Connect with us

интервју

„Тајните состојки“ во „рецептот“ за успех раскажан од жени лидерки во Штедилница ФУЛМ

објавено

на

Од лево кон десно: Габриела, Марија, Јованка, Ели, Соња, Сијка, Сузана, Александра

Сè повеќе сме сведоци на сè поголемата вклученост на жените на лидерски позиции во македонската економија. Сведоци сме дека во секојдневниот живот се зголемува бројот на жени лидери, не само на светско ниво туку и во рамките на нашата држава. Во 2009 година ФУЛМ е основоположник  на Global women leadership network (GWLN) кој во нашата земја делува преку Форумот на жени лидери. GWLN делува во 89 земји во светот како мрежа на жени лидери којашто има за цел на жените да им овозможи можност за личен, кариерен и општествен развој.

Во пресрет на 25-годишниот јубилеј дознајте кои се „тајните состојки“ во „рецептот“ за успех раскажан од жени лидери во Штедилница ФУЛМ.

Ели П.

  • Бидете дел од тимот, во којшто „НИЕ“, е поважно од „ЈАС“.
  • Постојано учите и градите компетенции коишто се клучни за Вашата професија.
  • Споделувајќи знаење и позитивна енергија, си правите „простор“ за ново.
  • Бидете дел од меѓународниот систем за да имате навремен пристап до најсоодветните информации за Вашата професија.
  • Секој ден закажетe состанок од 30 минути „Me, Myself & I“ и правете што Ве прави среќни.
  • Уживајте во секој момент со семејството и со домашните миленици, во природа или дома.
  • Патувајте и креирајте нови видици, вредни за паметење.
  • Посветете време за квалитетна исхрана и доволно физичка активност, но тоа да е секојдневно.

Сијка Г.

  • Прочитајте добра книга или гледајте филм.
  • Имајте добри намери кон другите и секогаш помагајте!
  • Сакајте го тоа што го работите!
  • Бидете љубезни и толерантни, исполнете си го животот со позитивни луѓе.

Марија Ц.

  • Силна посветеност и ориентираност кон поставените задачи.
  • Човекољубие и љубезност.
  • Истакнете ја Вашата креативност!
  • Секогаш дајте го најдоброто од себе!
  • Позитивниот повратен ефект од луѓето кон Вас е најголема потврда за Вашата вредност!

Сузана Ќ.

  • Желба за нови знаења и прифаќање нови трендови.
  • Позитивен пристап = Посреќни клиенти!
  • Поддршката од колегите и семејството е најважна.
  • Работата секогаш да Ви претставува задоволство.

Александра Н.

  • Со истрајност и упорност се стигнува до зацртаната ЦЕЛ.
  • Не е важно што работите, важно е да си ја сакате работата!
  • Бидете прагматични при решавањето на проблемите.
  • Советите од поискусните разберете ги како предност, а не како критика.

Габриела П.

  • Инвестирајте во себе и во Вашето семејство.
  • Радувајте се на заедничките успеси!
  • Применувајте и споделувајте ги знаењата.
  • Бидете отворени и приспособливи кон промените.

Јованка Т.

  • Потребен е многу труд, работа и посветеност.
  • Рецептот е: работа и само работа!
  • Бидете добри во тоа што го работите.
  • Храбро соочете се со предизвиците.

Соња К.

  • Упорност, истрајност и одговорност во работата.
  • Тимски дух, континуирана обука и надоградување на личните вештини.
  • Слободно време посветено за семејството, градење нови пријателства.

Бонус состојка:

Не правете го тоа што не сакате да Ви го прават, но ако сепак Ви го направат, не очајувајте, балансот на добрина е неизбежен.

Нашата институција ФУЛМ е пример како жените поставени на раководни позиции во Филијалите и во Централата, создаваат успешни приказни за подобар пристап до финансиски услуги на граѓаните во нашата земја.

„Благодарение на визионерскиот пристап на органите на управување за поттикнување во градењето на жени лидери е синоним за успехот на Штедилница ФУЛМ, повеќе од 25 години.“ изјави Претседателот, г. Стево Андровиќ.

банки1 ден ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет1 ден ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет1 ден ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании1 ден ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион1 ден ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија1 ден ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

македонија1 ден ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

економија1 ден ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

економија1 ден ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет1 ден ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

економија1 ден ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет1 ден ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

регион1 ден ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија1 ден ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

свет1 ден ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

економија1 ден ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

технологии / компании1 ден ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

македонија1 ден ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

банки4 дена ago

Управната зграда на УНИБанка во Скопје сама ќе произведува струја од фотоволтаична централа