Connect with us

технологии / компании

Тим од Македонци освои награда на натпревар на NASA

објавено

на

Македонскиот тим „Team Devilish„ на светскиот хакатон на NASA кој секоја година се одржува под името NASA Space Apps Challenge, ја освоија наградата за Најдобра употреба на Best Use of an Open Source 3D Engine во Кливленд, и добија пофалби од судиите за нивната солуција.

Минатиот  викенд, на 2-ри и 3-ти Октомври, се одржа најголемиот хакатон во светот NASA Space Apps Challenge кој овој пат, поради КОВИД-19 Пандемијата, втора година по ред, беше целосно онлајн.

Иако КОВИД-19 Пандемијата ги наруши сите нормални функции на општеството, можеби еден позитивен исход е тоа што луѓето можат лесно да се поврзуваат онлајн, насекаде низ светот. Можеби, еден таков пример би бил и токму овој хакатон каде што луѓе од Македонија се пласираа на глобално ниво во средина на натпросечно успешни и талентирани млади луѓе, каде за нивните вештини беа оценувани од судии и менторирани од луѓе што доаѓаа од најголемите вселенски агенции како NASA, JAXA, ESA…

48-часовен предизвик за програмери, научници, дизајнери…

Самиот хакатон е во форма на 48-часовен предизвик за програмери, научници, дизајнери, раскажувачи, технолози, каде секој тим ги користи јавните информации на NASA за да предложи решение за проблем во вселената или на Земјата. Тимовите не знаат која ќе им биде конкретната задача, заради недостиг на податоци, се до објавувањето на почетокот на хакатонот и воедно се оценуваат и за умешноста да соработуваат во тимот и со менторите, нивната креативност и критичкото размислување. 

Тимот „Devilish“ учествуваше во предизвикот наречен „ARTFULLY ILLUMINATED ASTEROIDS“, во кој од тимовите се очекуваше преку било која форма на уметност да ја прикажат истражувачката мисија на вселенската сонда „Lucy“ на НАСА, со цел да се информира, инспирира, заинтересира и запознае пошироката јавност со истражувањето на астероидите.

Нашиот тим одлучи најнапред  да направи истражување за патеката по која ќе се движи вселенската сонда „Lucy“ и за тоа кои вселенски објекти ќе ги пресретне и истражува за време на својата мисија“, изјави 22 годишниот, Ивица Бузлевски од Ресен, дел од тимот.

„Потоа се одлучивме дека ќе изработиме 3D модели со помош на кои ќе изработиме 3D анимација во која ќе ги прикажеме најважните моменти од истражувачката мисија на „Lucy“, како и да изработиме тематска песна која би ја искористиле во финалното видео.

Дизајнерите на нашиот тим работеа во три различни софтверски програми: „Blender“, „Maya“ и „Solidworks“, од кои причини се соочивме со големи проблеми на некомпатибилност на 3D моделите при составувањето на финалниот проект.

„Меѓутоа, и покрај тоа успеавме да се справиме со ситуацијата и да го завршиме проектот на време. На судиите им се допадна фактот дека успешно сме се справиле со софтверските проблемите и сме изработиле интересен видео материјал“, изјави Бузлевски. 

Тимска работа

Музиката во видеото е тематски изработена за проектот, кој се вика „Lucy Ascending“. Ја изработи Драган Мојсовски од Скопје 30 годишен, магистер по право, кој освен за музиката бил задолжен за истражување, решавање на проблеми и општа поддршка на членовите на тимот.

3D моделите на астероидите, текстурите за другите елементи и надминувањето на сите неочекувани софтверски проблеми во врска со алатките, било задача на Виктор Пановски од Скопје, ентузијаст за технологија, механика и наука. 

Создавањето на ракетата  Атлас v 401 и сателитот Луси беше задача на Жарко Ванески, студент по машинско инженерство од Скопје. 

Возбудени од успехот, членовите на тимот ги охрабруваат сите млади луѓе да се пријават на NASA Space Apps Challenge Cleveland бидејќи се отвораат нови можности во однос на патентирања на нивните идеи и финансирање на проектите. Сите кои сметаат дека би сакале да се обидат нека се обратат на следниот маил: spaceappscle@gmail.com

Мартина Димоска, како Local Lead изјави дека оваа локација за неа е посебна особено затоа што го превзема водството славејќи неколку специјални пригоди. Имено, NASA Space Apps Challenge слави јубилеј, 10 годишнина заради тоа овогодинешната тема на хакатонот беше „Моќта на десетката“ (The Power of Ten) што ги претставува десетте вселенски агенции вклучени и импактот и посветеноста која се прави преку #SpaceApps Challenge кон проширување на ова семејство на иноватори и сонувачи се’ повеќе и повеќе, како би станале што поголем и разновиден колектив.

„На сите нас е да изградиме подобра и посветла иднина.  Дополнително, темата на дизајн и одбележување на овогодишниот  NASA Space Apps Challenge Cleveland беше да се одбележи 80 годишнина од постоењето на NASA Glenn истражувачкиот центар со кој што блиско соработуваат.“, вели Димоска.

Мартина Димоска во организацијата настапи со тим на Македонци кои тесно соработуваа со Американскиот тим, и без кои овој настан немаше да биде возможен, и тоа: Рената Наумовска (финансиски советник), Давид Мука Димовски (дигитални комуникации), Боби Софронијоски (дата архитект), Андреј Јаневски (мултимедиа специјалист) и Ана Атанасовска (ментор лид).

NASA Space Apps Challenge слави јубилеј, 10 годишнина, и  заради тоа овогодишната  тема на хакатонот беше „Моќта на десетката“ (The Power of Ten) што ги претставува десетте вселенски агенции вклучени и импактот и посветеноста која се прави преку #SpaceApps Challenge кон проширување на ова семејство на иноватори и сонувачи се’ повеќе и повеќе

Акцент на меѓународна соработка

Целата ситуација со „онлајн“ функционирањето, како и разноликоста на водечкиот тим на Кливленд годинава придонесе во разноликоста на самиот настан. Од друга страна, учеството и застапеноста на жените на овој настан беше во значителен пораст, и имаше еднаквост на сите полиња, од организациско ниво, па се до ментори, судии и учесници.

Кливленд брои максимална бројка на тимови што некогаш ја имал, но и во духот на Спејс Апс годинава, имаше огромен акцент на интернационална соработка и со учесници на тимови од секаде низ светот на оваа култна локација. Дванаесетте тима кои учествуваа се:

1.  3D ASTEROIDS (Artfully Illuminated Asteroids)

2. COMPILATION ERROR (Drones and Satellites for Urban Development)

3. CONSTELLATION ANIMATIONS (Artfully Illuminated Asteroids)

4. ISU ICONS (Space Quest: The Game)

5. LAUNCHPAD (Unlocking the Secrets of the Sun)

6. PLASTITRACKER (Leveraging AI/ML for plastic marine debris)

7. SPACE TRASH PANDAS (Mapping Space Trash in Real-Time)

8. SPACE WOLVES (Let It Go (Without A Bang))

9. SPACE WOLVES (Virtual Planetary Exploration v2.0)

10. STARFLOCK (COVID-19: Calculate the Risk)

11. TEAM DEVILISH (Artfully Illuminated Asteroids)

12. TEPPER PEPPERS (Measuring the Value of Earth Observations)

Continue Reading
свет9 часа ago

Русија ги прекинува дипломатските односи со НАТО

свет10 часа ago

Почина Колин Пауел, првиот афроамериканец државен секретар на САД

македонија14 часа ago

Арсовска води пред Шилегов во Скопје со 4.000 разлика, после 80% пребројани гласови

македонија24 часа ago

Заев најави повеќе градоначалници одошто опозицијата, Мицкоски веќе прогласи победа на локалните

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

економија3 дена ago

Средба Народна банка – ММФ: Повисоката инфлација во Македонија е резултат на глобални притисоци

македонија4 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

македонија4 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

македонија4 дена ago

Димитров од Самитот на The Economist: ЕУ и Бугарија да покажат одговорност и лидерство

македонија4 дена ago

Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

македонија6 дена ago

Заев ја најави досега најголемата инвестиција во земјава: германската WPD ќе гради ветропарк од 500 милиони евра

регион5 дена ago

Немири на северот во Косово, Србин тешко повреден

македонија4 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

lifestyle6 дена ago

„Божиновски“ го донесе часовникот на Џејмс Бонд во својот новодизајниран салон

македонија6 дена ago

Утре во Скопје се одржува „Самитот на Западен Балкан“ организиран од лондонски The Economist

регион4 дена ago

Курти на Самитот во Скопје: Криминалот не познава националност. Старовиќ: Акцијата во Митровица е прекумерна употреба на сила

македонија6 дена ago

Струјата за домаќинства со иста цена до крајот на годинава

македонија4 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

здравје7 дена ago

Дали новиот лек против ковид на Мерк може да донесе пресврт во пандемијата?