Connect with us

start up

Тимот што цели кон клиенти како YouTube, Vimeo, Dailymotion…

Запознајте го Видикт Медиа Сервер, стартап од Скопје

објавено

на

Секој од нас седнал барем еднаш на лаптоп, таблет или смартфон со желба да гледа некој спортски натпревар, доделување на Оскари или некој друг голем светски настан којшто привлекува милиони гледачи и предизвикува преоптовареност на серверите при пренесувањето, односно „стримингот“ на овие содржини. Видикт Медиа Сервер (Vidict Media Server) е компанија на млади ентузијасти од Македонија чијашто главна цел е да го решат овој проблем со преоптовареноста на серверите, преку сведување на потребата од нив на минимум.

Секој од нас седнал барем еднаш на лаптоп, таблет или смартфон со желба да гледа некој спортски натпревар, доделување на Оскари или некој друг голем светски настан којшто привлекува милиони гледачи и предизвикува преоптовареност на серверите при пренесувањето, односно „стримингот“ на овие содржини. Видикт Медиа Сервер (Vidict Media Server) е компанија на млади ентузијасти од Македонија чијашто главна цел е да го решат овој проблем со преоптовареноста на серверите, преку сведување на потребата од нив на минимум.

„Видикт Медиа Сервер како правен субјект формално функционира од ноември 2017 година. Сепак, идејата да се формира компанија која ќе работи на решавање на проблемот со преoптовареност на серверите при стриминг на популарни настани во мене тлееше уште од 2012 година.“, вели Перо Ѓузелов, основач и главен менаџер на стартапот. Претходно, тој веќе имал 5 годишно програмерско искуство во видео стриминг и имал увидено дека оваа индустрија се темели на серверска, односно хардверска моќ. Во тоа време онлaјн стриминг индустријата за одреден број на гледачи морала да изнајми одреден број на сервери, но и покрај тоа бил присутен проблемот со нарушување на квалитетот на сликата при пренос на настани во живо, особено спортски натпревари кои привлекуваат голема онлајн публика.

„Се разбира, инсталацијата на нови сервери како ад-хок решение чини пари, бара време како и експертска поддршка. Како дипломиран софтверски инженер сметав дека треба да се обидам со програмирање, притоа пристапувајќи му на проблемот од поинаков агол. Наместо причината за неквалитетниот стрим како резултат на преголем сообраќај на серверска страна да ја барам во гледачите, се насочив кон развој на решение кое од равенката ги отстранува или во најмала мера ги сведува на минимум серверите. Така се роди идејата за развој на софтвер базиран на мрежа од гледачи.“, објаснува Ѓузелов за „Капитал“.

Во тимот подоцна му се приклучил Милан Рашковски, дипломиран инженер по информатика и софтверско инженерство како  Quality Assurance и Product release менаџер, додека од неодамна, како прва компанија во овој сегмент, развиваат машинско учење во онлајн стримингот во живо, за што е одговорна Анастасија Николовска. Пред да се приклучи на Видикт Медиа Сервер, Анастасија била дел од тим на студенти, добитник на меѓународна награда за алгоритам што користи сензорски податоци за да препознае човечки активности и да детектира паѓање,  додека Филип Поповски, кој е одговорен за креирање информативни содржини и објаснување на продуктот, има меѓународно искуство во стартап екосистемот. Игор Изотов, консултант за претприемништво и стартапи,  од оваа година е дел од тимот одговорен за интернационализација на Видикт Медиа Сервер и застапување на компанијата пред инвеститори како и преговарање со големи корпорации.
„Можам да кажам со сигурност дека работиме со технологија од иднината, додека еден Youtube и Facebook користат исклучиво CDN, односно технологија која е застарена и се надеваме дека во иднина ќе ја користат нашата технологија.“, истакнува нашиот соговорник Ѓузелов.  

Нешто како „торент“, но подобро…

Перо Ѓузелов (лево) со тимот на Видикт Медиа Сервер –  Милан, Анастасија и Филип,  на Web Summit 2019 во Лисабон, најголемиот светски настан од областа на технологијата. Видикт беа  единствен стартап од Македонија со свој штанд на конференцијата, а беа избрани и во селекцијата за “пичинг“ пред инвеститори.

Нивниот продукт Vidict Peer, е т.н. SaaS (Software as a Service) за видео стриминг со користење на peer-to-peer технологијата. Нешто како торент, но за содржина која се емитува во моментот кога се случува.

“Мислам дека денес речиси секој од нас ‘симнувал’ филм од интернет и за таа цел користел торент програми како BitTorrent, uTorrent и сл. Сепак, тоа е веќе снимена содржина, зачувана и енкодирана и како таква вие ја превземате од хард диск на некој друг компјутер т.е. Peer. Vidict Peer функционира на истиот, peer принцип со таа разлика што поврзувањето со другиот таблет, мобилен телефон или компјутер чиј сопственик ја гледа истата содржина се случува во моментот кога се емитува настанот и од него се превзема стримот. На тој начин, се минимизира улогата на серверите при што се остварува заштеда за користење на сервери до 70%.“, објаснува Ѓузелов.

Тој додава дека, сопствениците, секако, може да се одлучат за задржување на постојната серверска структура која благодарение на продуктот на Видикт  е оспособена да поддржи повеќекратно зголемување на бројот на гледачи  без дополнителни инвестиции во хардвер (сервери). Таков бил случајот со минатогодишното светско првенство во крикет кога платформите на кои е интегриран Vidict Peer имале рекорден број на гледачи на постојните сервери. Како пример,  најголемиот број на гледачи кои во ист момент гледаа крикет користејќи ја технологијата на Видикт бил 483 илјади, додека, за споредба,  инаугурацијата на претседателот Обама како еден од најгледаните онлајн настани во живо беше следен од 690 илјади луѓе. „И овој настан се смета како прв најгледан онлајн стриминг настан во историјата од овој тип“, додава нашиот соговорник.

Друг битен момент што е предност за Vidict Peer е што за разлика од торент апликациите тој функционира без инсталација на клиентски софтвер од страна на крајните корисници. Наместо тоа, секој оној кој сака да гледа натпревар во живо на својот компјутер, лаптоп или мобилен телефон тоа може да го направи едноставно со отворање на пребарувач.
Клиенти се видео веб сајтови, платформи за стриминг и телекомуникациски компании кои обезбедуваат IPTV услуги.

Како клиентите од скептици да преминат во лојални корисници

Основачот на Видикт Медиа Сервер Перо Ѓузелов ги презентира решенијата на стартапот во Кина пред тамошни потенцијални инвеститори.

Од Видикт Медиа Сервер велат дека веќе имаат неколку странски клиенти кои активно го употребуваат нивното решение за пренос (во живо) на спортски натпревари пред милионски интернет аудиториум во југоисточна Азија, генерирајќи притоа 7.000 TB p2p сообраќај во период од 12 месеци, што е еднакво на видео во траење од 3.500 години. Како најзначаен проект е сепак Светското првенство во Крикет кога за времетраењето на првенството 393 милиони гледачи го користеле нивното софтверско решение.

Дечките од стартапот велат дека најголем предизвик им е трансформацијата на сегашните клиенти од скептици во лојални корисници, што, според нив, воопшто не е лесно, имајќи го предвид фактот дека cloud технологијата за видео стриминг на Amazon (Amazon Web Service) и Microsoft (Azure) e присутна со децении и иако застарена технологија се користи од сите поголеми играчи на пазарот   – Youtube, Netflix, Facebook итн.

„Пак ќе наведам ова е технологија на иднината и со распространетост на 4G, а од скоро и  5G технологијата ќе биде водечка технологија во наредната деценија.
Во моментов, нашиот најголем предизвик е пристапот до т.н. smart money и пробивањето на нови пазари, надвор од Азија. Кога сме веќе кај капиталот  нашите непосредни конкуренти, од САД, Израел, Франција и Германија успеаја да привлечат инвестиции во износ од над 20 милиони долари,  што самото по себе говори за перспективноста на оваа технологија. За разлика од нив ние се финансираме од сопствени извори, поточно од приходите кои ги остваруваме од продажбата на нашите продукти, вклучително и Vidict Peer. Сепак, свесни сме дека ако сакаме да држиме чекор со останатите играчи потребни ни се инвестиции, големи инвестиции.“, вели основачот на стартапот, Перо Ѓузелов.

Развивање на нови продукти, наместо “лон“ производство на софтвер

Тој вели дека во Македонија се’ уште има квалитетен кадар за ИТ секторот, а таков кадар и продолжува да се обучува. Проблемот за компании како Видикт, според него, е што развиваат продукти буквално од нула, а голем дел од програмерскиот кадар во земјава се ангажира за развој на софтвер во сопственост на странски компании.  Во таков случај локалниот инпут е огромен, но најголем дел од ново – генерираната вредност останува надвор од државата.

„Затоа наша одлука од самиот почеток беше, тимот да го градиме преку ангажирање на кадар директно од студентските клупи. Тоа воопшто не е лесно но за наша среќа работиме за индустрија која за младите, талентирани девелопери делува интересно, многу поинтересно од креирање аутсорсинг решенија. Во Видикт сите имаат простор за самоизразување и креирање на нешто сопствено. На пример нашиот девелопер Милан самостојно креира алатка за дијагностицирање на проблеми кои настануваат во реално време, додека Анастасија сака да имплементира машинско учење во онлајн стриминг, нешто што нашата конкуренција не го прави.“, истакнува Ѓузелов.

Како идни цели на Видикт од компанијата ја истакнуваат диверзификацијата на портфолиото на компанијата со клиенти од Европа и САД. Тоа се компании како Youtube, Vimeo, Dailymotion, Videomotion, но и спортски тимови со капацитет за пренос на настани во живо. Пресметките покажуваат дека според обемот на сообраќај кој го остваруваат, сајтови од овој тип би оствариле заштеди од неколку стотини илјади долари дневно. Што се однесува до развојот на нови продукти, нивна  замисла е да овозможат видео стриминг без доцнење, без т.н. time lag.
„Во моментов сите системи доцнат одреден број на секунди зад преноси на традиционалната, кабловска ТВ. Тоа може да го забележите кога гледате натпревар на лаптоп, а за промената на резултатот дознавате од извиците на соседите кои гледаат на ТВ приемник. Тоа е нашиот следен предизвик.“, вели Ѓузелов.  

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија15 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија23 часа ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија1 недела ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство