Connect with us

свет

Тил, Безос и Закерберг продадоа акции од своите компании вредни стотици милиони евра

Технолошкиот сектор на врвот

објавено

на

Како што пазарите достигнуваат рекордни нивоа, односот помеѓу корпоративната инсајдерска продажба и инсајдерското купување е на највисоко ниво од првиот квартал на 2021 година, според Verity LLC, аналитичка компанија која ги следи објавите  за инсајдерски тргувања, објави Financial Times.

Питер Тил, Џеф Безос и Марк Закерберг ја предводат парадата на милијардери од технолошкиот сектор кои продадоа акции од нивните компании вредни стотици, па и милијарди долари овој квартал, што е сигнал дека неодамнешниот бум на берзата наскоро може да го достигне својот врв.

Како што пазарите достигнуваат рекордни нивоа, односот помеѓу корпоративната инсајдерска продажба и инсајдерското купување е на највисоко ниво од првиот квартал на 2021 година, според Verity LLC, аналитичка компанија која ги следи објавите  за инсајдерски тргувања, објави Financial Times.

Продажбата на акции на почетокот на календарската година е вообичаена, а натрупаната побарувачка на почетокот на 2024 година е влошена поради тоа што акционерите минатата година избегнуваа продажба поради ниските проценки на вредностите  на компаниите.

Јасен сигнал за останатите

Марк Закерберг, извршниот директор на Meta (Facebook), со години продаваше стотици милиони долари вредни  акции на компанијата, но ја зголеми продажбата оваа година бидејќи акцијата достигна највисоко ниво на сите времиња. На почетокот на февруари, тој продаде 291.000 акции за 135 милиони долари, што е негова прва продажба од тој обем од ноември 2021 година.

Сепак, аналитичарите велат дека напливот оваа сезона бил изненадувачки и дека е показател дека неодамнешниот технолошки бум, поттикнат од возбудата поради порастот на генеративната вештачка интелигенција (ВИ), наскоро ќе исчезне.

„Ако мислат дека сме на врвот и затоа се извлекуваат од тоа, тоа е прилично јасен сигнал за сите останати“, вели Чарлс Елсон, шеф на корпоративно управување на Универзитетот  Делавер во САД.

Многу од најголемите продажби овој квартал дојдоа од директори на технолошките компании. Питер Тил, ко-основач на групацијата за анализа на податоци Palantir, продаде 175 милиони долари во акции овој месец, според регулаторните поднесоци, што е негова најголема продажба од ослободувањето  на 504,8 милиони долари од акциите на компанијата во февруари 2021 година.

Основачот на Amazon, Џеф Безос, во февруари продаде 50 милиони акции во вредност од 8,5 милијарди долари. Енди Џеси, извршниот директор на Амазон, продаде 21,1 милиони долари вредни акции оваа година, во споредба со 23,6 милиони долари во 2023 и 2022 година заедно.

Марк Закерберг, извршниот директор на Meta (Facebook), со години продаваше стотици милиони долари вредни  акции на компанијата, но ја зголеми продажбата оваа година бидејќи акцијата достигна највисоко ниво на сите времиња. На почетокот на февруари, тој продаде 291.000 акции за 135 милиони долари, што е негова прва продажба од тој обем од ноември 2021 година. Тој сè уште има 13,5 отсто од акциите, што го прави најголемиот акционер.

„Ние гледаме на продажбата на корпоративни акции како на  негативна податочна точка  за која инвеститорите треба да бидат свесни“, вели Бен Силверман, потпретседател за истражување на Verity.

Кога директори продаваат многу акции од својата компанија никогаш не е добар знак

Основачот на Amazon, Џеф Безос, во февруари продаде 50 милиони акции во вредност од 8,5 милијарди долари. Енди Џеси, извршниот директор на Амазон, продаде 21,1 милиони долари вредни акции оваа година, во споредба со 23,6 милиони долари во 2023 и 2022 година заедно.

Тој додава дека особено во технолошкиот сектор „гледаме и голем број големи имиња (компании) на овој простор со инсајдерска продажба што не е типична“.

„Јасно е дека во моментов постои желба да се создаде ликвидност. Дел од тоа е застојана побарувачка по релативно тивката инсајдерска продажба  во 2022 и 2023 година, а перформансите на пазарот се секако еден двигател“, вели Силверман.

Па така и  Френк Слутман од Snowflake продаде 69,2 милиони долари вредни акции на почетокот на февруари, неколку недели пред да објави дека ќе ја напушти функцијата извршен директор. Акциите на софтверската компанија за бази на податоци паднаа за околу 29 отсто од денот кога тој го објави своето пензионирање. Slootman не беше основач на Snowflake, но дојде во 2019 година да ѝ помогне на компанијата да излезе на берзата.

„Инсајдерска продажба на големи количини на акции од страна на високи директори никогаш не е добар знак, тоа е многу едноставно. Ова значи дека тие нашле подобро место за распоредување на нивните средства од компаниите што ги водат“,  вели Елсон од Универзитетот Делавер.

банки1 ден ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет1 ден ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет1 ден ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании1 ден ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион1 ден ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија1 ден ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

македонија1 ден ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

економија1 ден ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

економија1 ден ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет1 ден ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

македонија1 ден ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

банки4 дена ago

Управната зграда на УНИБанка во Скопје сама ќе произведува струја од фотоволтаична централа