Connect with us

економија

Топ менаџери од Европа стравуваат од голема рецесија

Песимизам кај бизнисмените

објавено

на

Еврозоната се соочува со истовремени економски шокови од војната во Украина и пораст на цените на храната и енергијата како последица од конфликтот, заедно со шоковите  во синџирите за  снабдување што произлегуваат  од кинеската политика за нулта толеранија кон Ковид. Тоа поттикнува  загриженост за „стагфлација“ – состојба  со низок економски раст и висока инфлација – и евентуална рецесија.

Извршните директори на неколку големи европски компании изјавија за CNBC дека стравуваат од  голема рецесија што ѝ се заканува на Европа.

Континентот е особено ранлив на последиците од руско-украинската војна, поврзаните економски санкции и загриженоста околу снабдувањето  со енергија, а економистите ги намалуваат прогнозите за раст на еврозоната во последните недели.

Еврозоната се соочува со истовремени економски шокови од војната во Украина и пораст на цените на храната и енергијата како последица од конфликтот, заедно со шоковите  во синџирите за  снабдување што произлегуваат  од кинеската политика за нулта толеранија кон Ковид. Тоа поттикнува  загриженост за „стагфлација“ – состојба  со низок економски раст и висока инфлација – и евентуална рецесија.

Главниот економист на германската инвестициска банка Berenberg (Беренберг), Холгер Шмидинг, во своето обраќање од минатата недела  рече дека краткорочните ризици за економскиот раст се зголемени во Европа. „Влошувањето на ситуацијата со локдауните во Кина и претпазливото трошење на населението како реакција на високите цени на енергијата и храната лесно може да предизвикаат намалување на БДП на еврозоната во вториот квартал“.

„Сигурно е, гледаме рецесија што е во процес на создавање, значи  се подготвува. Сè уште има преголема побарувачка поради кризата со Ковид која што секој момент треба да ја оставиме зад нас“, вели Штефан Хартунг, извршен директор на германскиот инженерски и технолошки гигант Бош (Bosch).

„Ковидот сè уште е тука и гледаме дека силно ја погодува Кина, но гледате дека во многу области во светот, побарувачката е веќе значително зголемена во некои области“.

Особено, Хартунг ја истакнува  побарувачката  за апарати за домаќинство, електрични алати и возила, но посочи дека тоа ќе се намали.

„Тоа значи дека за одредено време, оваа побарувачка сè уште ќе постои, иако гледаме зголемување на каматите и зголемување на цените, но во одреден момент, тоа нема да биде само криза со понудата, туку ќе да биде и криза на побарувачката и тогаш сигурно сме во длабока рецесија“, додаде тој.

Ако Германија влезе во рецесија, опасно е за цела Европа

Инфлацијата во еврозоната достигна рекордно високо ниво од 7,5% во март. Досега, Европската централна банка остана повоздржана  од нејзините пандани, како што се Банката на Англија и Федералните резерви на САД, кои и двете почнаа да ги зголемуваат каматните стапки во обид да ја зауздат ​​инфлацијата.

Сепак, ЕЦБ сега очекува да го заврши откупот на средства во рамките на својата APP (asset purchase program) програма во третиот квартал, по што ќе има простор да започне со затегнување на монетарната политика, во зависност од економските изгледи.

Главниот економист на германската инвестициска банка Berenberg (Беренберг), Холгер Шмидинг, во своето обраќање од минатата недела  рече дека краткорочните ризици за економскиот раст се зголемени во Европа.

Ола Калениус, извршен директор на Мерцедес (Mercedes-Benz), изјави за CNBC минатата недела дека ситуацијата во Кина и војната во Украина создаваат „тешко деловно опкружување“ за германскиот производител на луксузни автомобили на три различни начини. „Од една страна, имаме тековен недостиг главно поврзан со микрочипови. Згора на тоа, сега има нови локдауни во Кина, нашиот најголем пазар, што ќе влијае на нас во Кина, но исто така може да влијае и на синџирите на снабдување низ целиот свет, а покрај тоа, се разбира, и војната во Украина, така што деловната клима е многу тешка“.

„Влошувањето на ситуацијата со локдауните во Кина и претпазливото трошење на населението како реакција на високите цени на енергијата и храната лесно може да предизвикаат намалување на БДП на еврозоната во вториот квартал“, рече Шмидинг.

„Итно ембарго за увоз на гас од Русија (многу неверојатно) може да го претвори тоа во посериозна рецесија. Ако ФЕД одигра погрешно и ги катапултира САД директно од бум до пад (помалку веројатно, но не и целосно невозможно), таквата рецесија би можела да трае до следната година“.

Сепак, Шмидинг сугерира дека еврозоната најверојатно ќе влезе во рецесија само „ако полошото дојде до најлошо“, и дека тоа не е основна претпоставка.

Марк Бренсон, претседател на германскиот финансиски регулатор БаФин (BaFin), смета дека воената ескалација во Украина или понатамошно нарушување во снабдувањето со енергија, ќе биде сериозен ризик за растот на најголемата европска економија, чиишто индустриски сектори се особено ранливи на енергетската криза.

„Веќе гледаме дека растот е сведен на речиси нула во многу економии од ЕУ, вклучително и тука, и тоа е мошне ранлива ситуација. Кревко е и поради шоковите што се поврзани со Ковид, а коишто се’ уште се случуваат“, рече Бренсон.

„Имаме инфлација со којашто треба да се справиме,  и тоа сега, така што овој сплет на фактори е многу тежок за економијата.“

Стравување од уште поголема инфлација

Славомир Крупа, заменик извршен директор во Сосиете Женерал (Societe Generale), изјави за CNBC вчера дека француската  банка внимателно ја следи макроекономската слика.

„Очигледно е фундаментална вест за макроекономскиот  контекст и поттикнатата инфлација којашто доаѓа како последица на енергетскиот шок – нешто што постоеше и пред да почне војната во Украина – сега имате стравување од уште повисока инфлација и ризик за конечен, фундаментален импакт врз макроекономијата во вид на рецесија“, рече тој, додавајќи дека тоа потенцијално ќе влијае на „целиот систем, и банката, секако“.

Ола Калениус, извршен директор на Мерцедес (Mercedes-Benz), исто така изјави за CNBC минатата недела дека ситуацијата во Кина и војната во Украина создаваат „тешко деловно опкружување“ за германскиот производител на луксузни автомобили на три различни начини.

Извршниот директор на  данскиот гигант Маерск (Maersk), Сорен Скоу, вели  дека најголемата светска бродска компанија, исто така, внимава на ризиците од рецесија, особено во САД, но не очекува тие да дојдат до израз до крајот на 2022 година или почетокот на 2023 година.

„Од една страна, имаме тековен недостиг главно поврзан со микрочипови. Згора на тоа, сега има нови локдауни во Кина, нашиот најголем пазар, што ќе влијае на нас во Кина, но исто така може да влијае и на синџирите на снабдување низ целиот свет, а покрај тоа, се разбира, и војната во Украина, така што деловната клима е многу тешка“, објасни тој.

Неговите коментари ги потврдува  и извршниот директор на Фолксваген (Volkswagen), Херберт Дис, кој вели дека компанијата исто така се соочила со „отежнето опкружување“ од Ковид, недостигот на чипови и војната во Украина во првиот квартал.

Извршниот директор на  Маерск (Maersk), Сорен Скоу, вели  дека најголемата светска бродска компанија, исто така, внимава на ризиците од рецесија, особено во САД, но не очекува тие да дојдат до израз до крајот на 2022 година или почетокот на 2023 година.

македонија2 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија19 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација