Connect with us

македонија

Тодор Анѓушев на конференција на МАРЕС: Потребни се брзи законски измени за да може вишокот на струја да се складира во батерии

објавено

на

Тодор Анѓушев посочи дека иако батериските системи не се целосно еколошки, тие се многу потребни во случај кога има голем број на изградени фотоволтаици, како што е ситуацијата и во Македонија. 

Надлежните државни институции во што е можно побрз временски период да ги завршат потребните законски и подазконски измени со кои ќе се дефинираат батериските системи како енергетски објекти, за истите да можат да се поставуваат, да се користат за складирање на вишокот електрична енергија и да се даде сигурност на инвеститорите да ги реализираат своите проекти. 

Ова го порача Тодор Анѓушев, извршен директор на компанијата ЕМС (Energy Maintenance Solutions), која е членка на групацијата Феро Инвест, говорејќи како панелист на првата меѓународна конференција во организација на новата Македонската асоцијација за обновливи извори – МАРЕС.

Тодор Анѓушев посочи дека иако батериските системи не се целосно еколошки, тие се многу потребни во случај кога има голем број на изградени фотоволтаици, како што е ситуацијата и во Македонија. 

Во своето излагање тој посочи дека групацијата Феро Инвест е лидер во обновливите извори на енергија во нашата земја, со над 15 години искуство во областа, а во своето портфолио има мали хидро електрани, фотонапонски централи, една биогасна електрана и трафостаници. Тој додаде дека Феро инвест нуди услуги по принцип „клуч на рака“ за обновливи извори и за други инвеститори, преку правна помош и поддршка, изработка на физибилити студии, проектирање, изградба и пуштање во употреба, па се до следење на работата на електраните и нивно одржување.

Анѓушев нагласи дека многу е важно да се реализираат проектите за обновливи извори кои се предвидени во Стратегијата за развој на енергетиката и тоа да се случува на начин како што е предвидено во стратегијата, за да развојот на енергетскиот сектор биде контролабилен и соодветен на нашиот електро-енергетски систем и притоа инвестициите да бидат исплатливи на среден и долг рок.

Анѓушев упати честитки за формирањето на оваа асоцијација и изрази надеж дека истата ќе биде важен чинител во општеството која ќе помогне да се стимулираат нови инвестиции во обновливи извори на енергија, кои се иднина на енергетиката во Република Северна Македонија.

банки2 дена ago

Управната зграда на УНИБанка во Скопје сама ќе произведува струја од фотоволтаична централа

економија1 недела ago

Втора регионална конференција за техничка анализа, во Љубљана, на 6 и 7 јуни

економија1 недела ago

Одржано годишното Собрание на АЕТМ – Ангеловска повикува за побрзи и подобри промени

свет2 недели ago

Предлог акција за оваа недела: ProCredit Holding

банки2 недели ago

Со Mastercard од УНИБанка, ја имаш Куба на дланка!

банки2 недели ago

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Financе

интервју2 недели ago

Кристина Краличин: Во брзата река наречена живот, книгата е каменот за одмор, пауза за душата или пак мостот со кој се поврзуваат сетилата

технологии / компании2 недели ago

Новоселов и тимот пронајдоа невиден потенцијал во две соединенија на елементот рениум

свет2 недели ago

Тил, Безос и Закерберг продадоа акции од своите компании вредни стотици милиони евра

регион2 недели ago

ЕУ донесе регулатива против greenwashing-от: Доста е веќе од манипулативниот зелен маркетинг на брендовите