регион
Тлото во Петриња се’ уште се тресе, досега седум жртви од земјотресот во Хрватска
објавено
на
автор:
Редакција Капитал
Расте бројот на жртви од разорниот земјотрес што денеска ја погоди Хрватска, со епицентар во гратчето Петриња, педесетина километри од Загреб. До овој момент загинати се седум лица, од коишто пет во местото Глина близу Петриња. Во Петриња жртва е и мало девојченце, јавуваат хрватските медиуми.
Најмалку десетина лица се тешко повредени, дваесетина се хоспитализирани, но се стравува дека бројот на починати и повредени е поголем, затоа што спасувачките служби се’ уште ги пребаруваат урнатините. Материјалната штета во Петриња, Глина, Сисак и околината на епицентарот е огромна, голем дел од објектите се целосно уништени.
Потресот со магнитуда од 6,2 степени по Рихтер го затресе тлото во Хрватска во 12:19 часот денеска, силно се почувствувал во метрополата Загреб, а и на територијата на целата земја, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Унгарија, па дури и во Италија.
Помош во Петриња пристигнува од целата Хрватска, ангажирани се бројни противпожарни единици, полицијата, војската, а луѓе од целата земја нудат секакви облици помош и сместување за унесреќените. Штабот на цивилната заштита ги моли сите добронамерни граѓани да се воздржат од поединечни доаѓања во погоденото подрачје и сета помош во пари, облека, храна и сл., да ја дадат преку Црвениот крст.
Пораки со поддршка стигнуваат од целиот регион и Европа, а челниците на ЕУ најавија и итна помош за санирање на штетите од земјотресот.
Вчера утро исто така силен земјотрес со магнитуда од 5 степени по Рихтер ја погоди Петриња и околината, при што беа оштетени голем број објекти, но немаше човечки жртви. Потоа следеа уште два посилни земјотреси во текот на денот. На 22 март годинава имаше уште еден силен земјотрес што го погоди Загреб и северозападна Хрватска, со сила од 5,5 степени.
Прочитај Уште...
-
Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани
-
Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи
-
Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“
-
Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава
-
10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија
-
„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

Македонската економија на среден и долг рок (2)

Каква година ќе биде 2021 за инвеститорите

Доаѓа ерата на “пост – менаџментот“

Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба?

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

Одобрена е првата група на кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата

Средствата за дезинфекција од “Алкалоид” со докажано дејство против SARS-CoV-2 (COVID-19)

ССК бара финансиската помош за исплата на плата и бескаматните кредити да траат најмалку до април

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава