Connect with us

свет

„Тесла“ мора да му плати 137 милиони долари отштета на поранешен вработен поради расизам

објавено

на

Оувен Дијаз ќе добие 137 милиони долари од компанијата на најбогатиот човек на светот, Илон Маск, затоа што трпел расистички навреди додека работел во „Тесла“.

Федералниот суд во Сан Франциско, Калифорнија, одлучил вчера дека компанијата „Тесла“ мора да му плати на својот поранешен вработен, Оувен Дијаз, 137 милиони долари, поради тоа што морал да трпи расистички настроена работна средина, пишува Блумберг.  Судот доделил поголема сума одошто барале адвокатите на Дијаз, односно 130 милиони долари како казнена отштета и 7 милиони долари за душевна болка.

Дијаз, поранешен вработен во компанијата за електрични автомобили на Илон Маск, почнал да работи во фабриката на „Тесла“ во Фримонт, Калифорнија, во 2015 година, и наводно се соочувал со непријателска работна средина, при што, како што му кажал на судот, колегите користеле разни погрдни зборови за да ги навредат него и останатите колеги – црнци, му велеле „да си оди во Африка“ и оставале расистички графити во тоалетите и расистички цртежи на неговото работно место.

Според адвокатите на Дијаз, неговиот случај можел да стигне до ваков исход затоа што работникот не потпишал договор за задолжителна арбитража, каков што „Тесла“ обично користи за да ги решава споровите со вработените зад затворени врати, наместо преку судски процес.

Како и други компании што користат ваква задолжителна арбитража, „Тесла“ ретко се соочува со исплата на високи отштети или презема некакви значителни корективни активности откако ќе ги реши споровите со арбитража.  Преку арбитража беше одлучено на еден друг работник, Мелвин Бери, да му се исплатат  еден милион долари отштета, исто така поради расистичката околина во која што работел во компанијата.

свет9 часа ago

Русија ги прекинува дипломатските односи со НАТО

свет10 часа ago

Почина Колин Пауел, првиот афроамериканец државен секретар на САД

македонија14 часа ago

Арсовска води пред Шилегов во Скопје со 4.000 разлика, после 80% пребројани гласови

македонија23 часа ago

Заев најави повеќе градоначалници одошто опозицијата, Мицкоски веќе прогласи победа на локалните

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

економија3 дена ago

Средба Народна банка – ММФ: Повисоката инфлација во Македонија е резултат на глобални притисоци

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

македонија4 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

македонија4 дена ago

Димитров од Самитот на The Economist: ЕУ и Бугарија да покажат одговорност и лидерство

македонија4 дена ago

Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

македонија6 дена ago

Заев ја најави досега најголемата инвестиција во земјава: германската WPD ќе гради ветропарк од 500 милиони евра

регион5 дена ago

Немири на северот во Косово, Србин тешко повреден

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

lifestyle6 дена ago

„Божиновски“ го донесе часовникот на Џејмс Бонд во својот новодизајниран салон

македонија6 дена ago

Утре во Скопје се одржува „Самитот на Западен Балкан“ организиран од лондонски The Economist

македонија6 дена ago

Струјата за домаќинства со иста цена до крајот на годинава

македонија4 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

регион4 дена ago

Курти на Самитот во Скопје: Криминалот не познава националност. Старовиќ: Акцијата во Митровица е прекумерна употреба на сила

свет7 дена ago

Директорката на ММФ, Георгиева, го „преживеа“ скандалот со Дуинг Бизнис