извршува посложени задачи. Корисничкото тестирање покажа, барем засега, дека сè не се одвива така како што беше најавено во рекламните материјали.

Морални и етички дилеми

Кога се зборува за вештачката интелигенција, често се поставува прашањето за заштита на приватноста и личните податоци, како и прашањето што нѐ интересира сите – до каде ќе оди оваа технологија? AI агентите се потпираат на големи количини на информации, затоа мора да обезбедат заштита на личните податоци од злоупотреба. Исто така, постои прашање на пристрасност и дискриминација што може да произлезе од AI системи тренирани на пристрасни податоци. Исто така, не треба да се потцени можното големо влијание на AI агентите на пазарот на трудот, бидејќи може да има губење на работни места како резултат на автоматизацијата. Соочувањето со етички и други општествени предизвици бара соработка на експерти од различни дисциплини и развој на глобални упатства и регулативи кои промовираат одговорна употреба на технологијата за вештачка интелигенција. Само така можеме да обезбедиме одговорен напредок на вештачката интелигенција која служи за благосостојбата на сите, заштитувајќи ги основните права и достоинството на поединците.

економија6 часа ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија5 дена ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија6 дена ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија6 дена ago

Зелена иднина за секое дете

економија6 дена ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%