Connect with us

свет

„Тесла“ купи биткоини за 1,5 милијарди долари, нивната цена отиде до нов историски рекорд

објавено

на

Од компанијата на Илон Маск објавија и дека ќе почнат да прифаќаат биткоини како платежно средство за нивните електрични автомобили и други производи.

Компанијата Тесла (Tesla, Inc.) објави денеска дека купила биткоини за 1,5 милијарди долари. Во изјава доставена до американската Комисија за хартии од вредност, компанијата вели дека купила биткоини заради „поголема флексибилност со цел понатамошна диверзификација  и максимизирање на приносите на нивната готовина.“  Веднаш по оваа објава, цената на биткоинот  од 39.000 долари почна вртоглаво да се качува и стигна до преку 44.000 долари, за потоа да се спушти до 43.000 и во моментов се движи околу ова ниво.

Од Тесла исто така изјавија дека ќе почнат да прифаќаат плаќање во биткоини за нивните производи „каде што тоа ќе биде во согласност со регулативите и во прво време со ограничен обем.“  Со ова Тесла е првиот голем производител на автомобили што ќе го овозможи ова.  Овој потег на Тесла кон поседување на криптовалути претставува инвестиција што е значителен процент од кешот со којшто располага компанијата. Тесла  пријави дека располага со ликвидност од повеќе од 19 милијарди долари кон крајот на 2020 година, во извештајот до регулаторите.

Со ова купување на биткоини за 1,5 милијарди долари, станува јасно дека твитот  на основачот и директор на Тесла, Илон Маск од пред една недела не бил случаен.  Биткоинот тогаш скокна со цената за 20% откако најбогатиот човек на светот го додаде хаштагот #bitcoin на својот Твитер профил и остави „загадочна“ порака дека „ако погледне наназад, тоа било неизбежно.“ 

Последниве случувања околу Тесла, Маск и биткоинот,  само ја загреваат уште повеќе ситуацијата околу најпопуларната криптовалута, која во моментов има пазарна капитализација од преку 800 милијарди долари, а чијашто цена е страшно променлива на секојдневна основа. На почетокот од годинава биткоинот ја надмина цената од 41.000 долари, историски рекорд на оваа виртуелна валута, за потоа во неколку наврати да отиде и под 30.000 долари. Во 2020 година биткоинот порасна повеќе од четирикратно, а од почетокот на 2021 неговата вредност во моментов  е за речиси 50% поголема.

Оваа референца на биткоинот на профилот на Маск дојде по бројните шпекулации дека тој ќе купи биткоини или ќе ја додаде криптовалутата во финансискиот биланс на неговата компанија Tesla, што и се случи денеска. Милијардерот исто така ги наполни насловните страници минатиот месец, откако си размени твитови со Мајкл Сејлор, директор на софтверската компанија MicroStrategy, имплицирајќи дека е заинтересиран за биткоинот. MicroStrategy, исто како и Square, компанијата за финансиски услуги во сопственост на Џек Дорси (основачот на Твитер, патем) имаат додадено биткоини во своите биланси.

„Ако сакаш на своите акционери да им направиш услуга од 100 милијарди долари, конвертирај го билансот на Tesla од долари во биткоини“, му напиша Сејлор на Маск. Како одговор, Илон Маск твитна: „Дали вака огромни трансакции се воопшто можни?“

економија2 дена ago

Алкалоид со поголеми приходи и добивка лани: компанијата стигна до 200 милиони евра вкупен обрт

банки3 дена ago

Комерцијална банка: Дезинформациите и конструкциите на Трифун Костовски против нас се плод на неговиот личен неуспех

економија2 дена ago

Адора и официјално го претстави првиот градежен проект во Србија

македонија5 дена ago

Заев: Очекувам Сашо Мијалков да биде пронајден и ставен во притвор

економија3 дена ago

Коста Петров: Ќе ги мотивираме големите компании да го помогнат развојот на стартапите

интервју21 час ago

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

коментари21 час ago

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

економија21 час ago

Standard & Poor’s бара реформи за да го зголеми кредитниот рејтинг

економија21 час ago

Македонската економија на среден и долг рок (5)

економија21 час ago

Кои се најголемите ризици за финансиските компании