технологии / компании
Тајните на симболите во технологијата
објавено
на
автор:
Редакција Капитал
Дали некогаш сте се запрашале, како настанале графичките симболи, знаци или икони за потрошувачката електроника и она што тие значат?

USB
USB иконата е инспириран од трозабецот на Нептун, богот на морето од римската митологија или Посејдон од грчката митологија. Дизајнерот на USB иконата, го заменува долгото копје со три шилци со еден триаголник, квадрат и круг. Ова е направено за да се прикаже разновидноста на уредите кои можат да бидат поврзани со USB стандардот.


BLUETOOTH
Имеto и симболот на Bluetooth се базира на легендата за данскиот крал Харалд Blåtand (англиски Bluetooth превод) Gormsen. Тој во 10-от век ги обединил викиншките завојувани племиња на Шведска, Данска и Норвешка, а симболот Bluetooth е формирана од комбинација на двата знакаод иницијалите на кралот од нивното писмо, “H” и “B”. Според легндата, кралот бил опседнат со овошјето боровинка, така што и еден заб му бил обоен во сино.


ON/OFF
По Втората светска војна, инженерите го користат бинарниот систем за приказ на поединечни ситуации, кои се менуваат со ротација на прекинувач: 1 “за вклучено”, а 0 “за исклучено”. Од тука произлегува и иконата која содржи прекинато кругче за “0“ и вертикална цртичка за “1“

APPLE функционално копче
Симболот е создадена во 1983 година и е препознатлив симбол типичен за Apple компјутерите и Mac OS платформата. Дизајниран е за да се нагласи посебната функција на тастатурата за различни команди во комбинација со други функции. Оригинално било замислено да стои јаболчето од Apple, но на Стив Џобс не му се допаднала премногу таа идеја. Едноставно сметал дека логото на “Apple” не треба да биде толку да биде насекаде присутно. За таа цел ја задолжил Susan Kare, дизајнер за графика и фонтови на Apple Macintosh, да дизајнира нов симбол. Нејзината инспирација произлегла од симболот на цвеќе које се користи во Скандинавските домови за заштита од лоша среќа. Инаку уште е познат како симбол на стилизиран крст на Св Ханс (Св. Јован Крстител). Крстот често се нарекува и Shield Кnot.


PLAY – Старт
Од комерцијален аспект, за прв пат овој симбол го употребува Philips на своите касетофони во 1965, под брендот Norleco, на копчето за старување на аудио касетите. Каде и како дизајнерот нашол инспирација за симболот, не е познато.

ПАУЗА
За симболот ПАУЗА постојат две теории. Првата е дека симболот е инспириран од јапонскиот симбол “リ”, што го означува пауза. Втората теорија, поверојатна е дека поврзан со музиката и поезијата. Во музичката нотација, ликот формиран од две коси црти се вика цезура. Означува тивка пауза во музичкото нотирање на петолинието. Во поезијата, цезура е пауза некаде во средината на стихот која се означува со две вертикални линии ||.


FireWire
Во 1995 година, Apple ја развива FireWire технологијата и е во потрага за симбол, кој точно би ја отсликалфункционалноста. Тие се одлучиле за симбол со три гранки кои претставуваат видео, аудио и податоци.
Прочитај Уште...



Излегоа финансиските биланси: хотелските компании со приходи помали и за 90% лани

ЕЦГалерт – „доктор во вашиот џеб“ и Глуко – мерење на шеќер во крвта без боцкање

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

Благојче Котески: Нашата иднина и енергетиката

Столб на срамот, наместо на демократијата

Потрошувачки и станбен кредит од Комерцијална банка со најниски каматни стапки на пазарот

Дојрански рецепт за мултиплицирање на буџетот

Биткоинманија: Треба да имате стомак за оваа работа

Антикризни мерки за збогум на корона – кризата

Алкалоид со поголеми приходи и добивка лани: компанијата стигна до 200 милиони евра вкупен обрт

Адора и официјално го претстави првиот градежен проект во Србија

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

Дојрански рецепт за мултиплицирање на буџетот

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

Благојче Котески: Нашата иднина и енергетиката

ЕЦГалерт – „доктор во вашиот џеб“ и Глуко – мерење на шеќер во крвта без боцкање

Столб на срамот, наместо на демократијата

Фатмир Бесими: Корона – кризата завршува дури и според песимистичкото сценарио
