Connect with us

свет

Твитер е скапа “играчка“, Илон Маск продаде уште акции од Тесла за 4 милијарди долари

објавено

на

Elon Musk

Акционерите на Тесла почнаа да се грижат дека Твитер, кој што го чинеше Маск 44 милијарди долари, ќе му го одвлече фокусот од компанијата за електрични автомобили.

Илон Маск,  од неодамна нов сопственик на Твитер, продал акции од Тесла, компанијата што ја основаше и чијшто е директор, за четири милијарди долари. Околу 19,5 милиони акции има продадено од минатиот петок до вторникот оваа недела, според поднесоците што ги објави американската Комисија за хартии од вредност. Уделот на Маск во Тесла сега изнесува 14%, а нејзините акции годинава се паднати за преку 50%, заедно со многу други акции од технолошкиот сектор.

Но, вредноста на Тесла е исто така одраз и на низа претходни продажби со коишто Маск го финансираше всушност преземањето на Твитер вредно 44 милијарди долари. Тоа ги наведе акционерите да мислат дека Тесла би можела да излезе од фокусот на својот извршен директор,  сега кога има други преокупации. Како на пример, реорганизацијата на Твитер, каде што веднаш почна да дели откази, почнувајќи од највисоките менаџери.  

Многу аналитичари очекуваа дека Маск ќе продаде дополнителни акции на Тесла за да го финансира купувањето на Твитер. Таа вети дека ќе обезбеди 46,5 милијарди долари во капитал и позајмици, што ја покрива цената од 44 милијарди долари и трошоците за затворање на трансакцијата.

И покрај нервозата што го натера да се повлече од преговорите во мај, тој ја купи социјалната мрежа минатиот месец и оттогаш отпушти околу половина од нејзините работници и најави дека на корисниците ќе им наплатува 8 долари месечно за сината ознака  за автентичност на корисничките профили.

економија3 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки21 час ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас