Connect with us

политика

Танцот со национализмот прекинат или само паузиран?

Брисел ги спаси личните карти

објавено

на

Додека нема простор за анализа на квалитетот на предлогот на Беса за воведување на етничка припадност во личните карти (голем број на интелектуалци и либерални умови кај нас веќе напишаа доволно аргументи зошто вакво нешто е неприфатливо за една држава на тлото на Европа),се разбира останува прашањето дали овој флерт со национализмот на СДСМ се должи само на напнатите коалициски односи и уцените од БЕСА или популизмот е просто фатално политички привлечен? 

Кога некоја идеја им изгледа прифатлива на сите политички партии во Македонија, веднаш треба да имате на ум дека таа е на штета на државата – политичкиот консензус кај нас никогаш не донел ништо повеќе од, на пример, срамен Закон за државни службеници или избор на шефица на Специјално јавно обвинителство, ставена таму за да гони криминалци, а завршена самата зад решетки … и се разбира – по некој договор за предвремени парламентарни избори од кои ќар имале оние кои ги мешале политичките карти на масата, а никогаш не и граѓаните. 

Оттука, кога на предлогот на БЕСА за воведување на графа со етничка припадност во личните карти се „налепија“ сите партии, па уште со меѓусебни препукувања во битката за тоа кој е поголем заложник за реализација на оваа идеја, немаше потреба од дополнителни анализи – се работи за катастрофален предлог. Да, второ и позначајно секако е што ова се коси со сите нишани на политиката и државите во 21 век, но доволен ќе беше и првиот сигнал, со оглед на претходните аргументи. 

Но, додека нема простор за анализа на квалитетот на предлогот (голем број на интелектуалци и либерални умови кај нас веќе напишаа доволно аргументи зошто вакво нешто е неприфатливо за една држава на тлото на Европа), се разбира останува прашањето дали овој флерт со национализмот на СДСМ се должи само на напнатите коалициски односи и уцените од БЕСА. Факт е дека парламентарното мнозинство си има свои предизвици и дека владината коалиција е составена од различни политички и идеолошки профили, но партијата што во сржта ја има идејата за „едно општество“ за сите да се залага за етничко жигосување на граѓаните, на прва, е политички самоубиствен потег, а на втора веќе и дефинитивна изгубеност во сопствената визија и столбови. 

Жолта лента на ракавите

Претседателот Стево Пендаровски е веројатно единствениот висок функционер кои јасно го осуди предлогот. Тој вели дека лично не се согласува етничката припадност да биде во личните карти – како што е предвидено со предлог-измените на Законот за лични карти што ги поднесе владејачката партија Беса, а за што има претходен договор со СДСМ.

Во интервју за МКД.мк, Пендаровски, сепак, најавува дека веројатно не би ставил вето на новиот закон, доколку тој биде донесен во регуларна постапка:

 „Ако владејачката коалиција се договори, ако има мнозинство и ако законот биде донесен во регуларна постапка, јас немам многу големи аргументи контра таквиот став за да не потпишам указ. Но, лично не се согласувам етничката припадност да биде во личните карти“, вели Пендаровски. Претседателот смета дека не постои демократска држава во светот во која постои етничка или религиозна припадност. 

Законот треба прво да се разгледа и амандмански да се усогласи во Комисијата за политички систем. Допрва ќе се бара решение и за изјаснувањето на оние етноси кои не се споменати во преамбулата на Уставот. Пред да се најде на седница, ќе треба да се разгледаат и 1.200 амандмани коишто ги поднесе партијата Левица. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, си ја искористи темата за сосема друга поента. Тој апсолутно ја поддржа идејата на БЕСА, но кажа дека и покрај поддршката за внесување на етничката припадност во личните документи, пратеничката група на неговата партија нема да гласа „за“ доколку не биде прифатен единствениот амандман што го поднесе. Партијата бара личните карти да не ја содржат придавката Северна во името на државата. 

На овој став, премиерот Заев имаше одговор:

„Сакаат да водат љубов, а да не се прегрнат“, со алузија дека нема поента таква поддршка со такво барање. 

Освен Пендаровски, дилеми за вакво законското решение имаат и дел од коалициските партнери на СДСМ, затоа што сметаат дека се нарушува граѓанскиот принцип. Двајца претседатели на партии кои се дел од коалицијата на СДСМ, сметаат дека  предложените измени се спротивни на граѓанскиот концепт на општеството. „Со јакнењето на ‘етничкиот’, наместо на граѓанскиот суверенитет, се доведува во прашање демократскиот карактер на државната власт“, напиша на Фејсбук претседателот на НСДП, Тито Петковски. 

Универзитетскиот професор Ѓорѓи Спасов, поранешен функционер на СДСМ, вели дека нема потреба да се дозволува во личната карта на „кој сака“ да му биде запишувана и неговата етничка припадност или потекло. Тоа, според него, не само што е непотребен чин на етничка самоидентификација, туку е и чин на етничко самообележување, како со жолта лента на ракавите.

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов за Дојче веле претходно изјави дека на ниту еден граѓанин досега не му било ускратено правото да ја искаже својата етничка припадност, но дека барањето за нејзиното декларирање во лична исправа отвора други аспекти. „Тоа навидум е право на определба на граѓаните, но во суштина е нагласување на етничката припадност, односно можност за поделба по етничка основа, поларизација и поразличен третман. Овој податок што ќе се внесува во личната карта ќе значи и можност за пребројување по етничка припадност и поделби по таа основа, затворање во етнички гета, поделби, расправии, нетрпеливост на етничка основа“, вели Трајанов.

Шлаканица од ЕУ за освестување

Дилемите околу релизацијата на овој обид, сепак почнаа да се разветлуваат, откако шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир одржа прес конференција на која недвосмислено го пренесе ставот на Брисел – дека ова е недозволив потег за земја кандидат. 

„Од август во ЕУ стапува во сила регулатива за заштита на лични податоци, со која се забранува споделување лични податоци, како расна, етничка, политичка и верска припадност. Во Европската Унија личните карти во моментов сѐ уште се регулирани од страна на земјите членки, но регулативата што ја споменав, што ги содржи првите правила што се однесуваат на овие документи на ниво на Унијата, ќе стапи во сила во август 2021 година“, рече Гир на заедничката прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши по повод претседавањето на земјава со ЦЕФТА. 

Тој додава дека усогласувањето на законодавството на земјава со правилата и стандардите на ЕУ е важен процес и оти ЕУ отсекогаш ја охрабрувала Северна Македонија да постигне напредок на ова поле. Тоа би била една од првите работи што би се оценувале при почетокот на преговорите.

Неколку дена подоцна, македонскиот премиер изјави дека сепак ја почитува регулативата на ЕУ за личните карти, иако за него е прифатливо во личните карти да стои графата за етничка припадност. Но, ако ЕУ има конкретна и прецизна директива по тоа прашање, тогаш, според премиерот, нема друга алтернатива освен полноправно членство во Унијата.

„Амбасадорот најави дека од август ќе влезе во сила европска регулатива по овие прашања, а ние сакаме да бидеме членка на ЕУ. Нормално дека ќе ги почитуваме европските регулативи. Но, ниту знам детали од оваа европска регулатива на што се однесува, кои се конкретните детали или слично“, вели Заев и додава: „Јас реков дека за мене е прифатливо да стои етничка припадност на граѓаните покрај државјанството, ние сме мултиетничка земја. Секако е прифатливо исто така и опционо – дали некој сака или не сака да се додаде тоа, но ако ЕУ има конкретна и прецизна директива по тоа прашање ние, знаете, немаме алтернатива освен полноправно членство во ЕУ“. 

На ваквиот став реагира од Движењето Беса, чии тројца пратеници се предлагачи на законот за изменување и дополнување на Законот за лични карти по скратена постапка. Според нив, процесот на евроинтеграција е долг и законот треба да биде усвоен. „Во моментов не го гледаме ова како пречка за процесот на интеграција. Зборуваме за регулатива која важи за членките на ЕУ. Ние сме подготвени штом влеземе во процесот на членство или близу до членство, ќе разговараме за да го тргнеме законот ако тој биде пречка за интеграција”, вели Кастриот Реџепи, пратеник на Движењето Беса во изјава за медиумите.

Предлогот за личните карти е доставен во декември 2020 година, а сега се наоѓа во собраниска процедура. Партиите на Албанците најавија дека ќе го поддржат. Левица се обидува да го блокира неговото донесување со над 1.200 амандмани. ВМРО-ДПМНЕ, пак, ја условува поддршката со прифаќање на единствениот амандман што го поднесоа. Партијата бара личните карти да не ја содржат придавката Северна во името на државата.

Continue Reading
економија7 дена ago

Алексова, ТУК: Неповратна финансиска помош за спас на туризмот и угостителството

банки7 дена ago

Fitch Rating повторно го потврди кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка на “БББ-“

економија6 дена ago

Помала премија за речиси 5% или 8,5 милиони евра во 2020

македонија6 дена ago

Опасниот вирус на лагите е сојузник на Ковид – 19

економија6 дена ago

Властите задоволни од ефектот на антикризните мерки, бизнисот бара уште

технологии / компании2 дена ago

ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Управување со ликвидноста и cash gap

свет6 дена ago

Како еден град станува паметен?

македонија6 дена ago

Амбициозен инвестициски план: ќе бидат вложени преку 105 милиони евра во нови маркети и други содржини

lifestyle6 дена ago

Марк Кјубан: Станете експерт во тоа што го работите. Тоа ќе ви даде предност затоа што повеќето луѓе не го прават тоа.