Connect with us

интервју

Тамара Лилуашвили: Приемот на Северна Македонија во НАТО беше инспиративна порака за мојата земја на нејзиниот евроатлантски пат

Тамара Лилуашвили, нерезидентен амбасадор на Грузија во Северна Македонија

објавено

на

„Една од клучните стратешки цели на  Грузија е членството во европските и евроатлантските структури, што е главната гаранција за идната безбедност, стабилност и развој на земјата. Ова се заснова на изборот на грузискиот народ, е резултат на широк јавен консензус и е дефинирано на ниво на Устав. Грузија сака да аплицира за членство во Европската унија во 2024 година и ги започна сите подготвителни работи за овој процес. Ја поздравуваме подготвеноста на Република Северна Македонија да сподели искуство во процесот на европска интеграција и со задоволство ги очекуваме идните консултации. Приемот на Северна Македонија во Алијансата беше инспиративна порака за Грузија дека политиката на Отворена врата на НАТО функционира.“

Грузија, иако древна земја со богата култура и традиција, лоцирана на крстопатот помеѓу Европа и Азија,  е прилично непозната дестинација за просечниот македонски граѓанин. За жал, и официјалните дипломатски односи помеѓу двете земји се воспоставени дури неодамна, во 2019 година, па за волја на вистината  и немало некакви посебни можности двата народи меѓусебно да се запознаат, и да се развијат позначајни деловни и културни релации. Грузиската амбасадорка г-ѓа Тамара Лилуашвили, којашто ја покрива Северна Македонија од амбасадата во Софија, вели дека овие околности набрзо ќе почнат да се менуваат и дека ќе се динамизира соработката помеѓу двете држави. За почеток, ќе бидат назначени два почесни конзули на Грузија во земјава, а таа се надева и на отворање амбасада во догледно време.

Ваша Екселенцијо, каква е природата на моменталните политички и економски односи помеѓу Грузија и Северна Македонија, дали постои некаква трговска соработка и кои области според вас имаат најголем потенцијал за продлабочување на меѓусебните релации?

Дипломатските односи помеѓу двете земји се воспоставени во 2019 година и јас сум пресреќна што сум назначена за прв амбасадор на Грузија во Северна Македонија. По воспоставувањето на дипломатските односи, се случија повеќе состаноци на високо ниво (помеѓу претседателите; министрите за надворешни работи се сретнаа неколку пати), па така првите контакти се воспоставени, а во процес на планирање се идните посети и комуникација помеѓу високи претставници на двете земји. Северна Македонија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија, не само на билатерално ниво, туку и во рамки на меѓународните организации, како на пример, поддршката на резолуцијата на Генералното собрание на ООН за Грузија, како и ко – спонзорирањето на резолуцијата „Соработка со Грузија“ на Советот на човекови права при ООН.

Што се однесува до трговските односи, во 2019 година на пример, обемот на размена помеѓу двете земји бил скромни два милиони долари, којшто за жал, поради Ковид – 19 пандемијата се намалил. Но, се надевам дека во следните години трговската размена ќе се зголеми значајно. Како држава гледаме голем потенцијал во соработката на полето на трговијата и економијата, туризмот, јавната администрација, одбраната, културата и образованието.

Со оглед на интензивирањето на односите помеѓу Грузија  и Северна Македонија, па кажете ни малку повеќе детали околу тоа? Што конкретно ќе се случува, дали двете земји ќе отворат амбасади една кај друга, или ќе биде за почеток преку почесни конзули и сл.?

Како што спомнав претходно, првите контакти на високо ниво се веќе направени, а сега треба да ги интензивираме преку меѓусебни посети. Ние сме расположени да размениме искуства со македонската страна околу европските и евроатлантските интеграциски процеси, како и во делот на реформите на јавната администрација, јавните услуги и е – владата. Исто така, би сакала да ја истакнам важноста на забрзувањето на секторската соработка помеѓу двете земји и во овој контекст, да се воспостават директни контакти помеѓу различни ресорни министерства.

„Имав еден подолготраен процес за селекција на кандидати за почесен конзул во два различни региони на Северна Македонија. Еден од избраните кандидати, којшто ќе се фокусира на подобрување на трговската и економската соработка помеѓу двете земји, е Дарко Гацов, од компанијата Сингулар. Вториот избран кандидат, проф. д-р Марко Андонов е со завиден правнички бекграунд, и тој ќе се насочи кон креирање на правна рамка помеѓу двете земји, со акцент повеќе кон сферата на академската соработка. Сигурна сум дека нивниот бекграунд, искуство и посветеност ќе помогнат да се постигнат целите што ги поставивме.“

Многу важен чекор во идната соработка ќе биде креирањето на правна рамка помеѓу Грузија и Македонија, што ќе креира солидна основа за активна соработка.

Во моментов, Грузија ќе назначи  почесни конзули во Северна Македонија. Ова е прилично ефективен механизам што ќе биде воспоставен во земјата. Имав еден подолготраен процес за селекција на кандидати за почесен конзул во два различни региони на Северна Македонија. Еден од избраните кандидати, којшто ќе се фокусира на подобрување на трговската и економската соработка помеѓу двете земји, е Дарко Гацов, од компанијата Сингулар. Вториот избран кандидат, проф. д-р Марко Андонов е со завиден правнички бекграунд, и тој ќе се насочи кон креирање на правна рамка помеѓу двете земји, со акцент повеќе кон сферата на академската соработка. Сигурна сум дека нивниот бекграунд, искуство и посветеност ќе помогнат да се постигнат целите што ги поставивме.

Каква е во моментов состојбата во Грузија на политичко – економски план? До каде е земјата на патот кон своите евроатлантски аспирации?

Како прво, една од главните стратешки цели на Грузија е зајакнување на суверенитетот на земјата и враќање на нејзиниот територијален интегритет во меѓународно признатите граници со мирни средства. Како што можеби сте запознаени, 20% од грузиската територија е окупирана од Руската Федерација. За да ја постигнеме нашата цел, работиме многу активно со меѓународните партнери, за да спречиме признавање на таканаречената независност на окупираните територии на Грузија и да обезбедиме дека Русија ќе ги исполни меѓународно преземените обврски.

Друга важна цел за Грузија е членството во европските и евроатлантските структури, што е главната гаранција за идната безбедност, стабилност и развој на земјата. Ова се заснова на изборот на грузискиот народ, е резултат на широк јавен консензус и е дефинирано на ниво на Устав. Грузија сака да аплицира за членство во Европската унија во 2024 година и ги започна сите подготвителни работи за овој процес.

Во однос на евроатлантските аспирации на Грузија, земјата целосно ги споделува принципите и вредностите околу кои земјите членки на НАТО се обединети. Со учество во мисиите и операциите на НАТО, Грузија ја потврдува својата подготвеност да даде ефективен придонес кон целокупната евроатлантска безбедност.

Грузија не е само многу близок партнер на НАТО, Грузија веќе се однесува како членка на НАТО – преку трошење на  2% од БДП на буџетот за одбрана; спроведување на сите практични и политички механизми; учество во водечките мисии на НАТО и затоа ги има сите механизми за влез во НАТО. Додека Грузија продолжува да оди по комплексниот пат на реформите, воспоставивме добри контакти  со државите од Западен Балкан со цел да го споделиме драгоценото искуство на нивниот пат кон европската интеграција.

Ја поздравуваме подготвеноста на Република Северна Македонија да сподели искуство во процесот на европска интеграција и со задоволство ги очекуваме идните консултации. Приемот на Северна Македонија во Алијансата беше инспиративна порака за Грузија дека политиката на Отворена врата на НАТО функционира.

Во врска со понатамошниот економски развој на Грузија – главната цел е понатамошен економски и одржлив развој на земјата, привлекување инвестиции и современи технологии / иновации; употреба на стратешката локација и потенцијал за транзит низ земјата – поврзување на Европа и Азија, како и спроведување на големи и регионални транспортни, енергетски и телекомуникациски проекти.

Со нетрпение чекам да ја запознам  Северна Македонија со сите економски можности што ги нуди Грузија, а кои можат да бидат корисни и за неа. На пример, сите режими на слободна трговија што ги ужива Грузија со Кина, Индија, Јужна Кореја. Значи, како што можете да видите, нè чека многу интензивна работа за промоција и истражување на различни можности меѓу нашите земји.

Кои се најголемите предизвици со коишто се соочува Грузија во својот развој како постсоветска и транзициска земја? Во кои области е постигнат најголем напредок, а што е она каде има уште простор за усовршување?

Како што споменав погоре, еден од главните предизвици за Грузија е окупацијата на територијата на Грузија од Руската Федерација и мирно решавање на руско-грузискиот конфликт. Понатаму, преминот од планска економија кон пазарна економија по распадот на Советскиот Сојуз создаде многу предизвици, како и обновувањето  на сите поголеми државни институции. Но, Грузија ги надмина овие предизвици и денес е земја пример и предводник во регионот во однос на консолидирање на демократијата, обезбедување заштита на човековите права, владеење на правото и доброто  управување, како и зајакнување на транспарентноста и судската независност.

Денес, Грузија има значајни резултати во полето на реформи на  својата економија и подигнување на животниот стандард на своите граѓани. Извештајот  „Doing Business 2020“ на Светската банка ја смести Грузија на 7-та позиција во категоријата „Леснотија за водење бизнис“ (меѓу 190 земји). Фондацијата Херитиџ ја смести Грузија на 12-то место во „Индексот на економска слобода 2020“ (од 180 земји, на 6-то место во Европа).

Покрај тоа, во последниве две децении, земјата стана синоним за успешни реформи и брз развој. Поради  елиминирањето на голем дел од бирократијата и спроведувањето на про – бизнис политики, Грузија беше призната од меѓународните организации и дури беше пофалена  како „врвен реформатор“. Како резултат на тоа, нашата мала земја на крстосницата помеѓу Европа и Азија брзо станува регионален центар за бизнис.

За жал, пошироката македонска јавност не е доволно запознаена со Грузија како земја, економија, култура, традиција… Претпоставувам дека истото е и во обратна насока. Што може според Вас да се направи во најскоро време за да се промени оваа ситуација? Колку Вие лично знаете за Македонија, нејзината култура, историја, традиција, гастрономија…Што сметате дека би им било најинтересно на вашите сонародници да научат за Македонија, да ја посетат и сл., а истото и во обратна насока?

Само неколку пати сум била во Скопје во кратки посети, бидејќи како што знаете, јас ја покривам Северна Македонија од главниот град на Бугарија, Софија. Се надевам наскоро, ќе ја имаме нашата амбасада во Скопје.

За жал, досега немав вистинска шанса да ја искусам Северна Македонија, но за мојата следна посета планирам да останам со моето семејство неколку дена за да ја откријам оваа неверојатна земја. Имам две мали деца (6 и 3 години) и верувам дека и тие ќе  уживаат во посетата на Скопје. Во иднина, со нетрпение очекувам да го посетам Охридското Езеро, Преспа, можеби на лето. Нестрплива сум да посетам некои антички места и локалитети како Скупи, Хераклеја, Стоби. Јас сум секако заинтересирана и  за посета на некои цркви и манастири во Северна Македонија и исто така, едвај чекам да пробам од вашето вино и гастрономски специјалитети, како и да ги претставам грузиските вина и кујна во Северна Македонија.

Има толку многу аспекти кои може да се спомнат во оваа прилика и некој може  да помисли дека е  и малку преамбициозно сето ова, но верувам дека со помош на идните почесни конзули и пријатели на Грузија сигурно ќе ја покажеме мојата земја во вистинско светло пред македонските граѓани. 

Грузија е европска демократија, сместена на историски витална раскрсница што ги поврзува Каспиското и Црното море, со свое богато културно наследство, топло гостопримство, недопрена природа и атрактивна деловна средина. Денес, светот повторно ја открива Грузија како земја на динамична демократија, античка историја, но со модерна и светла перспектива.

Малата нација, сместена на крстосниците на Азија и Европа е место каде што може да се најде нешто ново, разновидно, донекаде познато, но сепак мистериозно. Возбудена сум што во  Северна Македонија ќе ја претставам можноста да ја откриете мојата Грузија и со нетрпение очекувам да дознам многу работи  за вечната  Северна Македонија.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија8 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија17 часа ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании20 часа ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет20 часа ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион20 часа ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија20 часа ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија20 часа ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија20 часа ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју20 часа ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија20 часа ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија1 недела ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија7 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

интервју20 часа ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија20 часа ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

македонија20 часа ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

Best CBD Oil for Pain


Best CBD Oil for Anxiety


CBD Gummies


Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil