Connect with us

македонија

Телеком продолжува да ја гради 5G мрежата низ Македонија

објавено

на

Од август до сега, покриени се 11 градови во централниот и западниот дел на државата, а до крајот на годината ќе се покријат уште 2 во јужниот дел: Гевгелија и Дојран. Со планираните активности до крајот на годината, 20% од населението ќе биде покриено со опрема од најновата генерација, а до средината на наредната година поголемиот дел од населението во урбаните средини ќе има можност да користи 5G услуги.

Македонски Телеком продолжува да ја гради 5G мрежата на целата територија на Македонија. Во тек е интензивна работа на терен со партнерот Ериксон за замена на постоечката технологија со опрема од најновата генерација којашто ќе овозможи 5G услуги, поголем капацитет и подобро корисничко искуство. 

Од август до сега, покриени се 11 градови во централниот и западниот дел на државата, а до крајот на годината ќе се покријат уште 2 во јужниот дел: Гевгелија и Дојран. Со планираните активности до крајот на годината, 20% од населението ќе биде покриено со опрема од најновата генерација, а до средината на наредната година поголемиот дел од населението во урбаните средини ќе има можност да користи 5G услуги. За модернизација на мрежата и овозможување 5G, компанијата инвестира над 45 милиони евра за наредните четири години.

Телеком ќе понуди 5G услуги со гигабитни брзини веднаш по добивањето на одобренијата за користење радиофреквенции од АЕК, што се очекува во првото тромесечје од 2022 година.

5G – сојузник против климатските промени
Големите брзини и капацитети на новата 5G мрежа ќе донесат револуција во корисничкото искуство и создавање досега невидени услуги и производи коишто ќе ни го поедностават  животот во сите сфери.

Технологијата од петтата генерација, заедно со новите технологии: Интернет на нештата, Паметни сензори и Вештачка интелигенција, ќе овозможи рационално и ефикасно да ги користиме природните ресурси и енергијата, да го зачуваме биодиверзитетот, да го зголемиме производството на храна, да ја намалиме емисијата на штетни гасови и др. Овие технологии ќе бидат најсилната алатка во борбата против климатските промени.

банки1 час ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите