Connect with us

македонија

Трагедија во Бугарија: во запален автобус загинаа 46 македонски државјани

објавено

на

Според неофицијалните информации, се работи за претежно млади луѓе коишто се враќале од екскурзија во Истанбул.

Четириесет и шест патници утрово настрадаа во страшна сообраќајна несреќа која се случи на автопат во Бугарија, на триесетина километри од Софија, кога автобус со македонски таблички во кој се превезувале 53, најверојатно, македонски државјани излетал од автопатот и се запалил. Меѓу жртвите се 12 деца и двајца близнаци. Возачот исто така е меѓу жртвите. Седум патници се преживеани и во тешка состојвба со сериозни изгореници се пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија. Најмладиот преживеан има само 15 години.

„Сликата е ужасна и не секој може да ја поднесе. Никогаш не сум видел вакво нешто. Тешко е да се одреди колку луѓе има и кои се“, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков кој дојде на местото на несреќата заедно со бугарскиот премиер Стефан Јанев.

Трагедијата се случила околу 3 часот наутро кај селото Бошнек на автопатот Струма меѓу Перник и Дупница, на 31 километар југозападно од Софија.

Според првичните инфромации, автобусот бил дел од група од четири автобуси кои неколку часа претходно влегле во Бугарија од Турција преку граничниот премин „Капитан Андреево“. Според неофицијалните информации, се работи за претежно млади луѓе коишто се враќале од екскурзија во Истанбул и требало да влезат во Македонија преку граничниот премин „Ѓуешево – Деве Баир“ кај Крива Паланка.

„Веројатно се работи за техничка неисправност, пред тоа има дупната гума“, изјави за БТВ Николај Николов, началник на Генералната дирекција за противпожарна безбедност и заштита на населението при МВР.

Бугарскиот претседател Румен Радев и привремениот премиер Стефан Јанев телефонски разговарале со македонскиот премиер Зоран Заев, кој веднаш заедно со министерот за здравство Венко Филипче и со шефот на дипломатијата Бујар Османи заминаа за Бугарија.

македонија8 часа ago

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничување на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

македонија11 часа ago

Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД

македонија2 дена ago

Една година стратешко партнерство на Алкалоид и СОС Детско село

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

економија5 дена ago

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

интервју5 дена ago

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

економија5 дена ago

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

македонија1 недела ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје