Connect with us

свет

Трамп и Бајден го одржаа првиот предизборен дуел: беше жестоко и мачно за гледање

Претседателски избори во САД, 2020

објавено

на

Трамп агресивен, Бајден се обидуваше да не наседне на провокациите, но неколку пати ги загуби нервите; Бајден се огради од “демократскиот социјализам“, Трамп не се огради од белите расисти; Наводното скандалозно неплаќање на даноци од страна на Трамп поради претрпени загуби на неговите фирми, Бајден не успеа да го искористи како аргумент дека актуелниот американски претседател е всушност ужасен бизнисмен; Ковид – кризата се покажа како слаба точка на Трамп, пред сe’ поради катастрофално лошото справување на државата со пандемијата, но Бајден не понуди конкретни решенија како тој би изиграл. Сума сумарум, ова се клучните заклучоци од првата, од вкупно три предизборни дебати што се планирани помеѓу претседателот Доналд Трамп и претендентот за неговата фотелја, кандидатот на демократите, Џо Бајден.

Првата дебата помеѓу претседателските кандидати Доналд Трамп и Џозеф  Џо Бајден што се одржа во средата рано наутро по македонско време, помина во хаос, меѓусебни навреди и прекинувања, и е веројатно најлошата дебата во историјата на американските претседателски кампањи, е генералниот заклучок на медиумите во САД.

„Апсолутно грозна дебата“, беше насловот што CNN го распосла преку целата насловна страна на својот веб портал, а еден од нивните уредници, Крис Силиза, во првата анализа се обиде да ги сумира сите “погодоци и промашувања“, но во рубриката „погодоци“, вели, немал што да наведе.

„Ова беше апсолутна ужасна дебата која со ништо не придонесе јавноста да дознае нешто ново за двајцата кандидати и што би направил секој од нив во случај да го освои четиригодишниот мандат. Ова беше, без никакво сомневање, најлошата дебата што некогаш сум ја покривал во две децении колку што ја работам оваа работа.“, искоментира Силиза.

Fox News на својата веб страница дебатата ја проследи со наслов „Есенска пресметка: Првата дебата на Трамп и Бајден полна со огнени размени и навреди“. Нивниот аналитичар Хауард Курц во првиот коментар наведува дека соочувањето излезе од колосек и го спореди со тепачка во некоја крчма.

„Со оглед на степенот на поларизираност во општеството, малкумина после ова ги променија своите ставови освен ако кандидатите евентуално не ги оценувале според нивната пристојност. До суштината се доаѓаше само повремено, но повеќето време тоа беше вечер на дерење и бес, односно вечер на големи фрустрации“, пишува Курц.

New York Times во прв план го истакна подбивниот однос на Трамп кон Бајден и кон поедини теми на дебатата, а и овој медиум соочувањето го оценува како хаотично, поради што она што е суштинско не ни можело да дојде во прв план.

Нема победник, а губитници се 100 милиони Американци што ја гледаа дебатата

Иако оваа година на првата претседателска дебата нема победници, поразените се јасни како денот; повеќе од 100 милиони Американци го истрпеа ужасот  од едвај гледливата  програма преку нивните мали екрани.
Беа тоа 90 огнени минути  во коишто фрчеа напади ad hominem, какви што  поновата американска политика не памети. Новинарот на Fox News, Крис Вoлас, кој ја организираше претседателската дебата во шест тематски целини од по 15 минути, имаше неблагодарна задача да ги спречи страстите што вриеja, и коишто на самиот почеток ескалираа над границите на добриот вкус.

Иако оваа година на првата претседателска дебата нема победници, поразените се јасни како денот; повеќе од 100 милиони Американци го истрпеа ужасот  од едвај гледливата  програма преку нивните мали екрани.

Беа тоа 90 огнени минути  во коишто фрчеа напади ad hominem, какви што  поновата американска политика не памети.

Новинарот на Fox News, Крис Вoлас, кој ја организираше претседателската дебата во шест тематски целини од по 15 минути, имаше неблагодарна задача да ги спречи страстите што вриеja, и коишто на самиот почеток ескалираа над границите на добриот вкус.

Претседателот Доналд Трамп изгледаше дека за нијанса поуспешно се снаоѓа во дебатата, но поради постојаните упади во говорите на неговиот противкандидат Џо  Бајден, беше предупредуван во неколку наврати, поради што неговата тактика ја изгуби ефективноста.

Првите анкети покажаа дека гледачите со мало мнозинство веруваат дека Бајден е победник на дебатата. Но, вреди да се потсетиме дека Трамп беше „губитник“ на дебатата и во 2016 година, па тој сепак успеа да освои 270 електори колку што беше потребно за влез во Белата куќа. Прашањето од милион долари сега  е – дали дебатата ќе влијае на резултатот од претседателските избори? Тешко. Особено ако се земе предвид фактот дека до почетокот на синоќешната дебата, милион Американци веќе ја исполнија својата граѓанска должност, во оние држави што им нудат на регистрираните гласачи можност да гласаат порано. Сепак, анкетата на Reuters и Ipsos, спроведена меѓу 22 и 24 септември, покажува дека околу 17% од гласачите на Бајден и Трамп се подготвени да се премислат. Ним може да им се придружат и 9% од неопределените регистрирани гласачи, кои очигледно нема да дадат свое мислење до 2 ноември, ден пред изборите. Подолу извлекуваме пет заклучоци по првата претседателска дебата.

Модераторот не успеа да ја менаџира дебатата

Можеби беше наивно да се очекува еден водител, без оглед на неговите квалификации, самостојно да успее да ги спречи тензиите и личните напади на двајцата кандидати, но на Крис Волас едноставно тоа не му појде од рака, поради што дебатата беше на работ на гледливоста.

Очекувањата од Крис Валас беа дотолку  поголеми затоа што неговото неодамнешно интервју со Доналд Трамп одекна како бомба, бидејќи тој му ги коригираше неточните факти на претседателот за време на разговорот во живо.

Она што особено се издвојуваше од вообичаената пракса вечерта на 29 септември  е фактот дека модераторот во неколку наврати му ласкаше на сегашниот претседател, но со доза на повеќе од очигледна иронија.

„Господине претседателе, ќе бидете многу среќни затоа што сега преминуваме на вашата омилена тематска целина: ред и закон “, рече Волас, обидувајќи се да го спречи Трамп да го прекинува  својот ривал.

Бајден одолеваше  некако на провокациите, но успеа и да ги загуби нервите

Главната тактика на Доналд Трамп беше да го испровоцира Џо  Бајден. Интересно, оваа тактика во нормални околности најчесто ја избираат „предизвикувачите“, а не актуелни претседатели, со што Доналд Трамп го призна болниот факт: дека е свесен до кој степен заостанува зад својот противкандидат во предизборните анкети.

Тактиката на Бајден беше да се држи до фактите и да не биде жртва на провокациите на Трамп, што го  одработи горе – долу успешно.

Во неколку наврати, сепак, тој ги загуби нервите, па го нарече својот противник „кловн“, па дури и му рече да „ја затвори муцката“, поради што набргу му се извини.

Бајден се дистанцираше од „демократскиот социјализам“

Штабот на Трамп со недели го плаши својот електорат со „духот на демократскиот социјализам“ кој ѝ се заканува на Америка доколку победи левицата, па затоа требаше и да се очекува дека Бајден ќе се осврне на тоа.

„Јас сум Демократска партија и моментално ги избирам нејзините цели“, решително рече Бајден и реагираше кога Трамп се обиде да го поврзе планот за здравствена заштита на Бајден со Берни Сандерс.

„Факт е дека јас бев тој што го победи Берни Сандерс“, истакна  тој прее гледачите.

„Не многу уверливо“, одговори Трамп, на што Бајден ги потсети Американците дека освоил 2.600 делегати на прелиминарните избори во Демократската партија, двојно повеќе од неговиот главен ривал, демократскиот социјалист Берни Сандерс.

Даночната пријава на Трамп не беше „ѕвезда на вечерта“

Со оглед дека само 24 часа пред првата дебата беше објавен бомбастичниот напис на New York Times во којшто се откриваат наводни даночни затајувања на Трамп, се очекуваше прашањето за неговите даночни пријави да ја засени целата вечер.

На тоа во прилог му одеше и објавувањето на даночната картичка на Бајден непосредно пред официјалниот почеток на дебатата. Од апликацијата што ја поднесе во 2019 година, може да се види дека поранешниот потпретседател платил скоро 300.000 долари  федерални даноци само во 2019 година.

Но, тоа сепак не се случи. Барем не во очекуваната мерка.

Џо Бајден накратко ја спомна сумата од 750 долари, колку што  Трамп уплатил во федералната благајна  во 2017 година, но тој всушност не успеа да го „закопа“ Трамп со тој аргумент дека е лош бизнисмен.

Само неколку минути подоцна, модераторот Крис Волас исто така го праша Трамп колку точно даноци платил, а актуелниот претседател им рече на гледачите дека ‘плаќа милиони долари’.

Бајден, затоа, се определи за тактиката да се претстави себеси како „човек на народот“, осврнувајќи се на неговото растење  во Скрентон со кое сакаше да им се приближи  на белите работници од Пенсилванија; на оние кои им свртеа грб на демократите во 2016 година гласајќи за Трамп.

Слабата точка на  Трамп е Ковид – 19 кризата

На дебатата, уште еднаш беше потврдено дека катастрофалниот одговор на федералната влада на пандемијата на коронавирусот, кој досега однесе повеќе од 200.000 американски животи, е најголемата тежина за администрацијата на Трамп и сериозна закана за неговите шанси за реизбор.

Но, дури и во дебатната ноќ, неговиот ПР тим не подготви кохерентна стратегија за обвинувањата што навистина можеа да се очекуваат.

Бајден го потсети Трамп дека пред неколку месеци им предложи на Американците да пијат средства за дезинфекција, но американскиот претседател повтори дека станува збор за сарказам.

Поранешниот потпретседател го нападна  Трамп и поради неговиот скептицизам кон носење заштитни маски во јавноста, а се осврна и на партиските конвенции на Републиканската партија, на коишто симпатизерите на Трамп не ја почитуваат ниту физичката  дистанца.

Continue Reading
интервју3 дена ago

Стојче Тасков: Нашата мисија е да обезбедиме брзо и ефикасно управување со документи и информации

технологии / компании5 дена ago

Ѓорги Самарџиев: Создадовме иновативно решение за многу поедноставна конструкција на кровни градини

економија3 дена ago

Позајмени 700 милиони евра по најниска камата досега

интервју3 дена ago

Џулијан Васало: Одблизу ја следиме борбата со корупцијата и криминалот: Бараме опипливи резултати!

економија4 дена ago

Се менува регулативата: полесен пристап до државна помош за нови инвестиции

економија6 дена ago

Излегоа финансиските биланси: хотелските компании со приходи помали и за 90% лани

start up3 дена ago

Милан Димитриевски: Ја почнавме новата инвестициска програма

lifestyle3 дена ago

Стив Кејс: Упорноста не е гаранција дека ќе успеете во нешто, но без неа, сигурно нема да успеете.

менаџмент / маркетинг3 дена ago

Не поставуваат прашања само оние што интервјуираат. Еве што можете и вие да го прашате вашиот потенцијален работодавец

економија3 дена ago

Приходите на хотелските компании и до 90% помали во 2020